Искуства со темно кафеави ПВЦ (пластични) ролетни.

Член од
27 март 2018
Мислења
23
Поени од реакции
16
Возраст
42
Споделете ваши или туѓи искуства со темно кафеави ПВЦ ролетни. Некои од фирмиве што монтираат ролетни скроз ги избегнуваат, наводно поради слаб квалитет, а некои ги нудат, ама не даваат гаранција со објаснување дека многу брзо бледеат.
Ставив пвц прозори и балконски врати со дезен и боја имитација на дрво, па не ми одговара да ставам бели.
Друга опција е алуминиумски, ама цената е 3 пати повисока од пвц...
Фала унапред :D
 
ако си на југо-западна страна никако немој да ставаш темни кафени пред многу години доста од соседите поставија поради тоа што не се прават нечисти толку (читај не се познава инаку нечистотијата е иста), но скоро сите ги заменија поради тоа што имаа мака од топлината се деформираа и тлус темното привлекува топлина па имаш еден вид на топлотен акомулатор, ако си на северна страна ставај од топлина проблем не би требало да имаш а не верувам дека овие што прават ролетни имаат различен гранулат за бели или за кафени само си додаваат боја во основниот гранулат.
 
Ако сакаш кафеави ролетни, тогаш само алуминиумски. Во МК нема добар гранулат за кафеави ролетни, затоа кафеавите пвц ролетни по извезно време почнуваат да избледуваат а може и да се стопат. Брат ми работи во фирма за пвц прозори а монитраат и ролетни, и не ги препорачуват на никому кафеавите ролетни од пвц.
 
Уште во старт си утнал со ставање на такви прозори и врати, а знаеш дека на нив мора да ставиш кафеави пвц ролетни кои избледуваат, а алуминиумските се многу поскапи.
 
Се надевав барем некој ќе пише "не се лоши, вредат за парите" :icon_lol:
 
Подобра опција ќе ти биде да ставеш венецијанки, некоја фина боја која што ќе одговара со кафени прозори.

Пример нешто ваков стил, немора иста боја по желба ќе си одбереш што ти се допаѓа...

56bdcd4c16cee_origin.jpg
 
Oд лично искуство, не ставај, моите не се избледени нешто значително за да е тоа проблем, ама се виткаат од топло ако се директно на сонце... имам 2 кои се на тераса и се дел од денот во сенка, тие се ОК, другиве се толку извиткани што не се спуштаат сами, треба да ги повлече човек за да почнат да се спуштаат... pain tn the as*
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom