Голема радост! Отсега и корисниците од Македонија можат истовремено со остатокот на светот да го следат The Grand Tour (новата емисија на поранешните водители на Top Gеar). Ова го овозможува глобалната достапност на услугата Amazon Prime Video. Официјално од денес Prime Video е достапен во над 200 држави ширум светот.
Платформата ќе овозможува следење на видео содржина. Дел од оваа содржина, како Кларксон и дечките од Top Gear, е достапна ексклузивно на Amazon Prime Video. Цената за претплата е речиси симболична. Во првите 6 месеци Prime Video е достапен за само 3 евра, а потoа претплатата е 6 евра.
„Возбудени сме да најавиме дека од денес целиот свет има пристап до Prime Video. Grand Tour и останатите Amazon Original Series како Transparent, Mozart in the Jungle и The Man in the High Castle, заедно со стотици холивудски филмови и ТВ серии сега се достапни за само 3 долари.“, вели Тим Лесли, заменик претседател на Prime Video.
Интересни функционалности за време на гледањето на серија или филм преку Amazon Prime Video е тоа што добивате комплетна интерактивност, па така додека го гледате новото шоу на Џереми Кларксон, може и да ја прочитате неговата биографија од IMDB со едноставен клик:
Со ова Prime станува и глобален конкурент на Netflix. Според првичната најава, Prime нема да ја локализира содржината по пазари, со што може да стане проблем за локалните станици. Корисниците секако ќе сакаат да следат актуелна и квалитетна содржина, наместо турски серии и репризи. Како ова ќе се одрази на пазарот во регионот и пред сѐ Македонија, особено во моментот кога и локалните провајдери играат на оваа карта со своите услуги како Vip Now на Vip и MaxTV Go на Телеком, засега е тешко да се претпостави, но времето ќе си го покаже своето…
Текст преземен од IT.mk