Скулгрл
Queen of the superficial::..
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 5.059
- Поени од реакции
- 69
- Возраст
- 36
Зборувајте им дека се прекрасни, надарени и посебни и тие навистина ќе веруваат во тоа, но сепак за подолг временски период комплиментите и поттикнувањето може да им штета на вашите деца, велат стручњаците.
Американските стручњаци тврдат дека премногу честите пофалби ги прават деца себични и да патат поради неуспешни врски, недостаток на емотивна топлина, насилно реагираат на критики, често стануваат неверни и неспособни да сочувствуваат со другите.
Тоа го покажало едно истражување на американските психолози од Универзитетот во Сан Диего, кои со помош на испитаниците ја процениле нарцисоидноста во 24 години.
Тие со помош на прашалници успеале да испитаат 16.000 деца на школска возраст.
Прашалникот имал повеќе тврдења како „мислам дека сум посебен“ и „во светот би било подобро кога јас би владеел“.
Со помош на овој прашалник научниците потврдиле дека денешните деца се за 30% повеќе нарцисоидни од децата во 1982 година.
Децата денес се повеќе насочени кон себе отколку претходните генерации, за што најмногу се криви родителите и учителите кои им даваат и премногу поддршка и им ја зајакнуваат самодовербата.
Извор:А1