Почина актерот Ванчо Петрушевски

  • Креатор на темата Креатор на темата Име И Презиме
  • Време на започнување Време на започнување
Нека почива во мир :place::place:


Прочитав дека од струен удар починал,незнам колку е ова точно
 
Една од најдобрите Македонски Народни Приказни во кој што главна улога ја има Ванчо.

 
Изгледа точна е веста дека починал од струен удар, во Орешани се случил немилиот настан. Нека почива во мир, легендарен актер, сите сме израснале со него.

Екиииим, лечам од разни болести, Еким... :(
 
Нека почива во мир.
 
Скриени зад псевдоними и никови се ситат на несреќа.Очекував и некоја ваква будала да смеша политика.
Ванчо Петрушевски препознатлив по улоги на циганот Рамче, Улоги како турчин арамија....

_20180825_163646.JPG
 
Лесна му земја. Беше незаборавен и неизоставен дел од постарите екранизации на народните приказни, кои, пак, беа неизоставен дел од детството на многу генерации кај нас.
 
Чичко Ванчо,душата нека ти мирува . Господ нека те прими крај себе.
 
Уживав гледајќи и слушајќи ги приказните во кои играше Ванчо.
Беше еден од нашите најдобри актери.
Слава му и Бог да го прости ! Нека почива во мир !
 
Бог да го прости !!!

https://www.fakulteti.mk/news/25082018/pochina-akterot-vancho-petrushevski

Почина актерот Ванчо Петрушевски

25.08.2018

20180825-pochina-akterot-vancho-petrushevski-m.jpg


Ванчо Петрушевски, еден доајените на македонската глума, почина денеска на 67-годишна возраст. Струен удар е причина за смртта на големиот актер, за пошироката публика незаборавен по улогата на Рамче, дознава fakulteti.mk .

Ванчо Петрушевски е роден на 19 април 1951 во Скопје. Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот раскошен талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“. Тој учествуваше во голем број радио-драмски проекти, телевизиски драми, серии и слично и зад себе остави големо наследство. Петрушевски беше еден од најпрепознатливите глумци на нашата сцена, кој беше неуморлив и по пензионирањето.

Од „Пресуда“, преку „Диво месо“, па сѐ до „Солунски патрдии“, „Среќна Нова '49“, „Опстанок“, „Хихируку“, „Погрешно време“, Македонските народни приказни и многу други проекти, Ванчо Петрушевски со секоја нова улога одново и одново ја освојуваше публика. За својата неуморност тој има добиено и голем број награди.

Почивај во мир, голем актеру!

Фото: МНТ

Ванчо Петрушевски
19 април 1951 - 25 август 2018

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 
Со него растевме. Чичко Ванчо почивај во мир.

Од секогаш ќе ми остане во сеќавање онаа реплика од македонските приказни ЕКИМММ ЛЕЧАМ ОД РАЗНИ БОЛЕСТИ! ЕКИММ!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom