Alfa Romeo - 164

Кој тип на Алфа Ромео 164ка поседувате?

  • 2.0 L TS I4

    Гласови: 1 25,0%
  • 2.0 L I4 Turbo

    Гласови: 0 0,0%
  • 2.0 L V6 Turbo

    Гласови: 0 0,0%
  • 3.0 L V6

    Гласови: 3 75,0%
  • 2.5 L I4 TD

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    4

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Алфа Ромео 164 е автомобил од висока класа, кој за прв пат е преставен во франкфурт во далечна 1987 год.
како наследник на моделите: Алфа 6, 90 и Алфета, се произведуваше во различни верзии се до 1998 кога престана да се произведува и како наследник на 164 беше 166ката.


Од 1983 како што можев да прочитам на интернет започнале да размислуваат за овој модел 164ка, на почетокот е тестиран во екстремни климатски услови како Африка и Шведска.

Значајно е кај овој автомобил е тоа што е развиен додека Алфа Ромео беше самостоен и независен од Фиат групацијата. 164ката е и прв модел кој е направен на преден погон што е изворедно добар потег но од оние страсни спортски возачи, пишуваат дека би било сосема подобро доколку би бил на заден погон.

За дизајнот секако е задолжен е славниот Pininfarina, кој предходно го дизајнираше Ферари, модел - Testarossa, доколку го погледнете одблизу и внимателно ќе можете да воочите дека алфа ромео 164 има и некоја идејно решение од ферари.

Исто така Алфа 164 дели и компјутерски дизајнирана платформа со Lancia Thema, Fia Croma и Saab 9000.

Алфа ромео 164 исто така од сите тие погоре напишани е најаеродинамичен и за него исто така особено е да се истакне дека има предно вешање.

Се смета дека Алфа 164ка е прва од технолошките напредни Алфи и е технолошки и дизајнерски предходник на сите Алфи модели до тоа време.

Со моделот Алфа ромео 164 за прв пат по многу години е направен голем чекор во однос на квалитетот на производството, како поцинкувани, челични рамења и делови од каросеријата исто така и решавањето на проблемите со рѓата, што еве и кај мене нема грам рѓа иако е од 95та година.

Интересно е да се напомене дека моделите од 92ра година па натака носат висока опрема а да се напомене дека во тоа време реткос било да се има клима уред, исто така и електронско управување на вешање кој допринесува за постабилно возење и преставува идаален компромис помеѓу спортско и удобно вешање.

Алфа ромео 164 поседува неколку типа на мотори:

2.0 L TS I4 (petrol)
2.0 L I4 Turbo (petrol)
2.0 L V6 Turbo (petrol)
3.0 L V6 (petrol)
2.5 L I4 TD (diesel)

Исто така да се напомене дека има по две свеќици на секој цилиндер и за тоа време Алфа моторите биле врв во технологијата што подоцна резултираше да се вградуваат и во поновите модели на Алфа Ромео.

Моторите се тестирани на преку Милион километри во најсурови услови во Африка и Мароко.

Да се напомене дека и тогаш во 1986 година е тестирано возилот на електромагнетна стабилност, за кое во тоа време беше необично и сосема неразумно. Што подоцна го прифатија и тоа другите марки на автомобили кои денеска го прават тој тест.

Интересен е моделот кој е спортска верзија со 230 коња, мотор 3,0 V6 24v - Quadrofoglio

alfa04.jpg
alfa94.jpg
alfa-romeo-164-2.jpg
alfa-romeo-164-12.jpg
Alfa-Romeo-164-CC-236-eng-670x446.jpg
alfa-romeo-164-cloverleaf-v6-58623_304340dffacf9edb_858x617_0.jpg
alfa-romeo-164-interior-1.jpg
alfaromeo164-l-99bc8a969a642ac0.jpg
alfa-romeo-164-v6-tuning-2.jpg
AR1644.jpg

Ова е мојата Алфица :D која патем е фрабрички спуштена и со највисока опрема.

13876671_976540575799214_3857483046768396517_n.png

Кога сакав да зимам да разгледувам коли сакав нешто што не е секојдневно и што ќе ми ги врши сите мои потребни. Гуглајќи на интернет ја начекав 164кава иако тогаш имав веќе 156ка која е 156ката е навистина нежно возило не е за овој тип на патишта. Ја земав оваа 164ка која мајсторите во секој поглед ми кажуваа негативни ствари како демек нема делови за неа премногу се скапи и таков тип на моабет. Откако разговарав со луѓе кои ја имаат сфатив дека е изворедно возило, го купив и не се покајав, а верувам дека и нема да ја продадам. За ефитини пари добивате огромен плус и автомобил од висока класа.

Иако препоставувам дека можеби нема моментално некој на форумов со 164ка но доколку имал веќе нека сподели свое мислење во врска со автомобилот предности - мани и слични работи. Веќе има неколку што се на оглас, јас две знам што се во одлична состојба а се продаваат така да доколку сака некој може да му дадам контакт. и сл.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
H

HoT IcE

Гостин
Ја си фурам Алфа 146ка и неможам да кажам лошо. Ми троши 6 до 6ипол градска вожња. Дизел иначе.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Тие се големи загадувачи и не се сигурни возила.
Стари возила се чуваат како експонати а не се користат во секојдневието.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.857
Тие се големи загадувачи и не се сигурни возила.
Стари возила се чуваат како експонати а не се користат во секојдневието.
Ама тоа во државите каде граѓаните имаат за нови сине.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Ама тоа во државите каде граѓаните имаат за нови сине.
Тој што нема пари може да вози точак, или да се вози во автобус а во случај на потреба да користи и такси. Многу поекономично, одколку да се вози стара кола.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Тој што нема пари може да вози точак, или да се вози во автобус а во случај на потреба да користи и такси. Многу поекономично, одколку да се вози стара кола.
Пф колку само не тие точно демек поекономично било со такси. Ко прво пример за јас од дома до работа мие такси 280 ден. Со мојата кола одам и се враќам до дома со 70 ден. Што е поекономично? Автобусот колку мие? 75 ден и плус ќе чекам и пак ќе морам да одам пешки 5 км а ако нејќам плус 70 ден. Така да се исплаќа ако тие работното место на 10 мин пешки.[DOUBLEPOST=1470415260][/DOUBLEPOST]
Што имаш од опрема?
Клима - климатроник
Седишта на копче напред - наза, горе, долу.
Греачи на седишта
Ретровизори на копче
Стабилност на возилото тоа погоре што го пишав неам појма како е правилно.
ABS
Кожни седишта
Дрвен - лакован волан ваљда таков ќе да е.
Airbag - два, еден на волан друг на совозачко седиште.
 
Последно уредено:
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Пф колку само не тие точно демек поекономично било со такси. Ко прво пример за јас од дома до работа мие такси 280 ден. Со мојата кола одам и се враќам до дома со 70 ден. Што е поекономично? Автобусот колку мие? 75 ден и плус ќе чекам и пак ќе морам да одам пешки 5 км а ако нејќам плус 70 ден. Така да се исплаќа ако тие работното место на 10 мин пешки.[DOUBLEPOST=1470415260][/DOUBLEPOST]
Клима - климатроник
Седишта на копче напред - наза, горе, долу.
Греачи на седишта
Ретровизори на копче
Стабилност на возилото тоа погоре што го пишав неам појма како е правилно.
ABS
Кожни седишта
Дрвен - лакован волан ваљда таков ќе да е.
Airbag - два, еден на волан друг на совозачко седиште.
Регистрација...окулу 10 000денари,
Сервиси- кој знае колку ијлада денари.
Сигурност и доверливост на возилото 0%,
Загадување максимално.
Деца болни од астма - загарантирано,
рак на бели дробови- возможно,
Опрема - неработи
итн...
Дали го разбираш моментот :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom