Еден мал апдејт за искуствата со објективите. Некни имав врем па штракав со нив за да тестирам, сликав две слики, едната (преку отворен прозор) бандера на далечина од некои 15-20 метри (врвна бандера со сплет на жици керамички изолатори и покриви оџаци и балкуни околу и во позадина) и една слика од некои метар растојание (тело на зенитот) Сликано од ист агол исти подесувања (далечина, светло и отвори на блендата 2,8 и 8 во двата случаеви) Сликано со Канон 450Д и адаптер за М42 во М мод за да можам да пратам експозицијата
1. Хелиос 44 50 мм Зенитов објектив ф2-16. Фантазија!! остра слика јасни боји. Не ми се веруваше кога ги видов сликите и кога ги зумирав. Јасни остри детали и при кроп. Мек со 2,8 али на 8 - без здив остава. Редовно го носам со мене од сега за сликање на статични сцени
2. Карл зајс јена 50мм, ф2,8-22 одличен остар малце боите како да ми беа побледи од хелиосот и општо острината не беше баш како на зенитот
3. Токина 24 мм ф2,8-16 широк агол но послаб во острина од горенаведените
4. Вивитар 28-70мм Макро. Слаб, бледа слика и матен фокус. Можно е да е оштетен пошто на него има трага од некој добар удар.
5. Тамрон 200 мм ф 3,5-22 Одличен, малце тежок за сликање од рака (старите објективи немаат стабилизација на слика) со него посебно ќе пробам од сталак
6. Пентакс 50мм ф1,8. Штета ми се заглави блендата па не можев да го пробам али еден стар фотограф рече дека ќе го отвори да види што му е.
Наскоро очекувам уште некој објектив а и трагам за уште други.
Неколку години немам работено со мануелен фокус и сега ми треба време и нерви да се привикнам и се чудам како порано сум сликал па и подвижни сцени со вакви објективи?!
Се уште не можам да му се надивам на зенитовиот хелиос и ќе искористам некоја прилика да сликам сцена и постирам овде со кроп.