Adobe Photoshop - совети, туториали, помош

  • Креатор на темата Acid
  • Време на започнување

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.386
Го средив прилично добро до последната слика,тука сега на крај не го разбрав вика there is no easy way to explane this just play with the brush strokes on a new layer делов не ми е јасен. Има ли пократок пат со попрости ефекти да дојдам од претпоследната слика до последната? Значи ми треба оној old rough image effect пример да ја сејфувам до пред крај и после да ја отворам како нов документ и да го додадам тој rough ефект.
тоа ти е последниот ефект значи оние пукнатини. Тоа можеш да го направиш со brush ако имаш таков, или ке извадиш слика некоја old paper ке ја ставиш како прв леер одозгора, Strach на цел формат и ке ја ставиш blend mode на Multiply или Colour burn тоа зависи дали сакаш поизразено или не.
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Не сум многу многу по фотошопот ама знам некои основни функции, само мала помош ми треба. Нешто кликав по грешка и ми се појавија цртиве, како да ги тргнам?

 
Член од
27 август 2011
Мислења
100
Поени од реакции
144
Не сум многу многу по фотошопот ама знам некои основни функции, само мала помош ми треба. Нешто кликав по грешка и ми се појавија цртиве, како да ги тргнам?

Ctrl + '
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Me2
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.051
Поени од реакции
12.936
Сега симнав Фотошоп и чачкам по функциите, дознав некој работи ќе чачкам уште, ама за утре ми треба да научам слика друга како да ставам, тоа да сечам и такви работи. Па да ми каже некој каде се наоѓа таа функција, досега што чачкав не најдов, а баш тоа ми треба

П.с. Нека пише некој само на брзака, а ќе читам друг ден на раат ова посебнава тема од Комита Ултрас каде што све си е стокмено за Фотошоп почетници
 
Член од
15 јануари 2013
Мислења
11
Поени од реакции
0
Дали е многу коплицирано симнувањето на фотошоп? Многу сакам да го користам но не знам дали ќе успеам да го симнам. Од каде треда да го симнам? Има ли некои услови за да работиш на него. Треба ли нешто друго претходно да имаш инсталирано? Ве молам помогнете ми, навистина сакам да го користам, премногу..
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.329
Поени од реакции
27.873
Дали е многу коплицирано симнувањето на фотошоп? Многу сакам да го користам но не знам дали ќе успеам да го симнам. Од каде треда да го симнам? Има ли некои услови за да работиш на него. Треба ли нешто друго претходно да имаш инсталирано? Ве молам помогнете ми, навистина сакам да го користам, премногу..
Како и секоја малку посложена апликација. Не треба да имаш ништо инсталирано претходно, ама треба да имаш хардвер со добри перфоманси, ако ти е за да тепаш време и не се занимаваш професионално можеш и на минимална конфигурација да го тераш. На јутуб ќе си најдеш туторијали за се што ти треба.
 
G

garthok

Гостин
Со кои филтери (како) да го постигнам овој ефект? Или некој туторијал.
 
Член од
17 јули 2013
Мислења
32
Поени од реакции
1
Здраво,сакам да користам premier cc и photoshop,одовде сигурно има некој со искуство со торентиве,оти симнав еден торент ги следев чекориве ама напрајв еден погрешен чекор.Имаше едно програмче disable_activation.cmd и тоа сега не ми дозволува да го уклучам adobe со интернет за да го verify кодот и секој пат кога ке инсталирам исто ми дава 7 дена, а после тие 7 дена престанува да работи програмата.Дали некој знае програмче за да можам да го "приклучам" adobe со интенетов?
фала однапред :D
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.951
Дечки, треба да направам банер во фотошоп кој подоцна ќе се принта. Пред да почнам да го правам, при отварање на фотошоп кој мод да го користам RGB или CMYK? Дали е битно уште од старт да го одберам модот зашто после со конвертирање ќе се заебам или сл? Графички дизајн за принт не сум работел никад.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.725
Поени од реакции
2.539
Ако ти е за принт, треба во cmyk, е сега кој профил зависи од печатницата каде ќе се печати. Најдобро со нив да се консултираш. Е сега, ако не користиш пантоне бои или слично, не е страшно ни како ргб да го правиш па потоа да го конвертираш.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.951
Ако ти е за принт, треба во cmyk, е сега кој профил зависи од печатницата каде ќе се печати. Најдобро со нив да се консултираш. Е сега, ако не користиш пантоне бои или слично, не е страшно ни како ргб да го правиш па потоа да го конвертираш.
Пантоне бои, кои се тие поточно?
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Дали и како може зумирана слика (малце матна) да се исчисти и да биде најнормална?
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.725
Поени од реакции
2.539
Пантоне бои, кои се тие поточно?
Пантоне се стандардни бои кои се користат во печатарската индустрија и отпечатокот со тие бои излегува идентично како на палетите за узорци. Без оглед како ти е тебе (и дали) калибриран мониторот. Плус има златни, сребрани, флуоресцентни и слични други бои кои не се дел од стандардните ргб или cmyk палети. Меѓутоа треба да провериш со печатницата дали користат такви бои.
Во секој случај консултација со печатницата каде ќе се печати, доколу е битно да биде прецизно одредена бојата.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.951
@moongoses
Работа што заборавив да те прашам уште тогаш. Резолуцијата дифолтна е 72 dpi, веројатно за принт секогаш мора на минимум 300 да ја ставам? На интернет има се' ова, али ми треба совет од некој што работел вакво нешто.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom