Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Нема врска тоа. Тоа базен финтес и слични багатели не е задолжително за секој станар. Тој што сака може да си плаќа. Како на пример цената за пливање тој што сака мислам дека беше 400 ден за 2 часа или повеќе не сум сигурен.Абе каков базен, каква теретана. Па уште ќе ти даеле да бираш. Па 99% ќе одберат да не плаќаат. Не може таква работа, сите плаќаат све. Нема ко Блажо со логиката "јас на први сум, по скали ќе си одам, не плаќам за лифт".
Во Европа во такви згради сите плаќаат се, без разлика дали одат или не, тука ќе биде тежок окршај познавајќи го нашиов менталитет![]()
Спалните се по 10 квадрати, а вкупно станот е 54 квадрати.
Во Јапонија ќе извадеа 2 трособни од таа квадратураТрособен стан во 54 квадрати?![]()
Кај нас уште немаат научено како се живее во град т.е уште си ги влечат навиките од селата иако се иселени после втората светска војна и барем 2 генерации се веќе во градот.Додека кај нас имаш некој шо со кредити едвај скрпил за гарсоњера и лик што споил три ката у зградата и вози бел Ауди А7 да живеат заедно. Во капитализам (и на запад и на исток) нема такви работи.
Кај нас сите се научени дека доаѓаш у зграда и дозволено ти е да наметнуваш свои "принципи" и да кажуваш како треба. Во уредени земји зградите имаат законски дефиниран куќен ред што меѓу другото значи и дека внатре во станот не смееш градежно да интервенираш. Кај нас прво купуење на станот и заградуеш тераса, стааш тенда, клима, ролетни, рушиш оџак, столб, носечки ѕид и никој ништо не ти може пошо твој си е, нели? Јас едвај се разбрав со говедава од соседи дека рамниот кров на мојава зграда не им припаѓа на тие што живеат најгоре, туку на целата зграда и дека немаат право да добијат корисна површина и затоа ме мразат од дно на душа сега, а не се свесни колку се боси у паметот. Се' што во зградата е заедничко е ЗАЕДНИЧКО и за него се делат трошоци, дали е тоа за тековно одржување или за санација. Одма ќе ти најдат изговори "знаеш јас сум баба, не користам теретана" - повели у друга зграда најди си стан!
Во ова лежи целата суштина. Природниот след на работите би бил: расте семејството, се селиш во друг, поголем стан. Македонски след на работите: расте семејството, па почињаш со заградување на балконот, па бараш у општина доградба, па надградба и автоматски градот се претвара у фавела. Со една жена од Амстердам зборевме, вика дека тенденцијата е да се изнајмува простор за живеење, затоа што често ги менуваат работните места. Сакам да кажам дека луѓето размислуваат практично. Добар дел од нив немаат време да се замараат со бесконечни реновирања и унаказување на објектите. Затоа Холандија е мераци да се шеташ по градовине, а Скопје ниту во новиве згради не делува уредно.И воопшто не ми се јасни луѓето, ако станот не ти се свиѓа, барај си нов или што си гледал додека купуваш
такви се. За поголеми со регуларни стандарди на соба, ходник,..., доаѓа скапо. Нема ни стандард скали и заеднички простории. Инспекција, елаборат...што беше тоа.Трособен стан во 54 квадрати?![]()
и во холандија има миграции село град ама со ова што е последнава деценија-две може да се рамни едино со периодот на колективизација. Вакви миграции одамна немам видено. Во зградава 3/4 се од други места. те, ку, ве, дб, де...дури и тие што имаат пари и работа бегаат Скопје. Во Скопје немаме наталитет 15%.Со една жена од Амстердам зборевме, вика дека тенденцијата е да се изнајмува простор за живеење, затоа што често ги менуваат работните места. .
У зграда карши мене (најгоре на трети) се доселија од Кочани некои (некој од ЕБР и жена му).Кај нас уште немаат научено како се живее во град т.е уште си ги влечат навиките од селата иако се иселени после втората светска војна и барем 2 генерации се веќе во градот.
Затоа и имаш луѓе што не одржаваат хигиена, а се возат во јавен превоз и слични глупости.
Една од тие навики останати од село е што мислат дека живеењето во зграда е исто со живеењето во куќа, можеш што сакаш да правиш и што е најлошо никој, ама баш никој ништо не превзема.
Таа многу убаво знае дека тоа не е во ред, ама така и одговара и не сака да се мачи да го собира кога може само да го избутка долу.У зграда карши мене (најгоре на трети) се доселија од Кочани некои (некој од ЕБР и жена му).
Све ОК,али женава си мисли дека сосема во ред она коа ја чисти/мете терасата само ѓубрето да го фрла/избуткува од тераса, наместо да го собира и фрла во канта. Тоа е, според мене, флагрантно болење уво за интересите и добробитта на другите, т.е. на тие три тераси испод нивната, кои со таа прекрасна постапка добиваат тон прашина и ѓубре. Среќа (?) испод неа живее една баба, малку ненормална и им се развикуваше многу, па ваљда се научија, пошто не им вика више. (или тој од ЕБР и се заканил)