Зошто сте сами?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Во денешно време машките и женските се сингл зато што ептен се пребирливи...Поготово женските, повеќе гледаат на материјалното, отколку каква душа и каков карактер има.

Еве на пример во денешно време маж којшто нема кола или живее под кирија нема шанси да биде оженет.

Порано маж и кола да немаше и под кирија да живееше воопшто тоа не беше пречка за да се ожени...
 
Поготово женските, повеќе гледаат на материјалното

wtf ? Машките на денешно време се поголеми спонзоруши. И не се сите исти част и чест на исклучоци.
 
Ај одговори ми на ова прашање што го напишав погоре. - Зошто мажите што се без кола, без куќа се ергени?? Зарем тие не сакаат да се женат а??? Или во друго е проблемот???
 
Како беше тој легендарниот графит во Скопје, поарно е да си сам отколку да не си со сите.
 
Ај одговори ми на ова прашање што го напишав погоре. - Зошто мажите што се без кола, без куќа се ергени?? Зарем тие не сакаат да се женат а??? Или во друго е проблемот???

извини ако ти си налетал на такви жени, но јас лично познавам машки кои работат, се под кирија и си имаат успешни врски. Значи, не генерализирај, не се сите такви.
 
Тие не се сите такви колку се? 10 проценти од сите жени?
 
дали се 10 или 1% значи дека има, и не се сите исти. како сега јас да речам дека сите машки се исти и сите се женкари. :D
 
Во денешно време машките и женските се сингл зато што ептен се пребирливи...Поготово женските, повеќе гледаат на материјалното, отколку каква душа и каков карактер има.

Еве на пример во денешно време маж којшто нема кола или живее под кирија нема шанси да биде оженет.

Порано маж и кола да немаше и под кирија да живееше воопшто тоа не беше пречка за да се ожени...
А ако живееш со твоите подобро не се жени.Ќе треба да им погодиш на двете страни а тоа е невозможна мисија.Иначе добро е шо веруваш во романтика,ама после женидбата ќе сватиш дека од романтика не се живее.Жените се многу пореални во тој поглед.На маж не му е проблем да се жени за невработена.Додека обратна ситуација, некоја да се мажи за некој невработен е научна фантастика.
 
Сега жениве сакаат и посебно да живеат одвоено од свекорот и свекрвата. И тоа не во иста куќа (долу на приземје свекорот и свекрвата, а на горниот спрат невестата и зетот), туку сакаат во скроз посебна куќа...
 
Две змии од различни легла слабо се сакаат :D
 
wtf ? Машките на денешно време се поголеми спонзоруши. И не се сите исти част и чест на исклучоци.
Никако не се поголеми спонзоруши. Иако опасно се приближуваат[DOUBLEPOST=1535477706][/DOUBLEPOST]
Сега жениве сакаат и посебно да живеат одвоено од свекорот и свекрвата. И тоа не во иста куќа (долу на приземје свекорот и свекрвата, а на горниот спрат невестата и зетот), туку сакаат во скроз посебна куќа...
Не се само жените. Сите сакаат посебно да си живеат. На запад е одамна така. Е сега тоа што ние немаме услови во мизеријава од држава е друго
 
Никако не се поголеми спонзоруши. Иако опасно се приближуваат[DOUBLEPOST=1535477706][/DOUBLEPOST]
Не се само жените. Сите сакаат посебно да си живеат. На запад е одамна така. Е сега тоа што ние немаме услови во мизеријава од држава е друго
Фала богу паметно нешто да кажеш, ама за некој не е пречка да живее со старите :D
 
Ретко одам во овој подфорум, па дури сега ја видов темава. Зошто сум сам? Добро прашање, ама мислам дека нема конкретен одговор, ни за мене лично, ни па за друг што е сингл. Не секогаш е една работа во прашање, обично е што се вика збир на фактори.

Кај мене веројатно една од причините е што никогаш не сум бил нападен и не сум се преоптоварувал со тоа да имам партнерка во секој момент. Во моментите кога сум сам си ја ценам слободата. Друга работа е што отсекогаш тешко се одлучував да „појдам“, а кога работите ќе стигнеа до одредено ниво премногу тешко се одлучував да „пуштам“ т.е. спасував нешто што не може да се спаси. И така губев време на погрешни личности.

Сега кога веќе имам 30 години мислам дека гледам на работите од малце поинаков агол. И сега сум доволно смирен па не барам по секоја цена да се врзам со некоја. Ептен сум поддржувач на тоа дека е подобро да си сам отколку со погрешна личност. Не гледам зошто мора да се биде во брак и да се основа семејство по секоја цена, ако едноставно животот не ти дал доволно добра можност за тоа. Да, секој би сакал да го помине животот со личност која му одговара, ама таа личност може и нема да се појави. Тоа не може да се форсира. На мене е да продолжам да се трудам да ја најдам таа личност. Да се биде со некој само за да не се биде сам е неправда спрема самиот себе а и спрема таа личност.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom