Дали агресивната пропаганда може да го оправда енормното зголeмување на цената?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Возраст
37
Да, значи еден конкретен пример во секојдневнието, за кој горе-доле и можеби не сме свесни.

Многу компании се решаваат за агресивна кампања т.е. аграсивна промоција ан сопствениот производ или на самата компанија. Таквата аграсивна маркетинг-кампања со цел да ги врати парите кои се дадеани за неа директно се одразува на цената на производ.

Така што компаниите решааваат со енормно зголемување на цената на производот или услугата да ги повратат средствата кои се “фрлени“ за реклами.

И сега вие го оправдувате тоа? Што мислите за овој потег на компанииите?
 
Се зависи од квалитетот.

Еве на пример јас се повеќе се нервирам со Битолска млекара, намаат избалансиран квалитет и еднаш ќе биде ок производот после 2 пати чурук. Ако продолжат вака ќе ги откажам сите производи од БМ за век и веков и никаква кампања нема да ме врати.

И башка се жалаат на нелојална конкуренција, а неможат да задржат квалитет на еден производ континуирано. И дури се фалат дека имаат сертификат за извоз во ЕУ :toe:
 
Не само од квалитетот. Има кампањи кои иритираат и имаат контраефект, има кампањи кои иако се агресивни се шмекерски некако. Нормално, зависи и колку средства се планирани за буџетот за кампањата. Има граница на "еластичност", која ако се надмине, нема печалба. Но, треба да се има во предвид и дека многу од кампањите не служат само да продадат производ или услуга, туку и поради општ имиџ на компаниите.

Јас лично кога би се одлучил да продавам некој производ или услуга, во калкулацијата при оформувањето на цената, обавезно би ставил и процент кој би одел за маркетинг буџет. Производ без маркетинг е производ со наталожена прашина на рафт.
 
city напиша:
И сега вие го оправдувате тоа? Што мислите за овој потег на компанииите?
дали го оправдуваме? што има ние да го правдаме, тие си ја знаат политиката и економијата на нивната компанија. до нас е дали ќе купиме или не. ние не ја формираме цената.
потегот е неопходен поради остварување на профит. неможе да остане цената непроменета откако ќе направат "агресивна" кампања за производот која што чинела многу. компанијата работи за профит, не за друго. како што кажа мистичен "Производ без маркетинг е производ со наталожена прашина на рафт." а со тој маркетинг се крева и цената на производот. chain reaction.
за мене агресивна кампања имаше рама маргаринот. да, беше само на една тв рекламиран производот ама рекламата одеше на саат по 2 пати. но беше толку одбивна и одвратна што ми се гадеше од самата помисла на маргаринот, а богами и девојчето.
од друга страна, кампањата на пивара за скопско, она ви текнува: сакам...; таа кампања траеше долго, ги тргаше погледите накај рекламата и се прашувавме што би било. убава кампања.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom