Macedonian
...
- Член од
- 2 април 2006
- Мислења
- 2.842
- Поени од реакции
- 31
Македонија најверојатно ќе треба да врати 10% од 225 милиона евра, колку што ЕВН уплати за купување на ЕСМ дистрибуција и снабдување, велат неофицијално владини извори за Тотал.
Ова го покажала последната ревизија што ја изработи PriceWaterHouse.
Истоте извори велат дека фактите што ги утврдиле ревизорите не се поволни за Владата.
Според купопродажниот договор што го потпишаа Владата и ЕВН, се предвидуваше ревизија на состојбите во компанијата и податоците кои им биле дадени на располагање на компаниите при деталното скенирање во приватизацискиот процес. Ревизијата треба да утврди дали дадените податоци реално ја прикажале вредноста на компанијата.
Доколку ревизијата покаже дека во податоците е потценета вредноста на компанијата, купувачот, во случајов ЕВН, ќе треба да доплати 10% од уплатените пари. Ако се докаже дека компанијата е преценета, тогаш Владата ќе треба да врати 10% од уплатените сретства.
Ревизорскиот извештај ќе и биде официјално презентиран на министерката за економија Вера Рафајловска во наредната недела.
Од Министерството за економија потврдуваат дека од PriceWaterHouse, веќе побарале средба со Рафајловска, која ќе е закажана за следната недела.
Ова е втора ревизија. Првата ревизија исто така покажа дека Владата треба да враќа 10% од парите уплатени за ЕСМ дистрибуција и снабдување.
(Тотал)