Дали да се воведе сексуално образование во училиштата?

  • Креатор на темата Креатор на темата spooky
  • Време на започнување Време на започнување

Сексуално образование во школо За или Против


  • Вкупно гласачи
    218
Abe ne znam bas dali od 5to do 8mo.
Kakvi se decata od osnovno, uste vo 6to kje pocnat da imaat seks samo zatoa so kje mislat deka naucile nesto i kje imaat zelba i malku praksa uz obrazovanieto....:icon_roll:icon_lol:

treba od 8mo ili 1va...
 
и онака почињаат.. вака бар со усул и теоретски предзнаења.

а сеа ми текна дека може да иде и под физичко..
 
Абе интересна била темава, ја онака ја скокнав, викам пројдов образованието...
Треба треба. И тоа уште од пето, кога ќе удрат хормоните. Знаат децава се за сексот денес, уште од трето* порничи гледаат.
Али незнаат шо е контрацепција јебига. Куртони купуевме, ама онака, смешно ни беше името, а и кој ќе се напрај муж да го праша продавачот шо е тоа. Ко ќе кажеше куртон, се цепевме од смешки. И нормално купуевме. Ако ви текнуе на оние црвените и плавите. Само такви имаше. Немаше дурекс ово оно. Али ни на крај памет дека е против сида и трудноча. Тоа од филнови научивме(регуларните). Значи треба да се учи. Е сеа кога. И у друга средно да се предава, па ќе им иде на некои на церење, и едвај ќе издржуваат да не се смеат. Има неозбилни јебига. А за годинки, се ебат децава млади сеа.
Ко шо викаше Миле, у мое време да ја испофачаш беше доживљај. За основно де.
Ај така. Ме фати носталгија за пубертетот.
*ја од градинка, јебига напредно дете, ама негде пето ми станаа интересни стварно, претходно онака као занимливост. Ги теглев женските за коса и им викав ти си ми девојка , и они ај ок! Шо знаевме тогаш? Али од пето, уф.

П.С.
Него го глеал некој скечот од Монти Пајтон у Тhe Meaning of LIfe, за сексуално образование? Е тој е цепки :) Ебе у живо, и па не може да ги заинересира копиљаците.
 
дефинитивно ДА уште од основно!!!затоа што како тргнале децава уште пред заби да им пораснат за тоа зборуваат...не мора од 5то...ама 6то или 7мо секако...

ThA-BiTcH напиша:
Abe ne znam bas dali od 5to do 8mo.
Kakvi se decata od osnovno, uste vo 6to kje pocnat da imaat seks samo zatoa so kje mislat deka naucile nesto i kje imaat zelba i malku praksa uz obrazovanieto....:icon_roll:icon_lol:

treba od 8mo ili 1va...

tha-bitch сигурно дека нема стилови и пози да им објаснуваат па за да си мислат дека научиле нешто и ај као да пробаме сега...
како што кажа spooky за СПИ...заштита...контрола на раѓање и типови на контрацепција, пубертет и зрелост, оптимална возраст за започнување со секс и слично...а и поради тоа што сигурно 80% нема дома да прашаат како идат тие работи...вака подобро од стручни лица да дознаат отколку од нечие искуство...
 
Секако дека треба да се едуцираат децата за СПИ, и тоа од 7мо или 8мо одделение. Зошто колку и да слушнале за кондоми или пилули, тоа само од бременост ги штити, а кај се тука сите останати инфекции?
Дефинитивно треба.
 
Од порано треба. Таму негде, предучилишна возраст. Ради штркот и шо праат мама и тато..
 
ThA-BiTcH напиша:
Ajdeeee...
kako pouspesno da legnuvas devojki:pos:
I kako na koj mu treba istorija ili makedonski?
Istorijata treba da ja znaes, zatoa sto se vklopuva vo sekoja tema na muabet, a za makedonski da ne praime muabet...kao mozes taka da razmisluvas:lud:

Добро ај да ги видиме твоите размислувања на темава..
дали мислиш дека машките кои ти се пуштаат добро го прават тоа?
Дали не мислиш дека е потребно да бидат подучувани кај професионалец, за да извршат поголемо влијание кај тебе?
дали мислиш дека се доволно добри, доволно симпатични, ги кажуваат вистинските зборови?
Не си ли помислила дека колку и да се убедуваш дека е се во ред , дека нешто фали?
Колку и да ви е убаво заедно, некако чувствуваш дека има уште, дека не си целосно исполнета?
Да ги надминеме сите непријатности со револуционерното, ново сексуално образование во рамките на новиот реформиран систем..

Денес младите користат огромен дел од своето време на тоа како да легнат нешто или како да се облечат, пак за да легнат нешто.
како било порано така е и денес. Но денес имаме можност да придонесеме кон забрзување и создавање на процеси од кои сите ќе бидеме задоволни.
Во интерес и на нив и на целото општество е да не се губи премногу внимание на бесполезни работи од овој тип.
Затоа, кога младите ќе бидат сексуално задоволени и кога сексот нема да биде нешто чудно и мистериозно, ќе можат да се фокусираат кон посериозните и се разбира, позначајните работи..

Значи од 11-12 години кај машкото започнува да постои потребата за секс,. Мачни години изминува, среќлиите го скинуваат плодот на 13-16, некои треба да чекаат до 18 па и повеќе години..
Зошто тоа да биде така? Зошто не може да се организираат работите во правец на формирање на систем со кој сите ќе бидат задоволни.
Замислете го тоа 12 годишно момче, ако имало можност за редовен сексуален живот, како би можело, остатокот од времето, значи она време кое го трошело за фантазирање за девојки, да го искористи за нешто попродуктивно, како например решавање задачки од нумерус.
Малку напор и добра волја е потребен, пред се на државата преку образовниот процес, да се научат дечките како да побараат, за да добијат тоа што што им треба.
Смачено ми е да гледам празни залагања и глупави оправдувања , треба да се дејствува уште утре и нештата да си го завземат правилниот пат.

Сепак, ретко кој од професорите или наставниците денес е репер за авторитет, за човек кој учениците би го слушале и почитувале.
Затоа е потребно соработка со надворешни лица, лица кои се ја знаат работата, кои имаат големо искуство и се желни да го споделат. Локалниот фраер, маалската курва, тоа се личности кои треба да бидат ангажирани.
Придонесете со своите идеи, збогатете го просторот, бидејќи мислам дека младите заслужуваат внимание.
Отфрлете ја себичноста, сетете се како ви било на вас ко мали и помогнете.
 
da u osnovno da se pochne so sexualno obrazovanije u 7mo ili u 8mo oddelenie mnogu ke im pomogne na site deca
 
Не знам државниче. Мене сета таа каламутница ми била интересантна. Процесот на удварање, надмудрување, лажење, мажење очи ми е подеднакво интересен како и самата награда на крај. Детските работи како титнување по телефон ако мисли на тебе, ми се неодоливо слатки. Не може одма оптан, топтан. Нек се потрудат малце. Така се јача карактер, а и десница рука.
 
NikolaP напиша:
Не знам државниче. Мене сета таа каламутница ми била интересантна. Процесот на удварање, надмудрување, лажење, мажење очи ми е подеднакво интересен како и самата награда на крај. Детските работи како титнување по телефон ако мисли на тебе, ми се неодоливо слатки. Не може одма оптан, топтан. Нек се потрудат малце. Така се јача карактер, а и десница рука.

има мудрост во твоите зборови, драг истоимен виртуелен пријателе.
на мене не ми се допаѓа воопшто нешто да се форсира, да се наметнуваат извештачени работи.
токму тоа е убавината која ја бараме сите, во спонтаноста, во запознавањето, во игрите.
но општеството се променува.. Малку од работите кои беа свети, остануваат такви.
како да успееме да се сообразиме со времето кое доаѓа.. зборови како конкуренција, ќе добиеш колку заслужиш, борба за пари...
се појавуваат во муабетите и во реалноста.. зошто е тоа така?
мислам дека ако успееш на некое дете да му дадеш некој вид на алатка со кое тоа ќе си го длета патот до успехот.. си помогнал многу.. а сметам дека во вакви околности, на младото 13 годишно дете повеќе од се би му била корисна бормашина која ќе му го отвори патот до слободната љубов.
 
Е таква бор машина на жалост денес се вика тато функционер, дебел новчаник и дизел униформа. Возило по можност џип.
Алтернатива на тоа е бридок ум, духовитост, лепота. Ама тоа не се учи. Тоа или имаш или немаш. Нема пречица, пријателе. А и ја повише ги ценам оние за кои барем малце сум се изнамачил. Не собирам ја прва крушка што ќе падне. Ја сакам од онаа горната, највисоката, па се пентерам ко будала. Некад падам на гс, некад дофаќам. Ама јадам од тие, што ретко кој ги јаде.
 
NikolaP напиша:
Е таква бор машина на жалост денес се вика тато функционер, дебел новчаник и дизел униформа. Возило по можност џип.
Алтернатива на тоа е бридок ум, духовитост, лепота. Ама тоа не се учи. Тоа или имаш или немаш. Нема пречица, пријателе. А и ја повише ги ценам оние за кои барем малце сум се изнамачил. Не собирам ја прва крушка што ќе падне. Ја сакам од онаа горната, највисоката, па се пентерам ко будала. Некад падам на гс, некад дофаќам. Ама јадам од тие, што ретко кој ги јаде.


и јас сум се мачел.. само јас си знам што не сум правел за женска да сќарам..од оние посебните знаеш.. тие се најтрудни за фаќање:)
ако не си избацивач или камчев..
но, има надеж и за љубовта и за искреноста, ми се чини дека универзалните вредности од тој вид никогаш нема да исчезнат или бидат ставени настрана..
Јас сум про-лав..
 
Да ,уште од основно оделение!Убаво е да научат за се лошо што може да доведе сексот доколку не се внимава!Нас сега ни е далеку осмолетка ама направете им муабет малку за сексот ќе Ве продадат.Па кога веќе скришно поднаучиле по нешто подобро е вака,сексот да не е табу тема и ако се учи во школо за него ќе се потикне и родителот да разговара со децата без тоа да биде табу тема.
 
Иако сум за таков „предмет” што е можно поскоро, сепак мислам дека најдобро би било да се започне со сексуално образование во средно, уште во прва година.

Во основно во никој случај не би го сфатиле тоа сериозно. Знам дека ние не го сфаќавме... Кога ни држеа „предавање” во 7 (или 8) одделение, сите пукаа од смеа кога студентот ставаше кондом на краставица... Не верувам дека некој гледаше како правилно се става, туку сите фаќаа сеири со другарчето до нив.

Во средно би било подруго, знам дека кај нас беше... Веќе стануваат сите посериозни, пољубопитни и со задоволство би ги следеле „предавањата”.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom