Александар Македонски

  • Креатор на темата Креатор на темата GoD.HateUSaLL
  • Време на започнување Време на започнување
Александар Македонски одел секогаш на чело, прв во битка со своите војници.
И не носел шлем.

Зошто го правел тоа?

Одговори сериозно на прашањето.
тој носел шлем.
Александар Македонски
-Плутарх
16. Битката кај Граник
.....Во тој миг дојавле заедно и двајца војводи, Ресак и Спитридат. Едниот го избегнал, а се нафрлил на Ресаки го удрил по оклопот; во таа пригода му се скршило копјето, па морал да го извади мечот. Кога тие двајцата се судриле, Спитридат го свртел својот коњ малку на страна, па во исто време се исправил и со сета сила замавнал со својот персиски меч: му ја кутнал перјаницата со едното перо, а шлемот одвај го издражал ударот и тоа така што острата страна на мечот ги допрела краевите на кралската коса.....
 
AМЕРИКАНСКИ ИСТОРИЧАР ПОВТОРНО ГИ НЕРВИРА ГРЦИТЕ СО АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ


Александар Македонски не можеше да им прости на Грците и брутално ги казнуваше за секоја грешка.

aleksandar-kniga-209x300.jpg
Вака меѓу другото, пишува во својата книга „Александар Велики: Теми и проблеми“ познатиот американски историчар и професор на универзитетот во Арканзас, Едвард Енсон. Книгата ќе се појави во печат во април годинава.

Енсон е познат во грчката заедница во САД по нивните неуспешни обиди да го натераат да ги смени своите тези дека античките Македонци биле засебен, па и сосема различен народ од античките Грци.
Енсон првпат го предизвика гневот на Грците, кога во 2004 година ја објави книгата „Евмен од Кардија: Грк меѓу Македонците“.

Книгата се однесува на кралскиот секретар на Александар Македонски, Евмен, кој по смртта на кралот се обидел да се дограби до власта врз териториите на Блискиот исток. Професорот Енсон во книгата докажува дека, неуспехот на Евмен се должи на тоа што Македонците не го прифатиле Евмен затоа што бил Грк.


http://mkd-news.com/amerikanski-istorichar-povtorno-gi-nervira-grtsite-so-aleksandar-makedonski/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom