Глупи текстови (стории) по македонските весници, сајтови...

  • Креатор на темата Креатор на темата Буковец
  • Време на започнување Време на започнување
mozes slobodno fabrika za majonez da otvoris, staroto ke ti gi puka, toso ke zima tegli i ke gi puni, za kucinjata da gi ranis, da ti ebam, i ti si mi bil gazda mrznes onde po cel den.

:pos::pos::pos::pos::pos: аааааааааа!!!!:pos::pos::pos::pos::pos:
 
Повторно на топ листата ИДИ-ВИДИ.

За орален секс треба голем...
Вкакво е објаснувањето за штосот на идивиди, ама што видоа орално во нивниов денешен штосја барем не можам да сватам.
http://images.mt.net.mk/mediacorner/Uploads/ORALEN-SEKS.jpg
 
Споредете ги овие неколку текста, особено последните параграфи (ги обоив во црвено) :

Преземено од ВЕСТ :

Љубен Мишев (55) од штипското село Караорман завчера попладне се разделил од своите соселани со зборовите дека ќе оди во странство. Тие го испратиле, му посакале среќа, но тој неколку часови подоцна починал во штипската болница.
Мишев бил примен во болницата со гушење и болки во градите. Лекарите утврдиле дека се работи за силно труење поради што смртта настапила многу брзо без можност да биде спасен. Во интерното одделение велат дека за овој случај итно бил свикан конзилиум, но труењето од отровен препарат за прскање растенија "Ланата" во комбинација со алкохол било толку силно што залудни биле напорите на лекарите да го спасат неговиот живот, иако му била пружена потребната медицинска помош.

Основното јавно обвинителство во Штип вчера попладне работеше на утврдување на причините за смртта на Љубен Мишев, работник во штипското Водостопанство Се уште се истражува дали тој решил сам да си го одземе животот иако истражните органи во неговиот дом откриле празно пакување од препаратот"ланата", кој скоро бил употребен.

Од кажувањето на сведоци кои непосредно пред смртта на Мишев биле во негова близина, дознаваме дека тој претходните денови на некои свои соселани им велел дека ќе замине во странство. Тој дури им велел " ќе видите вие што јас ќе направам". Завчера попладне тој отишол во една од штипските кафеани каде нарачал јадење и пиење. Мишев добро се најал и им рекол на келнерите "дајте да платам оти ќе заминам и веќе нема да ме видите". Од кафеаната повикал и такси. Кога влегол во возилото, на таксистот му кажал да вози побрзо кон болницата оти му се чинело дека умира. Тоа биле последните зборови на Мишев, кој со истото такси итно бил пренесен во штипската болница каде починал.

Преземено од УТРИНСКИ ВЕСНИК :

Љупчо Мишев (54) од штипската приградска населба Караорман прексиноќа го заврши својот живот на несекојдневен начин. Тој си го одзел животот со испивање поголемо количество отровен инсектицид. откако претходно, преку целиот ден, ја најавувал својата смрт.
Завчера, преку целиот ден несреќниот Мишев седел во кафеана каде што обилно се честел самиот себеси. За време на ручекот испил поголемо количество алкохол, а на присутните им велел дека ова е неговиот последен ден. Околу 14,30 часот ја напуштил кафеаната и со такси стигнал дома. Откако на таксистот му платил, му рекол "Другарче, јас оваа вечер ќе умрам" и влегол во семејната куќа.
Околу 16 часот Мишев итно бил префрлен во штипската болница. Шест часа подоцна сў уште давал знаци на живот, а лекарите повикале полиција, бидејќи констатирале труење со инсектицид. Пред да почине, Мишев признал дека сам си го одзел животот и дека никој не е виновен за неговата смрт, односно дека тоа било негова лична одлука. По извесно време, некаде пред полноќ, починал. За штипската полиција случајот е јасен и затворен.


Преземено од ВЕЧЕР :

Вчераутро во 7 часот во штипската болница почина Љубе М. педесет и четиригодишен селанец од Стар Караорман, како последица од труење со течност која се употребува за заштита на растенијата. Се уште е непозната причината за труењето. Љубе ја најавил смртта кај своите најблиски, велат за "Вечер", негови роднини. Најпрвин, му рекол на синот дека можеби повеќе нема да го види и да си ја чува мајка си, а потоа истото и го рекол и на својата снаа од брат. Потоа уште еднаш се поздравил со сите низ дома и заминал в кафеана. Оттаму пошол во една земјоделска аптека во Штип, од каде купил течност со која се штитат земјоделските култури, па пак назад. Таму со алкохолот ја испил течноста, по што му се слошило. Лекарите во болницата во Штип, 12 часови се бореле за неговиот живот, но не успеале да го спасат.

Жално за човекот :cry: ама веснициве се бетер од трачари!!! :pos:
 
А знаеш што е најтрагично?
Сите овие имаат на располагање вести од информативниот сервис на МВР кои е невозможно толку да се разликуваат. Од каде ги вадат само информациите...можеш да замислиш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom