Ден на победата над фашизмот

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Во фашистичката наезда во 1940-41 год., Бугарија го окупира вардарскиот дел на Македонија и југоисточна Србија. По наредба на фашистичка Италија, западна Македонија, заедно со Косово и Метохија, била приклучена кон квислиншката држава Голема Албанија.

Македонскиот народ од трите поробени дела на Македониjа активно се вклучи во Народноослободителното и антифашистичкото движење.

Уште во jуни 1941 год., Обласниот комитет за БКП за пиринска Македониjа со коjа раководи како обласен секретар Македонецот - Никола Парапунов, зазема став за вооружена борба. Првата партизанска група во пиринскиот дел на Македониjа jа формирал Иван Козарев. Таа ja извршила првата оружена анти-фашистичка акциjа не само во Македониjа туку и на Балканот!

Партизански групи формирале Н. Парапунов и К. Кантарџиев. Поради брзиот развоj на партизанското движење (мотивирано во голем степен на на национална основа), бугарската фашистичка влада превзела репресалии против голем броj Македонци. Посебно тешка била ситуациjата каде што албанските SS и останати единици вршеле монструозни репресалии над Македонците и останатите народи.

На 11 октомври 1941 почнува востанието на македонскиот народ и во вардарскиот дел на Македониjа со нападот на Прилепскиот партизански одред "Гоце Делчев" на бугарската полициска станица (участокот, сега Меморијален музеј "11 Октомври") и затворот во Прилеп. До крајот на 1943 година се создале првите слободни територии. Се создаваат бригади и единици на НОВ и ПОM, се прават офанзиви. Bоените успеси создале услови за организирање на власта.

Првите контакти со сојузничките сили биле воспоставени во пролетта 1943 година, кога пристигнала првата англо-американска воена мисија, која доставувала помош за антифашистичкиот фронт на овој дел од светот.

Во средината на 1944 година почнале опеарциите за целосно ослободување на Македонија, кои успешно завршиле во ноември 1944, кога таа и конечно била ослободена. Во Пролетната офанзива (од 25 април до 19 јуни 1944 година) Првата македонско-косовска бригада ја повратила загубената територија во Западна Македонија. Бугарската војска на исток била разоружена, по капитулацијата на Бугарија, на 9 септември 1944 година.

Конечно По ослободувањето на вардарскиот и пиринскиот дел на Македониjа на 19 ноември 1944 година, единиците на македонската војска во рамките на Петнаесеттиот корпус се вклучиле во завршните борби за ослободување на Југославија и во пробивот на Сремскиот фронт наместо на Cолунскиот фронт, каде што Корпусот учествувал со две дивизии (42-ра и 48-ма), со над 20.000 борци кои биле во составот на Првата југословенска армија.
 
Мисирков, пак глупости редиш. Не е в'зможно да не знаеш че на 9 септември Б'лгарија не е капитулирала, а е изв'ршен преврат и с него на власт идва Отечественијат фронт. За партизанското движение с'што се изказваш много, ама много неподготвен. Не е от незнание - просто изопачаваш и манипулираш фактите. Но това не е ново в Македонија - достат'чно е да се прочетат статиите на Виктор Цветаноски в Утрински весник за да се види че манипулацијата е на мода.
 
Ako probuvas da ja namalis ulogata na fashistichka Bugarija vo II Svetska vojna, i zlostorstvata sto gi pravela na teritoriite na Makedonija, nema da naides na mnogu simpatii.

Vo sekoj slucaj bi sakal da gi vidam, ako moze, faktite, sto mislis deka se propusteni ili izvrteni.
 
Фактите са много и лесно могат да б'дат открити - стига да искаш. Пребарај по интернет - толкова е лесно. Но не пиши бугари-окупатори, така ште најдеш само изопачени нешта.
Само да вметна че Втората световна војна зав'ршва за б'лгарската армија не с капитулација на 9 септември, а с боеве около Клагенфурт, Австија през април 1945.
 
Izopacheni neshta? Spored tebe, bugarite vo II Svetska Vojna ne se okupatori?
 
Ovoj text e malku kako od komunisticki ucebnik, sekoj bandit tuka se smetase za borec protiv "fashizmot" do 1989. I vo Bugarija sa gi tepali mnogu partizanite i komunistite, ne velam deka e normalno, no togas drugi se bili vremenata.

A deka bugarskata armija e pobedena od makedonskite partizani isto ne mi se veruva mnogu, ako ne beva rusnacite na Dunava nemase da go ima i Otecestveniot front i Bugarija nemase da kapitulira.

Inaku, sreken день победы.
 
Во слободна Македонија, Скопје 1945 год.:

sg5409pu3.jpg





image031.jpg
 
Одприлика овака оди: од што многу ги сакаа сите Блгари во Македонија, границата ја ставија кај Групчин и око не им трепнуваше на сите масакари врз “Бугарите“ во западна Македонија од страна на балистите.

Иако многу “гољама’’ земја се и “гољами’’ јунаци пред очи им ги колеа “Блгарите“ во Тетово, Гостивар, Дебар.

А дали са биле членки на антифашистичката коалиција или Бугарија е единсвена членка на 3 Рајх која е антифашист?
 
До сите Македонци: Честит ден на победата над фашизмот!


Парадата во Москва по повод празникот претставена на првиот канал на руската телевизија:

http://www.1tv.ru/1tvnews/




.
 
Фактите са много и лесно могат да б'дат открити - стига да искаш. Пребарај по интернет - толкова е лесно. Но не пиши бугари-окупатори, така ште најдеш само изопачени нешта.
Само да вметна че Втората световна војна зав'ршва за б'лгарската армија не с капитулација на 9 септември, а с боеве около Клагенфурт, Австија през април 1945.

А што друго биле бугарските фашисти во 2св. војна во Македонија ако не окупатори?
 
Бугарија во втора светска војна беше крадец. Се вртеше од таа страна која тепаше само за да успее да украде повеќе територии од комшиите. Станаа и фашисти само за да продолжат со крадењето.:baeh:

Имаше среќа што беше многу мала земја па и простија, да беа паметни ќе ја рстуреа и продадеа на делови.
 
Нека ни е среќен денот на победата и слава им на сите Македонци кои се бореле против окупаторите.

Атила, не ми се верува, ајде ќе разберам да фалширате Илинденско востание, ова она, ама пробувате да ја извртите и најочигледната вистина, директната борба против бугарите „ослободители“. Си имате проблем со главата вие, голем.
 
Само да ве прашам... нели нешто имаше во Дебарца... нешто како ослободен реон? Дали некој знае да објасни за тоа?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom