Претседателот Бранко Црвенковски денеска разговараше со стечајците

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
По 37 дена кампување пред Собранието и неуспешни преговори со Владата, стечајците на средба со Претседателот Црвенковски. Разговарале за проблемите околу донесувањето на законот со кој би требало да се реши нивниот статус. Црвенковски кој минатата година одби да го потпише законот со кој се обезбедуваше социјална сигурност на стечајците денеска ги ислушал но ништо не им ветил. Немал ингеренции за решавање на проблемот.

На последната средба што ја имаа со министерот за труд и социјала Љупчо Мешков, стечајците беа одбиени до пензионирање или вработување да добиваат по 5 илјади денари месечно. Владата остана на ставот дека пари за нив во буџетот нема а решението за нивниот проблем го гледа во вработување преку активни мерки. Стечајците и по денешните средби со Претседателот Црвенковски остануваат во паркот спроти републичкото собрание.
 
Црвенковски не потпишал закон оти му подметнале поголема бројка

Делегација на стечајците кои со 18 шатори веќе 37 дена протестираат во паркот спроти зградата на Парламентот, вчера беше примена од страна на претседателот на Р.М. Бранко Црвенковски. Во едночасовниот разговор стечајците го потсетиле Црвенковски за непотпишувањето на законот од негова страна што се случи во времето на СДСМ на што тој одговорил дека подоцна сфатил дека бил излажан со големиот број на стечајци чие барање треба да се решава, па наместо 17.000 колку му било презентирано, всушност биле три пати помалку од тоа. :tapp: :pos2:
Црвенковски им ветил дека ќе се обиде да разговара со премиерот, нивното прашање да биде што побрзо решено и стечајците шаторите во Скопје да си ги заменат со своите домови.

VEST
 
Типичен Advertising, ништо повеќе
 
Narodot e peder.. NARODOT, nikoj drug. Sramota
 
Видете, ова е проблем кој не е толку едноставен. Ајде да бидеме малку реални. На никого не му е драго за судбините на стечајците, на никого не би му посакал таква судбина.

Што всушност се случи со овие луѓе и фирмите во кои тие работеа во периодот на транзицијата? Од една страна, фирмите беа испокрадени од раководството (во служба на политичарите), но многу од фирмите работеа и нерентабилно (ајде да бидеме реални). Ако во минатиот систем државата им го береше гајлето (исплата на сигурни плати без разлика дали се остварува профит), во новиот систем тие фирми беа загубари. Сам произведуваш, сам остваруваш профит (или загуба). И, загубата носи стечај.

Вака, многу едноставно звучи проблемот, Бране или Грујо ќе го потпишат законот и сите стечајци ќе бидат обезбедени и сите ќе бидеме среќни. Дали некој размислил од каде ќе бидат обезбедени тие средства и дали некој има претстава колкави се тие средства кои државата континуирано треба да ги обезбедува за нив? Пак ќе го јадеме ние, граѓаните, даночните обврзници.
 
Мистичен напиша:

E добро, а што според тебе треба да прават тие луѓе? Сите се околу 50-60 години. Кој би ги примил на работа??? Што се они криви што пропаднале фирмите? Криви се директорите што се утепаа крадејќи. Грујо треба да го донесе законот за конфискација на нелегално стекнат имот, па да им го одземе на директорите и ете пари за стечајците. Ама тоа треба под итна постапка, затоа што овие луѓе се на крајот на егзистенцијата. Додека да го донесе законот, нека им обезбеди некаква (парична) помош. :salut:
 
За мене, стечајците воопшто не се криви. Криво е бившото раководство и самиот систем во целина.

Од една страна, кај раководството односот помеќу способноста и алчноста беше многу негативен, што придонесе слаб пласман, а повеќе задолжување со цел да се постигне баланс помеќу социјалниот режим и личните интереси. Се земаа кредити од разни доверители за социјален мир и свој раководителско-партиски џеб, а од друга страна, бизнис зделките беа само синоним за бизнис ручек... години со години, со распадот на YU, стечајот беше неизбежен. Работниците (сега стечајци) ги извршуваа своите обрвски т.е. беа на работното место, а дали имаше работа тоа треба раководството, заедно со партиските структури, да даде одговор.

Од друга страна, стечајците најповеќе ги боли инвестицијата која ја имаат давано во државата, во смисол на пензиско осигурување и самодопринос за подобро утро. После сите овие години, сите инвестирани пари во пензискиот фонд резултираат како топ-промашена инвестиција, а за самиот самодопринос т.е. неговата отуќеност, треба да одговараат претходните влади.

За мене, тоа што стечајците го бараат, е слично со денационализација. Доаќа друг систем и се што имале претходно, им се одзема или поништува.

Значи морално и етички, стечајците се во право. Дали сегашниот систем има можност да ги задоволи нивните барања, ДА, но само ако политичарите се откажат од колачот за кој мислат дека им следува.
 
Немојте така бе луѓе...па Коки Костовски и татка му ќе бидат после најголемите клошари...Гуштеров...ќерќите не Шутурко(бог да го прости)...уште еден куп други мало големи фаци кои ги испокрадоа фирмите „загубари”....
 
Што ќе речеше во старо време Минимакс -
Трла баба лан
Да јој проѓе дан....
 
Видете, ова е проблем кој не е толку едноставен. Ајде да бидеме малку реални. На никого не му е драго за судбините на стечајците, на никого не би му посакал таква судбина.

Што всушност се случи со овие луѓе и фирмите во кои тие работеа во периодот на транзицијата? Од една страна, фирмите беа испокрадени од раководството (во служба на политичарите), но многу од фирмите работеа и нерентабилно (ајде да бидеме реални). Ако во минатиот систем државата им го береше гајлето (исплата на сигурни плати без разлика дали се остварува профит), во новиот систем тие фирми беа загубари. Сам произведуваш, сам остваруваш профит (или загуба). И, загубата носи стечај.

Вака, многу едноставно звучи проблемот, Бране или Грујо ќе го потпишат законот и сите стечајци ќе бидат обезбедени и сите ќе бидеме среќни. Дали некој размислил од каде ќе бидат обезбедени тие средства и дали некој има претстава колкави се тие средства кои државата континуирано треба да ги обезбедува за нив? Пак ќе го јадеме ние, граѓаните, даночните обврзници.

Од таму од кајшто најдоа средства за Музеј на восочни фигури, од таму од кајшто најдоа пари за зголемување на платите и пензиите.... Е од таму. :smir:
 
Од таму од кајшто најдоа средства за Музеј на восочни фигури, од таму од кајшто најдоа пари за зголемување на платите и пензиите.... Е од таму. :smir:

Ееее,ама администрација се 140 000 со тенденција до следните избори да станат 200 000 доколку продолжи ваквата владина политика а стечајци останаа уште 50-60 000 со тенденција да се намалат пред избори затоа што зимава половина од нив ќе изумрат во паркот на Жена борец.
 
Па тоа е тоа, ме сфати шо сакам да кажам. Интерес интерес интерес и ништо друго!
 
Интересот е локални избори и уште 4 години по парламентарни,впрочем затоа и најновата идеја да се зголеми бројот на пратеници со малцински представници на кој им се гарантираат места.На тој начин во парламентот ќе имаме само "аминџии" но никако пратеници во буквална смисла на зборот.:(
 
Нека си ги работат нивите кои им се цели запустени ебате...што да праат...Ем сакаат да се легачат ем пари да зимаат, па то нема ни у мајна јеботе! :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom