All Star натпревар во Кавадарци 2009

Статус
Затворена за нови мислења.

Кавадарчанец

Бадр Хари фан
Член од
18 декември 2007
Мислења
4.156
Поени од реакции
28
Олстар-дуелот на најдоброто што во моментов го има македонската кошарка ќе се случи кон крајот на месецов, на спектаклот ќе бидат вклучени и многу други легенди од повеќе спортови, а целокупниот приход ќе биде дониран за помош на тие на кои им е неопходна.
Во улога на главен организатор годинава е Врбица Стефанов, новоименуваниот директор на сениорската репрезентација, кој ветува голем спектакл и кој ќе има хуманитарен карактер. Целокупниот приход од олстар-натпреварот во Кавадарци ќе биде дониран на сметка на хендикепирани и болни лица, на кои таа им е неопходна, а чии имиња дополнително ќе бидат одредени и објавени.

- Сакаме да направиме спектакл во кој ќе уживаат љубителите на кошарката во Македонија, а кој истовремено ќе помогне за ублажување на маката на одредени луѓе што се соочуваат со нерешливи финансиски проблеми. Се обидувам да доведам што е можно поголем дел од репрезентативците што играат надвор од државата, што верувајте не е лесна работа. Поради тоа сé уште не сме го дефинирале точниот датум на кој ќе биде одржан олстар-мечот, но тоа дефинитивно ќе биде по одигрувањето на последното коло од есенската полусезона - вели Стефанов.

Дуелот на најдобрите македонски кошаркари треба да биде само централниот дел од спортскиот спектакл во Кавадарци. Идејата на популарниот Врба е во салата „Јасмин“ на едно место да собере што е можно поголем број македонски легенди, без разлика од која спортска дисциплина. Неговиот план е тие да ги одмерат силите во мал фудбал, додека кошаркарските ветерани би одиграле партија баскет или, пак, би шутирале тројки.
- Целокупниот спектакл ќе биде организиран во соработка со Советот на општината Кавадарци, а ќе биде искористен и за прогласување на најдобрите во изминатата година во овој град. Ќе се потрудиме да ги собереме легендите и на кавадаречкиот и на македонскиот спорт. Правиме напори да направиме македонските љубители на спортот да уживаат два-три часа во мајсториите на луѓето што некогаш, а и денес им носат радости на спортски план. Ќе видиме што ќе успееме да реализираме. Важно, намерите ни се чесни, а желбата голема - завршува Стефанов.

Ова ќе биде четврти по ред олстар-меч по обновувањето на традицијата, која во минатото периодично беше практикувана. Првиот беше во Скопје, потоа во Виница, додека лани најдобрите македонски кошаркари беа собрани во Свети Николе.

Според неофицијални извори овој настан ке се одржи на 25 декември непосредно пред Нова Година.:helou:

П.С Повелете во сите во Кавадарци на добра забава и дружење:smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom