... првенствено моето мислење за најголемиот албански остров- Сазан, беше како тоа Еди Рама продава земјиште и каде одат парите на народот, па потоа испадна дека не го продавал туку дозволувал само инвестирање во тоа земјште (остров) со што во Албанија ќе влегле милјарди долари и ќе се отворат илјадници работни места, за да на крај испадне дека сето ова е геополитичка работа за превласт на стратешко место помеѓу Отрантската Врата и влезот во Валонскиот Залив меѓу Јадранско Море и Медитеранот- Јонско Море и градење највероватно воена база, финасирана од богатиот арапски свет сојузници на Израел и САД!
... островот Сазан, островот на воени бункери на Енвер Хоџа ( функционален од 1946 до 1991 година) типичен армиран бетон во форма на печурка со тесен отвор за набљудување, подземни тунели и магацини за оружје) порано овеќе од 3.000 војници живееле тука во исто време, со доволно храна, муниција и гориво за шест месеци.
... но, нема да ја гледаме страната на природната убавина, највише сончеви часови и одмор на цела фауна во преселбата на југ, фламингоси и други едемски врсти, туку од страна на тие 3600 бункери, мински полиња и подземни тунели, екс воени складишта и што уште не подземно објекти како болница, училиште, кино, подземни просрории дизајнирани да издржат дури и нуклеарни напади.
„ Оттаму можев да го контролирам Медитеранот до Гибралтар“ - познатата изјава на советскиот лидер од времето на Студената војна, Никита Хрушчов, во 1958 година, за време на посетата на подморничката база Пашалиман, во заливот Валона, каде што се надевал дека ќе инсталира ракети со долг дострел и воени бродови.
... веднаш ме потсети на Кемп Бонстил во Косово, Сазан има исклучителна геостратешка локација, контролирајќи ја Отрантската Врата — влезот во Јадранското Море,дежаву тактика, вети и дај им го на албанското население тоа што тие го посакуват, а во позадина воена база, впрочем така и Србија го изгуби Косово!
... Еди Рама веднаш направи законски промени во Собранието и Владата го променила законот за заштитени подрачја за да дозволи вакви приватни градби на островот, тврдејќи дека целта е економски развој, а мене повеќе ми е за развој како воена база добивајќи воена контрола врз поранешен строго доверлив воен остров на Балканот за скриена воено-политичка моќ или идна американска воена инфраструктура на НАТО, оти Сазан бил веднаш до активната албанска поморска база Пашалиман (каде денес патролирал НАТО), што дополнително ја засилува воената конотација на регионот, јасно како ден, од сите убавини на Флорида (Мајами), Хаваи се заинтересирале за убавините за напуштен миниран албански остров како да не, кхх, кххх, кххх!
... Кушнер бил виш советник во Белата куќа, откако ја напуштил својата владина позиција, тој ја основал компанијата „Афинити партнерс“, која поседувала 3,1 милијарда долари и добила поддршка од инвеститори од државите од Блискиот Исток, вклучувајќи околу 2 милијарди долари од Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија.
... Кушнер истражувал можности за инвестирање во обновлива енергија, центри за податоци и вештачка интелигенција со што американските медиуми изразиле загриженост за етиката на таков договор, бидејќи „Афинити“ се потпирала на името на Трамп и политичките врски направени за време на неговата администрација за да склучува договори во странство.
... албанските медиуми кои ја критикувале Владата го сметала договорот за „план Б“ за премиерот Рама во случај Трамп повторно да ја преземе Белата куќа, како номинален левичар Еди рама во
блиски врски со американскиот активист милијардер Џорџ Сорос и неговиот политички поглед на светот,
Рама бил природно поврзан со демократите на претседателот Џо Бајден и бил еден од првите критичари на Трамп и сега ги ублажил своите ставови откако бил избран за претседател (лицемерие Par excellence).