Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
За друг голман ти вели изгледа. Ако иди тој од Турново, Дарко Ристевски се вика. А тој шо беше во 3та лига кај вас, сега последно во Царев Двор или по битолските села бранеше.Добро бе тој дејан голманот,а е без клуб во Победа иди
Сега прочитав Давор Талески шо веше суспендиран го зеле голман,Кемал Аломерович,Димитар Иванов од Тетекс,Ристе И. од ЦД,со Благоја Наумоски се преговарало,последниов не ми текнува кој беше.Сето просеци па и подпросеци,Кемо на 35 год незнам зошто му е.
Не е заминат Ванче,не се знај уште ама големи се шансите да остани не се нервирај.А кој курац си заминуваше Кемо па да се враќа сеа?
И зошто келајо голман си оди? Мене поемотивни ми беа натпреварите поради него, ептен со емоција играше човекот!
Супер е Цветаноски баш добро че ни дојди, технички е супер спремен, има добар дриблинг, одма нека го земаат.Прилепска Победа е во преговори со напаѓачот на Пелистер, Дејан Цветаноски. Поранешниот играч на Тетекс беше еден од најзаслужните за триумфот на Пелистер над Хоризонт Т. и со својот погодок ги однесе „зелените“ во Првата лига.
Според информациите, управата на Победа е во потрага по млад напаѓач, кој ќе биде од голема помош за искусниот Благоја Гешоски, а изборот паднал токму на Цветаноски.
Деновиве во Победа ќе биде официјализиран трансферот на Александар Ристески, кој минатата сезона го носеше дресот на Младост Царев Двор, и ќе биде дополнително засилување за одбранбената линија на тимот. Исто така, управата на клубот од Прилеп размислува да го ангажира играчот од средниот ред на Еуромилк, Дин Аломеровиќ, кој одигра фантастично сезонава со „млекарите“.
Минатиов период, во Победа на проба беше и Јапонецот Хајато Вакино, но тој не ги задоволил апетитите на стручниот штаб на тимот од Прилеп, и трансферот нема да биде реализиран. За Дин воопшто нека не размислуваат,одличен играч,брз,знај на повеке позиции да изигра и плус е 19 год.Штета за јапонецов не беше лош, пари не му се дава до то е работата.За оние нашине шо ги имаме измислен е.Овај Дејан незнам шо играч е ама не верувам да е нешто посебно.Се поизвесно е дека ние че бидиме новиот царев двор во новата сезона,со вакви "засилувања" тешка борба за опстанок не чека.