Alfa Romeo Giulietta 2010-2015

Член од
10 мај 2021
Мислења
4
Поени од реакции
2
Здраво,
ја отворив темата бидејќи сум во план да купам Alfa Romeo Giulietta, но сакам да знам нешто повеќе од тие што имале некое искуство со овај автомобил или нешто слично.
И ме интересира како се движи цената за царина на овај автомобил.
поздрав
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
8.583
Поени од реакции
11.115
Ako e dozvoleno na forumov, bi stavil link od srpski forum za Alfa Romeo. Imaš tamu sve što ti treba...
 
Член од
4 мај 2007
Мислења
597
Поени од реакции
205
Здраво,
ја отворив темата бидејќи сум во план да купам Alfa Romeo Giulietta, но сакам да знам нешто повеќе од тие што имале некое искуство со овај автомобил или нешто слично.
И ме интересира како се движи цената за царина на овај автомобил.
поздрав

Јас имам Џулиета 2013 2.0jtdM 170ks. Пред скоро 2ипол години ја донесов од Германија и царина ме кошташе околу 1500 евра, не се сеќавам точно. Од тогаш до сега царината за половни возила е доста поскапена.
Внимавај на турбото, автоматчињата за двозонската клима (ако работи, односно ги прати командите за темепратура на двете страни, 99% е веќе сменето. Промената на овие е многу глупава и скапа. Делчињата се евтини ама се растура буквално цела табла).
Пред 3 недели правев голем сервис и деловите не се скапи, но мајсторите и работната рака е скапа. Мајсторот ми зема 4500 денари за работна рака :cautious:
Околу потрошувачка, кај мене е околу 10 на 100 но не пазам на тоа, често просечната се качува и до 13/100.

Ако те интересира уште нешто слободно прашувај :)
 
фала братче на одговорот
размислував за 1.6 jtdm 105ks 2010
само незнам дали е добар мотор во мк ги нема многу и колку би коштала царината за истата увезена од Бугарија
 
Немам искуство со тој мотор, ниту па познавам некој што го вози. Дека не се вози тој мотор, грешка си, само кај мене низ маало имам видено 4-5 такви.
Како што ти кажа и Ѓоко погоре, прочепкај по српски и англиски форум, секакви информации ќе најдеш.
Околу царината, најди возило запиши број на шасија и јави се во царина,би требало да ти дадат некоја приближна сума. Моја претпоставка од 1000 до 1200 евра царина
 
Kajgana Shop

На врв Bottom