Во врска со НРЕ можеби кога си читала за тоа сеуште е бил во многу рана фаза и не е постојал друг извор освен официјалната документација да го објасни на поинаков начин. Верувам дека сега да се заинтересираш ќе ти се разјасни.Читав некаде околку NPE и како Котлин се справува со тоа, ама искрено не разбрав, во моментот не бев многу заинтересирана па не обратив внимание.
Околу точките 3-4 не знам баш, многу голем чекор е тоа, а и да се деси ќе треба многу време. Може го претставија како официјален јазик за Андроид ама колку ќе им треба да развијат стабилно апи? Додуша и тоа за Јава не е којзнае колку стабилно али ајде
Предноста кај Јава е тоа што утре нема работа за Андроид, топ, се префрлам работам веб без проблем. Кај Котлин цврц.
Ќе седнам утре најдов едно проектче во Котлин ќе го разгледам.
Не е битно дали ќе се деси или не, Котлин наспрема Јава е исто како "Once you go black.." Значи утре ќе седнеш ќе подразгледаш некое проектчре, друг ден ќе седнеш ќе напишеш два три реда код, оп после некое време твое проектче и крај на Јава не се вракаш држи ме за збор за ова.
А за предноста што ја напиша за Јава воопшто не се согласувам. Развивањето Андроид апликации со Јава и пишување бек енд е многу различно. Јес дека е исти јазик и веќе ги знаеш неговите парадигми после одреден период ама моментално постојат еден мал милион подобри алтернативи од Јава за таа намена веќе кога збориме за веб. Би било погрешно да се насочиш општо само на еден јазик, а посебно не за таа причина што ја наведе ти. Ако сакаш алтернативи толку со еден единствен јазик како алатка за програмирање секакви апликации научи Јаваскрипт и кодирај и Андроид и ИОС и веб и фронт и бек енд и декстоп веќе со Електрон и не знам кој друг палац да го набројам.
Не те убедувам повеќе ќе чекам да ме цитираш и да ми кажеш за колку светлосни години побрзо заврши Андроид проект со Котлин иако немаше предходно искуство со него.