ЕФАНЗИВЕЦОТ ГИ ЗАКАЧИ КОПАЧКИТЕ НА КЛИН И ДОБИ УНАПРЕДУВАЊЕ Здравевски како директор на Пелистер!!!
*Поранешниот репрезентативец ја предводи екипата на подготовките во Тетевен
Сашо Здравевски повеќе не е фудбалер. Ја заврши фудбалската кариера со што им го препушти местото во одбраната на помладите фудбалери. Популарниот Каше става крај на својата богата кариера. Со Силекс, Слога Југомагнат и Победа освои вкупно 5 шампионски титули. Дефанзивецот во своите најдобри денови беше член и на нашиот национален тим, а веднаш откако ги закачи копачките на клин се нафати на нова функција во Пелистер. Здравевски ќе биде нов спортски директор и ќе им помага во организацијата на клубот на своите другари Тони Мицевски и Митко Стојковски. Двајцата се на одмор во Хрватска, а Здравевски веќе ги засука ракавите и почна со раководната функција во клубот. Тој е одговорен за сите работи на "зелените" кои уште десетина дена ќе бидат на подготовки во бугарската база Тетевен.
Одлуката за повлекување на Здравевски беше очекувана затоа што искусниот фудбалер падна во депресија по слабиот меч кој го одигра за својот клуб во 1/2 финалето од националниот куп против Вардар во Битола. По негова грешка "црвено-црните" дадоа гол и тоа беше една од главните причини поради кои битолчани беа елиминирани. Здравевски на полувремето остана во соблекувалната и во тие моменти го најави повлекувањето од зелените терени.
И. Д. И.
ВТОРО РЕМИ ЗА БИТОЛЧАНИ
Не помогнаа Елмазовски и Степановски
Бели Орли - Пелистер 0:0
Пелистер: Ников, Елмазовски, Мицевски, Степановски, Димов, Пресилски, Тодоровски, Блажевски, Рутевски, Момировски, Жуниор. Играа уште: Пашовски, Штерјовски, Јованов, Вељановски, Стојановски, Деловски, М. Петковски, Клечкаровски, Александров, Главевски, Ивановски.
Бугарскиот второлигаш Бели Орли извлече реми во дуелот со Пелистер во базата Тетевен. Битолчани можат да жалат што не стигнаа до првата победа во подготвителниот период. Ако пред три дена Момировски беше спасител кога даде гол за реми, сега е во улогата на трагичар. Овој фудбалер во првиот дел од мечот од три шанси неуспеа да се запише во листата на стрелците. По неговите стапки во вториот дел и Александров, Делиовски и Димов но голот на бугарите не се тресеше. Избраниците на Хусеин имаа слаба реализација, а во обидот да се стигне до победа не стигнаа ниту новајлиите Менде Степановски и Илир Елмазовски.
http://sport.com.mk/?ItemID=2556FF8F085A0E4988ECFBB4744746EE