СП 2018 - 1/8 финале: Франција-Аргентина

  • Креатор на темата Креатор на темата The Procrastinator
  • Време на започнување Време на започнување
Прочитајте ја статијата што ја сподели Илумиус. Таму е се’ убаво напишано за состојбата во АФА. Не ја пишувал Меси или некој Аргентинец таа статија па да се правда. Таму многу добро се обајснети некои ситуации во аргентинскиот фудбал.

Друго ми е зборот. Преку глава веќе дојдоа муабетите дека Аргентина со Меси немала резултати. Божем во овој период Аргентина цело време испаѓаше во групи или нешто слично. Одиграа четири финалиња со него. Од тие три по ред. Едно изгубено во продолженија, две на пенали. Нула порази на последните три големи натпреварувања, се до ова СП. Бразил на пример не дојде во последната деценија ни приближно до вакви бројки. Со само малку среќа можеше да биде освоена барем една титула.

Така да Меси треба да се докажува како играч само на луѓе кои фудбалот го пратат површно или од сеир. Ни на Меси ни на Роналдо не им треба светска титула за да бидат запамтени како едни од најголемите на сите времиња.
 
Го прочитав текстот и една работа од многуте ми остана во глава, дека Аргентина имала прва лига со 30 КЛУБА ! хахахах си велам мора да е печатна грешка, 2 смениле со 3 ама не, сепак биле 30.
Тоа значи 58 кола дека треба да има ако играат дома-гости, ќе ги умрат играчите, ова веќе забегува во лудило, не е само корупција тука.

Лига со 30 клуба. Can`t sink in.
 
Не играат дома/гости
 
Не играат дома гости, башка имаат како две првенства, Апертура и Клаузура, му доаѓа ко пролетен и есенски шампионат. Исто така имаат некој систем на бодување, да бидам искрен не го имам сфатено до ден денес, се земаат во предвид резултатите од претходните првенства, се пресметуваат со некои формули, лудило у секој случај. :D
 
Таман за криминалот што потешко да се открие :)

И не е само фудбалот, сите сфери на работење во Аргентина се такви.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom