Чвор - Теранова, Глобал фајнанс груп, Костовска, Камчев, Буџаку

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
„Теранова” може да остане без атрактивната локација на скопскиот плоштад, што деновиве ја купи од фирмата „Глобал фајнанс груп”, (зад која стои ќерката на градоначалникот Костовски). Доколку се поништат сопственичките трансфери и постапката за доделување на локацијата се врати на почеток, како што бара Јавното правобранителство, атрактивниот плац ќе и биде вратен на државата. Судот ќе треба да одлучи дали ќе се поништи првата продажба од пред три години, кога (верувам дека се сеќавате) тогашниот министер за транспорт Буџаку во непосредна спогодба за само 25 евра за квадратен метар ја продаде на бизнисменот Орце Камчев. Веднаш потоа плацот беше ставен под хипотека кај фирмата „Глобал фајнанс груп”, зад која стои неговата поранешна сопруга, Костовска, ќерка на скопскиот градоначалник.

Сега, Јавното правобранителство бара поништување на скандалозната зделка меѓу Камчеви и Буџаку, но постапка е заглавена во судските лавиринти веќе три години.

На атрактивното земјиште од 1.100 квадратни метри конзорциумот меѓу „Теранова” и уште две други фирми од Италија и Америка сакаат да градат деловен објект.
 
pa neka gradat.neka se ponosti i neka odi na licitacija koj nabije taj dobije ,tolku ednostavno a nie znaeme da go zamrsime i toa kako.od ovie komunjarski gluposti nemozeme da se pomerime ni milimetar.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom