Зошто сте сами?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
сингл од 2010 година.
секс си имам +/-
пари си имам
кола немам
куче имам
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Збир на фактори.

Недоволна самодоверба, сите кога излегуваа на 15/16 години јас пред пц дремев, па сега ми е потешко во гужви, живеам во пустелија, освен кафич и теретана нема каде за излегување, непопуларен кај женскиот специмен т.е мирен сум, не дигам галама и такви работи а нели женцките сакат бед бојс, така велат де.

Кога бев дете јадов силна топка за одбојка по нос, од тогаш ми е крив, сето лице ми го вади од симетрија и ми ги фрла во сенка останатите атрибути на лицето кои ми се допаѓаат, ми смета многу и ми руши самодоверба.

Без пари досега не сум останал, заработувам доволно за сам чоек, малце помош дома и така.

Колата ја возам на тате, 2000 година, скочец, со 3 врати :facepalm:

Значи лични комплекси и надворешни фактори.

И уште нешто би додал, што е најбитно. Само еднаш во живот сум се затрескал во девојче и тоа само еднаш го видов и се изгуби, стопане ебам, 3-4 недели не спиев ко чоек. Од тогаш за девојка не сум осетил нешто емоција, освен физичка привлечност.

Go figure. I'm a hot mess.
 
Зависи каква кола. Ако купи Вартбург или Југо од 1985 тешко да биде така...

За секоја кола има соодветна дунда.
Ферари и Ламборџини ќе ти ја донесат најјаката спонзоруша, некоја си старлета, водителка или шо ти ја знам.
БМВ, Мерцедес и Ауди нешто близу до врвот, Голф 4ка, 5ка некоја таква скромна ама од добра фамилија. А Варбург и Југо некоја од село, ама пак, ќе ти донесе. :)
 
Тебе, побратим, ако ти треба нешто материјално за да дојдеш до... „дунда“, значи ти не поседуваш никакви други квалитети и немаш што друго да понудиш за да најдеш девојка која ќе покаже интерес за тебе, а не за колата. Значи ти, освен спонзоруша, не можеш да дојдеш до ништо друго. За секое тенџерче - капак.
 
:D
Ја дете чекам а без кола сум ма.
Ова само пресликувам скопско секојдневие.
Не викам дека 100 % се такви, ама повеќето да.
Незнам што се возбуди толку и ко лично да го сфати ова. Да не се навреди или дечко ти има варбург?
 
Немам дечко, сама сум. :(
 
Неам самодоверба. Еднаш во животот сакав, и бев сакан, но не испадна како што треба. Незнам дал кај сите што имаат проблем со самодоверба, имаат и проблем со привлечност кон некоја девојка.
 
Немам дечко, сама сум. :(

Да не чекав дете ќе те поканев да излеземе.
Зашто јас без кола а ти строго контра тој мој став, ќе се возевме во двојка до Сарај и назад.
 
Јас имам точак со идишена гума. :-(
Да не знаеше Агда дека растур праиш на берза и дека пред некој ден купи ново Бентли, кур што ќе ти го лајкнеше постов за божемниот точак.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom