Најлоши македонски песни

  • Креатор на темата Креатор на темата Zemzela
  • Време на започнување Време на започнување

После првото слушање најверојатно некој може и да замине на клинички... :unsure:
 
Сите од Рубинчо Благадуша (кој очигледно е опседнат со турски серии, се очекува да „напише“ и некоја за Фатмаѓул:tapp:).
Секогаш кога сакам да ја нервира мајка ми пеам „верувам во твоите очи, верувам, верувај, веќе не ти верувам“ или како и да беше текстот...

Потоа Сања Барби Министерка, Сања (онаа што ја заболело:pos:), Адријана Кеш и компанијата.
Еј, за малку ќе го заборавев Пане Панев.:D

На мода се министри, ем се збодни, ем се бистри...
Лоооша, ти си лоша, лоооша ти си лоша....:facepalm::свиркам:
 
Се шо е поврзано со Јован Јованов, ДИ џеј Пан Чо ДНК, Слаткар и менистрим телевизиската шабанерија со која се трујаат деците во Македонија.
 
Сите од Слаткар скоро сите ми се со !„“„““%&“’„‘’(“&’“„*%&%&(’“„@#&^@+!(@*#&#!|@* if you know what i mean
 
Полесно да тргниме со најдобри и добри македонски песни, шо се вистинска реткост, па тек се шо ќе остани да го класифицираме како најлоши македонски :icon_mrgr:
 
Врне врне.............................и можи да не најлоша, па ни лоша, ама сафрите ми ги крева.
 
Оваа е неверојатен хит :pos: Боље ќе биде порничи да снима;)
 
“Тажна љубов, среќна песна“ од Тамара.

Да се разбереме, песнава е далеку од најлоша. Хитиште е, сите се заразени, ама луѓе мои не можам песнава да ја ислушам до крај. Многу ме нервира. Музиката, текстот, се!! Аууу, не можам.
Секогаш кога ќе ја видам постирана на Фејсбук, си викам, ај овој пат можеби ќе ми влезе во уво, дај да и дадам шанса, ама не бе брате никако, на пола обавезно ја исклучувам.
Многу ми оди на нерви.
Морав некаде да си ја пишам маката.:D
Инаку, “Готово е“ и беше ремек дело, одлична песна, ама оваа, никако не ми влага во уво, ме напнува. Физички станувам нервозна кога и да ја чујам.
 
^^^ Јас уште ја немам чкрапнато и пуштено, али се имам пресмеено на насловот ко прочитав, појма немам зошто и како. Ептен ми е ху ху глуп! :icon_lol:
 
Од секој лош артист наведувам по една песна, ако треба да ги наведувам сите лоши песни ќе треба 100 страни да напишам
 
Да ја оживеам темава од мртвите

Текстот на рефренот песниче како за буквар прво одделение. Каде бе со ваква песна на МАКФЕСТ ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom