DUNE: PART TWO (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.021
Ne znam zoshto u rasprava za film se otide na licni kvalifikacii. Umetnosta ne e matrica ili sistem od pravila, nit sme na cas po istorija na umetnost ili pa praime obrabotka na literaturno delo na cas po makedonski jazik i literatura. Osobeno shto i u zhivot ne sum sretnal filmski kriticar, ako treba da se zeme nekakov reper ili standard, koj ne napishal subjektivna kritika, odnosno prvo trgnal od pravcite na umetnosta i po pat na dedukcija uspeal da dojde do odgovorot na toa dali fiilmot e dobar ili ne. Licno za mene za edno delo da se narece umetnost treba da ima nekakva vrednost ili znacenje koe kje go dozhiveam kako nekoe otkrovenie, kje mi ponudi vozhnja od tocka A do tocka B i pri toa kje znam zoshto me vozel, a u megjuvreme sum uzhival i u samata vozhnja.

Poentata na filmot e prilicno elementarna, a toa e patekata koja dva totalno sprotivni lika ja izoduvaat za da ja dostignat transformacijata koja kje gi 'sprijateli'. Celata taa pateka se sostoi od mnogu ironicni sceni, mnogu crn humor i mnogu tarantinovsko nasilstvo koe treba da go perdizvika wow efektot kaj publikata. Se na se ok filmce, nit mi smeta ako nekoj go plukal ili ako nekoj go obozaval, ona shto realno smeta e shto konkurencijata od godina vo godina e se poocajna. Ovaa godina licno mene nad se mi e Phantom Thread, pa i u top tri filmovi u godinata mi e. I lady bird ne beshe losh film, ne ocekuvav mnogu i ne dobiv pomalku od shto ocekuvav.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.502
Поени од реакции
33.648
Филм:Three Billboards Outside Ebbing Missouri (2017)

Страна 147:Толку од мене поздрав.
Страна 229:Јас кренав раце од дискусијава остани ми создравје.
Страна 380:Art=Fart
Страна 809580:Апсурдно е веќе да се дебатира со тебе на темава за Мизури биди ми поздравен.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Тежок просек. Можда после 4 години пишувам на темава или општо у подфорумов, па знам дека нема да ви биде битно мислењево.
Офтопик: Џимеј мораше да го поддржи Ио Соно за да не го зафркава за Милан.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.462
Поени од реакции
9.180
Го гледав филмов пред некој ден,тежок просек ,воопшто не ми се допадна.Го гледав филмов поради тоа што режисер е Martin Mcdonagh,а не затоа што беше хајпан.Можеби затоа што очекував сличен филм како In Bruges,драма со забеган хумор,постепено развивање на приказната,но ништо од тоа не видов во филмов,досаден филм.Ај филмов може мене не ми се допадна,на некој му се допаднал,ама стварно не можам да сфатам каде видовте хумор во филмов,стварно немаше еден дијалог како што имаше во In Bruges
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Nro

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.406
Поени од реакции
9.284
Чудно беше, ко да гледаш некоја добра драма и во исто време нешто ко демек обид за пародија на истата од некои осмооделенци и се тоа заедно напикано, каша попара во филмов, таман ќе се загледаш и замислиш и оп момент на што беше сега ова жити се, ама ок беше не беше до толку лош за 1 или 2, може една 6ка најдобро ќе му стои пошто и покрај се не беше досаден за да чепкаш на страна, се издржува до крај...
Или 7, јас 7 му ставив поради почит спрема Frances, му дава ниво на филмов и една две оцени погоре. Сепак необичен филм, уникатен да кажам не можам, ама не би го дала ко препорака на некој, онака ми е ко несигурен, непредвидлив, или будала ќе те направат со него или капа ќе ти симнат, што знам ептен треба некој да го знаеш па да му го дадеш ова да го гледа.. Драма не е, комедија не е...

А мене да ми го предложеше некој филмов, би му рекла дека не ме познава добро.
Ок ај иди сега гледај нискобуџетни хорори со рејтинг 2 :LOL:

Мене ме изненади ептен што луѓе што тука ги следам нон стоп и имам многу високо мислење за нив во врска со избор и оценувања на филм и бла бла му ставиле 10ки и 9ки, го изнафалиле и се изнауживале... Кој би рекол, шокирана сум. : )))
 
Последно уредено:
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Сентиментално насилство: кон филмот „Три Билборди пред Ебинг, Мисури“
26.02.2018 16:40

Книжевност / Филм
Румена Бужаровска

Американската писателка Фланери О’Конор (1925 - 1964), авторка на два романа и три збирки раскази што припаѓаат на таканаречениот жанр јужна готика, е речиси непозната кај нас – зошто? Бидејќи за разлика од другите држави во поранешна Југославија, каде што О’Конор го ужива заслужениот статус на неповторлива раскажувачка (најдобриот писател на раскази од неговата генерација, како што вели Курт Вонегат), таа кај нас сè уште не е преведена. Штета, зашто расказите на О’Конор не само што се генијални, туку нивниот специфичен локален идиом што го претставува американскиот југ на еден гротескен, мрачен, готски начин е подлогата за многу од филмовите на браќата Коен, а и последното остварување на Мартин Мекдона, Три билборди пред Ебинг, Мизури.

Земајќи го ова предвид, ќе се обидам накратко да објаснам како расказите на О’Конор го врамуваат овој филм, и конечно, зошто мислам дека крајот на филмот е неуспешен.

Дека филмот е инспириран од расказите на О’Конор не е само моја, субјективна интерпретација, туку јасен сигнал кој Мекдона ни го дава уште во втората сцена на филмот, кога Милдред Хејз (Френсис Мекдорманд) влегува во градската рекламна агенција откако ќе науми да ги купи билбордите за да ја оживее истрагата за својата сурово убиена и силувана ќерка. Таму го начекува Ред Велби, директорот на агенцијата, како со нозете качени на маса, ѕирка зад книгата раскази на О’Конор Тешко се наоѓа арен човек (насловена по истоимениот расказ). Со тоа се чини дека Мекдона ни ја дава рамката преку која може да го читаме овој филм.

Расказите на О’Конор, имено, следат една иста шема, во која дејствието се врти околу неостварениот пророк, пророкот што скршнал од патот (prophet gone wrong, го нарекува самата таа), но кој преку насилство ќе добие просветление и на таков начин ќе се врати на правиот пат и ќе ја исполни својата предодредена пророчка функција. И, иако овие приказни се во суштина библиски алегории пренесени на тлото на американскиот југ од втората половина на 20-от век, тие не мора да се читаат како верски поуки. На прво читање, насилството и гротеската што преовладуваат во нив навидум се косат со посветениот католицизам на О’Конор; но всушност, тоа насилство има јасна функција. Како што ќе каже таа:

„ ... што се однесува до моите раскази, сум забележала дека насилството на чудесен начин успева да ги врати ликовите во реалноста и да ги подготви за мигот кога ќе постигнат блажена состојба на духот. Толку се тврдоглави, што ништо друго не би ги мрднало. Оваа идеја, дека цената на враќањето во реалноста е висока, обичниот читател ретко ја разбира, но е имплицитна во христијанскиот светоглед“ (во Mystery and Manners, 1961: 112)

Овие насилни откровенија се одвиваат во сликовитиот пејзаж на американскиот југ, препознатлив по своите гротескни ликови и рурална заостанатост, кои треба да бидат комични: затоа во филмот имаме џуџе–алкохоличар што продава стари коли, мажествена пијана мајка која чува желка за милениче, силеџиски полицаец кој игра на „Чикита“ од АББА. Гротеската во филмот игра терапевтска улога (комична шок терапија, што би рекол Ди Ренцо во својата студија за гротеската кај О’Конор), и како таква не е целосно издржана, но тоа е веќе друга тема.

Како и во Три билборди пред Ебинг, Мисури, во расказите на О’Конор неостварениот пророк е најчесто самобендисан, груб, насилен, тврдоглав, неспособен за промена – навидум ужасно ригиден. Таков е, на пример, во расказот „Грбот на Паркер“, богохулниот истетовиран реднек кој треба да доживее редица просветленија и на крај да биде сурово претепан од жена си за да дојде до духовна благосостојба и да ја прифати својата улога на пророк; потоа, во „Чесни селани“ имаме докторка на науки по филозофија со дрвена нога и срцева маана која го мрази светот околу себе и не верува во Бог, но затоа ќе биде сурово измамена од еден лажен продавач на Библии (сетете се на насилниот продавач на Библии кој го глумеше Џон Гудман во Oh Brother, Where Art Thou од браќата Коен), во „Тешко се наоѓа арен човек“ просветление на крај доживуваат сериски убиец и една досадна и себична баба откако убиецот ќе го масакрира целото семејство на бабата... и така натаму.

Несомнено ќе препознаете дека пророкот во овој филм е полицаецот Џејсон Диксон (Сем Роквел). Го запознаваме како безгрижно возика и си ја певуцка каубојската песна „The Streets of Laredo“, пред да ги види билбордите на Милдред Хејз, каде што во дискусија со младичот кој ги лепи постерите, дознаваме дека е „лош“ полицаец. Наскоро дознаваме и дека е расист, дека измачувал Црнец во притвор, дека е агресивен пијаница кој напаѓа граѓани, но и дека живее со мајка му (мојата „маммама“ – пелтечи секојпат кога Милдред Хејз ја потенцира неговата машка неоствареност), а и дека „има добро срце“, како што вели шерифот Вилоуби (Вуди Харелсон). Всушност, единствениот човек кој верува во него е шерифот Вилоуби. Затоа, кога Вилоуби ќе се самоубие, Диксон го насочува својот крвнички гнев кон Ред Велби. Не случајно музиката која го придружува живописното, речиси извитоперено насилство (“His Master’s Voice”, Monsters of Folk) зборува за пророци (Мухамед и Исус) кои треба одново да ја напишат Библијата за новите генерации неверници:

Mohammed rolling dice with Christ at twilight
And they hear their master's voice, they run to do their chores
At master's calling.
Their job tonight, re-write the bible
For a whole new generation of non-believers.

Карикатуралното насилство што го врши Диксон го подготвува гледачот за крешендото кога врз самиот Диксон ќе биде извршено насилство за конечно да добие просветление. Откако ќе добие отказ, во празната полициска станица, слушајќи музика на слушалки, задлабочен во прошталното писмо од Вилоуби, Диксон е несвесен дека Милдред Хејз фрла молотови коктели во станицата, која гори (во Стариот завет, Бог му се јавува на Мојсиј во „капината што гори со оган, но не изгорува“). Диксон ги чита последните зборови на Вилоуби пред да биде насилно кутнат од експлозијата на последниот молотов коктел што го фрла Хејз: „ти имаш потенцијал на добар цајкан, зашто ти си добар човек во суштина, и ако продолжиш толку да мразиш нема да станеш тоа што сакаш да станеш: детектив, а тоа што ти треба за да станеш детектив, е љубов. За тебе ќе се сменат работите – знам“. Бум. Диксон доживува насилно откровение: го спасува досието на Ангела Хејз од пожарот (да, Ангела), и се фрла во огнот, надвор на улицата, каде што гори, но не изгорува.

Од овој миг наваму Диксон е променет човек и навистина ја игра улогата на детектив, кога се саможртвува за да го изгребе и со тоа добие ДНК од потенцијалниот силувач и убиец на Ангела Хејз, за што бидува сурово претепан (пророкот кој крвари за туѓо спасение). И откако ќе се утврди дека не се работи за истиот убиец, се чини дека дејствието паѓа и дека филмот потонува во една сентименталност која не му доликува на претходниот гротескен и суров тон, а и која баш и нема поента.

„Еј Диксон. Благодарам“, вели новиот Шериф (Црнец, се разбира, оти „работите на југов се сменија“, констатира претходно Диксон, во разговор со мајка му). Ова е моментот кога филмот се разлигавува. Се чини дека Фланери О’Конор, за разлика од Мартин Мекдона, барем знае да ја заврши приказната таму каде што треба – кај откровението, и да ја избегне сентименталноста на гитарчињата што нежно дрнкаат додека Диксон станува ценет од околината поради неговата добрина и посветеност, иако никогаш не го гонат кривично бидејќи го претепал Ред и го фрлил од прозор, ниту пак за тоа што на секретарката ѝ удрил бокс во нос. Ние, гледачите, на страната на преобратениот пророк Диксон и правдољубивата и одмаздољубива Милдред Хејз, гледаме како сцена по сцена ликовите сентиментално се збогуваат со својот пејзаж (китнеста слика од празна лулашка што едвај се клацка на ветрето), со своите заспани сакани, па и со својата етика, додека во позадината плачливо мјаука кантри-фолк гласче. Тргаат на пат, каде што не знаат што ќе направат. Но патот се чини завршен – трансформацијата на Диксон е постигната, според тоа, симболичното отварање на ново патешествие, нова одисеја во која треба да се имаат нови просветленија, на самиот крај на филмот – наративно не држи вода.

Иако Три билборди пред Ебинг, Мисури е сепак интересен филм (прилично добар, но не одличен, поради наративната несоодветност и непотребната сентименталност), не се споредува со издржаноста, комичноста и колоритноста на филмскиот јазик на браќата Коен кога се инспирирани од расказите на О’Конор. Сепак, за вистински да се нурнете во светот на фанатиците и фриковите на американскиот југ што критички и мајсторски го слика Фланери О’Конор, ќе треба да ја прочитате. Се надевам дека во скоро време ќе ги видиме нејзините раскази на македонски јазик.

https://okno.mk/node/69895
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626

Вот и Џимеј кажаа 2 пати повеќе во 5 пати помалку текст од оваа.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ок филмче да врти нон стоп на Скај Нет, Сител 3, Канал 5+, Едо, Крт и остала багра непостоечки телевизии. Филм прв фаворит за Оскар, жими курот.
На моменти тешка драма, си викаш океј е ќе има лигавење нешто тешки судбини ау, следна сцена непотребна, таа после неа со глупоштина од џандарот, четврта со очаен обид за хумор, петта дечкото и вика на мајка му стара курво или нешто слично оваа му вика не сум стара ехехехехехе.
Во еден момент се осеќаш ко да глеаш Американ Пај со таа 19 годишната девојка на бившиот маж на оваа. Океј е, не знаеш кај тера филмов и што сака да каже. Тирион како мексиканец, абе ајде не ме јеби...... Овој као му зема днк на тој братот, магија му праи и гррррррррк го гребе за образ. Оваа цела станица запали, 0 истрага, нема врска јако дело полициска станица е запалена.
Пун курац клишеа, ако веќе тераа клише можеа да го остаат овој будалава од џандар сам да го најде убиецот и да испаднеше херој па на крај со медал оф хонор тука да го пречекаа цело градче, црнецот началник да му се извинеше а на билбордите да имаше нешто некоја курова порака ау бидете среќни и сите си живееа среќно и весело до крајот на животот, аутсајд ебинг, мизури.

Па и Вуди Харелдсон номинација за Оскар пошто умре од рак у прва третина од филмот и пошто читаше срцепарателни писма пуни обиди за хумор. ехехех Вуди овде, мртов сум, извини.
У реду е.
 
Ја заборави најглупавата сцена во филмот кога прават ретроспектива и ќе и рече на ќерката "се надевам дека ќе те силуваат" :pos::facepalm:,сцена левел турска серија.Филм полн со клишеа кој може да им се допадне на луѓе кој претходно изгледале вкупно три филма.
 
Тоа го пишаа џимеј и вот у сериозната рецензија за филмот. Озбилно, кој пишува вакво сценарио бе....
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.462
Поени од реакции
9.180
Тоа го пишаа џимеј и вот у сериозната рецензија за филмот. Озбилно, кој пишува вакво сценарио бе....
Тотално разочаран сум од Мекдоналд,не знам како можеше ваков глуп филм и дијалози да направи.Не знам дали го имаш гледано In Bruges,во тој филм има прејаки сцени и дијалози,не знам како успеа да падне на вакво ниво.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom