Grey's Anatomy

  • Креатор на темата Креатор на темата Bush(av)
  • Време на започнување Време на започнување
Гледа некој уште? Стартот на осмата сезона беше онака солиден.
 
Јас ја гледам уште. Очекував Кристина да абортира, ама овој Дерек воопшто не и дава поддршка на Мередит, откако му го зезна тоа истражувањето со Алцхајмерот. Се надевам осмата сезона ќе биде подобра од 7мата, која впрочем не можев да ја поднесам (освен неколку епизоди). Вебер стварно ме изненади што застана зад Мередит и буквално ја превзеде вината. Од друга страна, ќе му се посвети на приватниот живот и ќе си го спаси бракот со Адел, па така да не е се изгубено. А кој ќе го замени? Хант?
 
Мојата омилена серија ама не е тоа што беше порано.
 
Мене најубави ми беа Алекс и Изи и заради нив и ја гледав серијата.
 
ги гледа ли некој новиве епизоди???
според мене ја изгубија креативноста и интересноста во новиве епизоди, ја гледам само од причина што ја гледам од почеток и сакам да видам како ќе заврши
 
И мене ми стои дека е така. Посебно Мередит и Дерек во толкава криза имаат западнато што не се интересни веќе. Со куќата беше малку интересно како сите машки со градењето на куќата всушност се справуваат со проблемите кои ги имаат. Градењето на куќата може да биде симбол според мене кога ќе биде готова и ќе заврши и серијата. Затоа што ја прават уште од пред 2 сезони и никако да ја доправат.
 
Grey's Anatomy SUCKS! Почнаја многу да тупат. А една од најомилените серии ми беше.. До кај 6та сезона беше ТОП па почнаја многу да изведуваат глупости. Пример: Моментот кај шо пеат сите во незнам која епизода ми се чини во 7ма сезона..

П.С И без Џорџ ми е тапа.. :(
 
Grey's Anatomy SUCKS! Почнаја многу да тупат. А една од најомилените серии ми беше.. До кај 6та сезона беше ТОП па почнаја многу да изведуваат глупости. Пример: Моментот кај шо пеат сите во незнам која епизода ми се чини во 7ма сезона..

П.С И без Џорџ ми е тапа.. :(
„ј“ секогаш се става меѓу „и“ и „а“ - меѓу „а“ и „а“ не (почнаа, ставаа, (ис)тураа, растураа)

серијата е солидна и иако е направена некако за женска популација - јас со задоволство ја гледам. сите серии почнуваат да тупат после неколку сезони (замор на материјалот, монотонија, заситени гледачи... ). мене ако ме прашаат, најголемите глупости се дешаваа на почетокот - секој се муваше со секого, и сите беа безнадежно заљубени со секој нов партнер. тумор се демонстираше како умрен сопруг вратен во физичкиот свет. главниот лик остана цел саат под вода и преживеа... СФ!
но, и во најлошите денови ГА е 100000000000000000000000 пати подобра од било која турска/хрватска/индиска/бугарска сапуница.
 
Колку само драма имаше во последнава епизода.
Се врати конечно онаа висинската Grey's anatomy што ја знаеме од пред неколку сезони, со многу драма , животни приказни и пресвртници.
 
Како што и очекував на високо ниво продолжи серијата после паузата. Сега само да не ја развлечат повторно , треба да продолжи со ист интензитет и да ја задржи големата драматичност
 
Одлична беше новата епизода после паузата. Секоја чест на глумата на Кристина Јенг и на Теди.
Инаку најновата епизода „Suddenly„ ја погледнале над 12 милиони гледачи на ТВ, што е сосема солидна бројка.
Исто и во оваа 8ма сезона ќе прават cross over со "Private Practice", и мислам дека и Адисон ќе има некоја улога.
 
Многу ми се јаки и Грејс Анатоми и Прајвет практис. Супер серии се, слични, а сепак различни. Инаку мене во серијата највеќе ме нервираше Џорџ, лигле размазено,само плачеше и кенкаше за нешто. Добро е што си отиде, само не требаше ептен толку трагично.
 
Инаку мене во серијата највеќе ме нервираше Џорџ, лигле размазено,само плачеше и кенкаше за нешто.

one does not say such thing about George :mad: Џорџ ти е лигле размазано а Маршал не? :D

одична епизода само така да продолжат, а таа Адисон нејќам веќе да ја видам, многу ме иритира па уште кога ја видив во рустер оф Чарли Шин какви работи зборува ја прели чашата, минус од мене имаат за ова : S
 
one does not say such thing about George :mad: Џорџ ти е лигле размазано а Маршал не? :D

одична епизода само така да продолжат, а таа Адисон нејќам веќе да ја видам, многу ме иритира па уште кога ја видив во рустер оф Чарли Шин какви работи зборува ја прели чашата, минус од мене имаат за ова : S

Ееееј како бе можеш да ги споредиш Маршал и Џорџ? Извини, ама Џорџ и се налути на Изи, која можеше да умре, која не можеше да гледа, само затоа што он лиглето не дознал прв, не сакаше ни да ја види. Лигле што сака само да го молат. Маршал никогаш не би го направил тоа како лик и за такви работи никад не се лутел. Не знам како може да ги споредуваш. Башка Џорџ напна да спие со Мередит иако гледаше дека не е заинтересирана, па се деси тоа со татко и или мајка и не ми текнува, и цела уплакана овој ја напна да легнат и после кога виде дека она не сака бре ништо со него не и правеше муабет, драми беа тоа. Мочко. Не можам бе кога ми текнува на него се нервирам . Нема ни М од мажественост.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom