- Член од
- 19 ноември 2009
- Мислења
- 499
- Поени од реакции
- 84
Драга лемуријанка... чудесна си. :smir:
Прво, да ти го одбијам нападот. Секако дека не верувам во се што традицијата налага, туку ја користам својата глава да оценам што од тоа ми се допаѓа и го сметам за исправно. Па така, оценувам дека бирањето сопружник од некој друг не е добро бидејќи тоа се покажало како убивање на желбите на еден возрасен човек, а воспитувањето со ќотек го одбирам како исправно бидејќи низ вековите се покажало дека тоа ги прави децата здрави карактерно.
Второ, болдираното...Па токму тоа и сакам да го кажам, да. Секое дете се раѓа табула раса, родителите и општеството го моделираат.
Трето, многу ми е смешно кога пробувам да дебатирам со луѓе кои изгледаат како да се трудат да бидат прости. Какви ти се тие реченици “Не треба за грешките на родителите да се тепаат децата“ ??? Па јас токму спротивното го кажував, ме читаш ли воопшто?
лемуријанка, уживај во воспитувањето на своите деца. И мое сочуство за твоите комшии. :helou:
Почитуван Викторгг од каде па сега ми ги вмеша во муабетот комшиите? хахаха па јас не сум закана за нив туку оној кој сака да им ги шамара децата... Значи да заклучам одбирањето сопружник од друг е убивање желба, а шамарчиња е правец за добро воспитание. Добро и јас сум испаднала проста во твоите очи, сори а баш сакав да те очарам и малку барем малкуцка да го омекнам твоето камено срдашце. Мислам дека имам мал напредок, во твоите први постови зборуваше за камшици, потоа прејде на чушки па на шамарчиња, добро е до крајот на годинава ке те гњавам, гњавам,па може ќе завршиме со строго подвикнување??? Добар дечко си Ти само немаш искуство со свое дете. Едно нешто сигурно знам а тоа е дека Ти никогаш ама баш никогаш нема да го удриш сопственото дете, само галамиш али немаш срце за шамари. Ќе збориме за пар години.