Smartwatch A1

  • Креатор на темата Креатор на темата staycalm
  • Време на започнување Време на започнување
S

staycalm

Гостин
*Не успеав да најдам тема за паметни часовници па затоа решив да отворам нова и да прашам за проблемот што го имам, доколку има постоечка се извинувам и може да се спои оваа.
Имам два часовника модел А1 (https://www.gearbest.com/smart-watches/pp_800036.html)
Едниот работи океј, а другиов кога ќе го уклучам прв пат работи тачот, само шо ќе го заклучам после не работи тачот, ја вадам батеријата и го уклучувам и пак работи тачот. Има ли некој што се соочил со ваков проблем на овој или некој сличен од тие евтините кинески? У глобала 10тина модели се со ист софтвер само изгледот на часовниците е различен. Да пробам ли да ставам друг firmware или постои некој друг начин за да се среди проблемот (доколку е возможно)
 
За тие пари, толку добиваш. Ако сакате квалитетен smartwatch посетете ја нашата продавница ОВДЕ.
Видете ги и моите огласи ОВДЕ.
.......|
...... |
..... V
 
Последно уредено:

Инаку буквално истиот хардвер и софтвер го имаат и мојот и овој, се брукате :D
 
Не знам што софтвер има, ама factory reset нешто? Или флешувај го фирмверот, ако е практично изводливо.
 
За тие пари, толку добиваш. Ако сакате квалитетен smartwatch посетете ја нашата продавница ОВДЕ.
Видете ги и моите огласи ОВДЕ.
.......|
...... |
..... V
Богами си ја погодил титулата 'Бизнисмен Неписмен'. Се работи за истиот часовник под друго име и плус двојна маржа за да го направи да изгледа "премиум'.
 
GT08 е компатибилен со Ајфон за разлика од А1.
Да ве потсетам и дека „скржавиот дупло плаќа“ ;):D
 
Последно уредено:
Не знам што софтвер има, ама factory reset нешто? Или флешувај го фирмверот, ако е практично изводливо.
Нема фактори ресет, флешнав едно 5-6 софтвери шо ги најдов ама џабе ниту еден не работи, сега воопшто тачот не работи. Се откажав веќе
 
Искрено жалам. И јас сум бил во слични ситуации.:(
 
GT08 е компатибилен со Ајфон за разлика од А1.
Да ве потсетам и дека „скржавиот дупло плаќа“ ;):D
Кој тој плаќа повеќе? Евего твојот GT08 двојно поефтин, т.е колку А1: https://www.ebay.com/itm/GT08-Touch...hash=item5d76d5de3f:m:m4RV3xDah6M3GFBdtKf9KJA

Се работи буквално за истион часовник и истиот софтвер. Се што може твојот, може и другиот. Дропшипинг линкови промовирај си на инстаграм, таму можда ќе се упеца некој :)
 
Можеби си во право. Треба да си направам профил на Инстаграм.:)
 
Има ли некој што се соочил со ваков проблем на овој или некој сличен од тие евтините кинески? У глобала 10тина модели се со ист софтвер само изгледот на часовниците е различен. Да пробам ли да ставам друг firmware или постои некој друг начин за да се среди проблемот (доколку е возможно)

Близок роднина има вакво чудо, упарен со Umi некој... :X3:
Проблеми? Мал милион... прво дури се препознаа со телефонот мече родив, па од цело тоа синхорнизирање дури ни времето не се синхронизира а не па друго :notworthy:.
Firmware, искрено размислував и јас да му сменам... Ама со оглед на тоа како хардвер има и дека едвај со телефон го поврзав баталив одма, дури и да најдиш некој фирмвер шансите дека уште еднаш нема да светни саатот се огромни.

Не би да се правам некој си сноб, не сум ни јас некој што сака да фрла пари... Ама комплетно безвезе се фрлени и тие 10 долари на вакво нешто. Да, можда некоја баба ќе те мисли за Џејмс Бонд со вакво чудо, ама ко ќе почни да свири ко чибичан дека се поврзал со телефонот по 89723569814798714 пат во денот дури и таа ќе се посомнева дека си лупнал грдна пара на смартвачот.
Сум имал некое си искуство со Pebble, Sony smartwatch 2 го имам веќе некои си 2 години како секојдневен часовник и сум сосем задоволен. Ако веќе ептен е буџетот ограничен на 10-20 долари, тогаш има еден куп smartbands по алиекспрес кои сигурно подобро работаат од фејк iwatch, а ако можиш 50тина евра да тргниш на страна xiaomi amazfit е првиот посериозен смартвоч од другото ѓубре за тие пари.
 
Го користам другиов, искрено немам никакви проблеми со поврзувањето.. Едино софтверот на овој за кој отворив тема, видов не биде и со други 5-6 софтвери и го баталив :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom