Морам да признаам дека темава е прилично интересна и покрај тоа што не сум сигурен дека нема веќе отворена иста.
Прво да ве прашам, што подразбирате под несакана бременост (абортус или задржување на бебето или нешто друго)?
Значи што кога ќе се случи несакана бременост. Абортус или задржување на детето?
Ако сте за абортус, зошто сте за тоа? Нели тоа значи убивање на еден живот?
Или пак тргнувате од тоа дека во првите месеци од бременост, бебето официјално не е живо....? И би се одлучиле за абортус?
Што мислите кои се факторите кои (не) делувале доволно кај младите за да створат едно однесување со кое ќе ја спречат оваа несакана појава (несакан бременост)? (родителите, образованието)
Што треба да се преземе за да се спречи несаканата бременост?
Македонија официјално нема точни бројки за оваа појава.
Дали треба да се воведе Сескуално образовани во школите, да се дели бесплатни кондоми или пак нешто друго?
Дали мининистерството за Здравство во соработка со НВО секторот и со Министерството за образование треба да спроведат една кампања за едукација или мислите дека тоа исклучиво се остава на свеста на поединецот т.е. на младиот човек?
И еве за машките, што би направиле ако еве да речеме деовјката ви кажува дека е бремена, а вие сеуште не сте подготвени на семеен живот? Тешко прашање мора да признаеме.нели?
И на крај кој е најзасегнат од овој проблем?