9. мај - Ден на победата

  • Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување
Член од
8 јануари 2012
Мислења
91
Поени од реакции
103
Победа? Во војна никој не победува.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
8.073
Поени од реакции
7.022
Путин во говорот потсетил дека Советскиот сојуз во Втората светска војна го поднел најтешкиот удар и дека Црвената армија со херојска борба ги поразила неонацистите и донела слобода на народите ширум светот.Извор: http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=102934&kategorija=6
Нетпрес
Браво за неписменоста на Нетпрес.

Црвената Армија ги поразила нацистите, а на нас останува да ги поразиме неонацистите.

Гејските неонацисти освоија пратенички места во грчкиот Парламент на неодамнешните вонредни парламентарни избори во Грција, очајот и разочарувањето на гејците кај нивните политичари и од централната левица и од централната десница, ја донесоа Грција на истото дереџе на кое се наоѓала Вајмарската Република пред точно 80 години.

Во 1932 година во Германија, тогаш уште попозната како Вајмарската Република, се случила серија вонредни парламентарни избори во кои Германците, разочарани од централната левица и од централната десница, им изгласале доверба на крајно левичарските и на крајно десничарските партии, што на крајот резултирало со доаѓањето на Адолф Хитлер и на Нацистичката Партија на Германија на власт во Германија на 30 јануари 1933 година.

Дали на крајот на јануари 2013 во Грција ќе се случи истото што се случило и во Германија на крајот на јануари 1933, допрва ќе дознаеме, но и ние си имаме наши проблеми поради кои треба да бидеме загрижени.

Нашите пвеводбеници кои се на власт од 2006 година па наваму, фрлаат пари на позлатени коњи и на отровно скапи огради на мостови, само оградата на мостот кај Холидеј Ин ќе не чини неверојатни 1 милион и 150 илјади евра, додека вработените во Охис, Македонски Железници, Македонија Пат и ред други јавни претпријатија најавуваат протести и штрајкови поради непримени плати.

Но ни пвеводбениците не се вечни, и тие ќе си заминат еден ден, но што потоа ?

Ако не се раздолжиме што е можно поскоро и не си ја средиме економијата, воопшто не ни бега грчко сценарио и македонски неонацисти да дојдат на власт, засега звучи невозможно, но и во Грција звучеше невозможно пред 5 години, па еве до каде догураа гејците.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
5.840
Поени од реакции
4.565
Слушнете што вика лидерот на грчката ултра-националистичка партија Златна Зора ........ 02:20-

Аут оф мај кантри, аут оф мај хоум, мислејќи на имигрантите !
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.143
Поени од реакции
8.522
Дали на крајот на јануари 2013 во Грција ќе се случи истото што се случило и во Германија на крајот на јануари 1933, допрва ќе дознаеме, но и ние си имаме наши проблеми поради кои треба да бидеме загрижени.
Ако не се раздолжиме што е можно поскоро и не си ја средиме економијата, воопшто не ни бега грчко сценарио и македонски неонацисти да дојдат на власт, засега звучи невозможно, но и во Грција звучеше невозможно пред 5 години, па еве до каде догураа гејците.
Не се согласувам...
Фашизмот, никогаш нема да се врати.
Може да дојде до нешто друго, можеби нешто полошо, јас сепак верувам дека ќе дојде нешто подобро, но фашизмот е за секогаш, минато.
Идејата на фашизмот е да нацијата има поголем значај од човекот. А во 21. ќе доминираат правата на човекот и заштита на природата.
А за задолжувањето..., мислам дека треба да се направи таков меѓународен финансиски систем, кој ќе овозможи многу поголемо задолжување на државите, односно поголеми инвестиции во јавни работи и постигнување на полна вработеност. Но за тоа другпат, оваа е тема за Денот на Победата
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.282
Не се согласувам...
Фашизмот, никогаш нема да се врати.
Може да дојде до нешто друго, можеби нешто полошо, јас сепак верувам дека ќе дојде нешто подобро, но фашизмот е за секогаш, минато.
Идејата на фашизмот е да нацијата има поголем значај од човекот. А во 21. ќе доминираат правата на човекот и заштита на природата.
А за задолжувањето..., мислам дека треба да се направи таков меѓународен финансиски систем, кој ќе овозможи многу поголемо задолжување на државите, односно поголеми инвестиции во јавни работи и постигнување на полна вработеност. Но за тоа другпат, оваа е тема за Денот на Победата
фашизмот е и ќе биде креатор на недоразбирања,војни и уништувања за разлика од комунизмот......штета што комунизмот е минато и никогаш нема да се оствари

робови на системот.........
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.143
Поени од реакции
8.522
...штета што комунизмот е минато и никогаш нема да се оствари
За ова не сум сигурен...
Идеите на социјализмот се појавија уште во 18. век кога и идеите на капитализмот.
Мислам дека социјализмот и капитализмот се родени заедно и дека заедно ќе ги снема. Односно кога ќе пропадне капитализмот, тогаш ќе пропадне и социјализмот.
 
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
759
Zalam sto Adolf ja izgubi vojnata i toa mnogu.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
8.073
Поени од реакции
7.022
Не се согласувам...
Фашизмот, никогаш нема да се врати.
Може да дојде до нешто друго, можеби нешто полошо, јас сепак верувам дека ќе дојде нешто подобро, но фашизмот е за секогаш, минато.
Идејата на фашизмот е да нацијата има поголем значај од човекот. А во 21. ќе доминираат правата на човекот и заштита на природата.
А за задолжувањето..., мислам дека треба да се направи таков меѓународен финансиски систем, кој ќе овозможи многу поголемо задолжување на државите, односно поголеми инвестиции во јавни работи и постигнување на полна вработеност. Но за тоа другпат, оваа е тема за Денот на Победата
Фашизмот е само еден вид на тоталитаризам, а ги има секакви видови - во Северна Кореја, државната џуче религија го величи лидерот како Бог, во арапските држави на власт се теократски режими кои својата власт ја оправдуваат со љубовта кон Алах и верата во него, во Африка ги има бројни тоталитарни режими, а ние не сме имуни на нив, колку и да си замислуваме дека сме, има доволно масло за огнот, недостига само искра.

Твојата идеја за меѓународен финансиски систем веќе се спроведува во пракса, а институциите кои ја реализираат се ММФ и Светска Банка, бидејќи токму тие им даваат пари на државите свињи PIGS (Португалија, Ирска, Италија, Грција, Шпанија) за да си ги платат своите долгови, па еве до каде ги донесе таквиот финансиски систем гејците.

Друга идеја е да се заштедат тешко заработени пари кои ќе може да се инвестираат во иднина, Кина така направи, и покрај тоталитарниот режим кој владее во таа држава, низ децениите, Кина акумулираше доволно богатство за да денес ги откупува туѓите долгови, како што се долговите на САД и на државите членки на евро-зоната.

Но Кина не можеше да го акумулира сето тоа богатство низ децениите без смртта на околу 50 милиони невини луѓе кои ги изгубија животите поради глад, терор и чистки во времето на Мао Це Тунг.

На сличен начин и Советскиот Сојуз не можеше да се модернизира и од земјоделска држава кон крајот на 1920-те години да стане втора најголема индустриска сила во светот кон крајот на 1930-те години, без над 10 милиони робијаши во советските гулази кои копаа во рудниците, копаа канали и градеа брани, како и без над 10 милиони невини луѓе кои ги изгубија животите поради глад, терор и чистки во времето на Јосиф Висарионович Сталин, тука не спаѓаат и 27 милиони жртви кои ги дал Советскиот Сојуз за време на Втората Светска Војна.

Заклучок:
Секој треба да работи според своите можности и да заработува толку колку што заслужил, а не да заработува според своите потреби, тие кои заработуваа според своите потреби ја закопаа Југославија во долгови, а не тие кои заработуваа толку колку што заслужуваа.

И се согласувам, да се вратиме на темата - 9. мај - Денот на победата над фашизмот.

Како што веќе спомнав, Црвената Армија ги поразила нацистите, а на нас останува да ги поразиме неонацистите.

Неонацисти ги има насекаде низ целиот свет, доколку не си добро запознаен, во Норвешка, Шведска и Данска веќе постојат градови етнички исчистени од Евреи и "нелуѓе", исчистени од страна на неонацисти, се разбира, неонацисти кои им го направиле животот на Евреите, црнците и останатите имигранти речиси невозможен за живеење во тие градови, поради што истите тие групи на луѓе ги напуштиле тие градови.

САД и Канада се рај за неонацистите, таму имаш неонацисти повеќе отколку што можеш да си замислиш, нема да ги видиш на СиЕнЕн, ЕјБиСи, СиБиЕс, ЕнБиСи, Фокс Њуз и други телевизии, но во локалните весници на помалите градови (градови големи колку Скопје и Куманово по големина на територија и по број на население), ќе прочиташ за убиства предизвикани од најразни неонацисти, секташи и што ли уште друго не.

Верувај ми, најлесно е да кажеме дека помина времето на идеолошката борба, но ете, веќе ти ги спомнав тоталитарните режими кои владеат во Северна Кореја и во арапските држави, а таквите режими или ќе се изолираат од светот за да опстанат, како што е во случајот со Северна Кореја, или ќе се прошират за да опстанат, како што е со теократските режими во арапските држави, таканаречената Арапска пролет, која всушност е Арапска зима, донесе се, само не демократија во тазе "демократизираните" Тунис, Египет и Либија, во истите тие држави веќе се создаваат теократски режими кои, биди сигурен, нема да опстанат освен ако се изолираат од светот или освен ако се прошират, така да, идеолошката борба не само што не заврши со крајот на Студената војна, туку станува уште побрутална и уште помасовна, а на нас останува да бидеме будни и да внимаваме да не ни се случи и на нас грчко сценарио или Арапска зима која ќе ни донесе некаков теократски режим или слично.

Секогаш е најлесно да кажеме дека борбата завршила и дека нема повеќе за што да се грижиме од гледна точка на безбедноста.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
8.073
Поени од реакции
7.022
9 мај 2012
Воената парада во Москва


9 мај 2012
Воената парада во Санкт Петерсбург


На мене лично, повеќе ми се допаѓа парадата во Санкт Петерсбург, прикажана во вториот клип, ми се допаѓа како говори генералот, не му го знам името, ама дефинитивно поубаво говорат воените офицери во споредба со политичарите.

А и да не заборавиме дека Ленинград, денешен Санкт Петерсбург, бил жртва на опсада која траела долги 871 ден, после Сталинград, денешен Волгоград, во целост ја заслужува титулата Град Херој.

Од Сталинград, Ленинград и Москва, најмногу оштетен бил Сталинград, после него доаѓа Ленинград и дури на крајот доаѓа Москва.

Инаку, еве видео клип на кој е прикажана првата парада на победата над фашизмот, одржана на 24 јуни 1945 година.

Проверката на трупите ја извршил и говорот го одржал Маршалот на Советскиот Сојуз, генерал Георги Жуков, кој сносел одговорност само пред Сталин и бил еден од ретките кои можеле да му кажат НЕ на Сталин, бранител на Москва и ослободител на Сталинград и на Ленинград, врховен командант на Црвената Армија во битката кај Курск и победник во истата - до денешен ден најголемата тенковска битка во историјата на војувањето, како и врховен командант на Црвената Армија во битката за Берлин и победник во истата, бил еден од првите советски офицери кои влегле во седиштето на Канцеларството на Нацистичка Германија - кабинетот на Хитлер, по освојувањето на Берлин од страна на Црвената Армија на почетокот на мај 1945 година и лично ја примил капитулацијата на Нацистичка Германија потпишана од врховниот командант на германскиот Вермахт - фелдмаршал Вилхелм Кајтел (кој 17 месеци подоцна бил обесен поради воените злосторства на германските војници).

 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Гледам дека на Лет3 му успеа темава...
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
5.840
Поени од реакции
4.565
Светот и денеска е турбулентен, не е се така розово .......... од една страна сеуште постојат мал број на држави кои сеуште се Социјалистички како Сев.Кореја, Куба, па да ги ставиме тука и Венецуела, Боливија, додека пак Н.Р.Кина е Социјалистичка земја според државното уредување(едноумие/еднопартиски систем)меѓутоа економијата им е отворена кон светот т.е. имаат слободен пазар .......... од друга страна имаме земји кои ги водат како што кажа еден член погоре теократски(Исламски)режими кои го владеат народот во тие држави во името на Аллах(Господ), додека пак сето останато се Капиталистички земји, некои се стари Капиталистички земји(запад), додека пак повеќето земји(источна европа)кои беа половина век под Социјализам сеуште се земји во транзиција т.е. земји во развој ......... меѓу кои се наоѓа и нашата држава !
Светот е турбулентно подрачје, а интересно е тоа што се повеќе(особено на запад)како проаѓа времето се појавуваат различни екстремни групи, едните се нарекуваат Анархисти/Анархо-Комунисти/Нео-Комунисти кои се строги противници на Капитализмот и се залагаат за комплетно укинување на државата, нејзините институции, државните граници, укинување на класите, нациите, религиите, валутите(парите) и.т.н. т.е. накратко кажано се залагаат за бездржавно и безкласно општество(утопија т.е.), додека од друга страна пак се појавуваат скоро во секоја држава Ултра-Националистички и Нео-Нацистички групи кои се залагаат за чисти нации и чисти држави и дејствуваат радикално најмногу врз доселениците/имигрантите во тие нивни земји(Црнци, Арапи и.т.н.), од трета страна пак имаме и пораст на Исламскиот Фундаментализам најмногу во тие западни земји, ќелии на разно-разни Исламистички терористички групи во скоро сите земји од Западна Европа, како и во Америка .............. така да светот ите како е турбулентно подрачје кое може да експлодира ......... од една страна Анархисти/Нео-Комунисти, од друга страна Нео-Нацисти, од трета страна пак Исламисти ......... = боом ! :vozbud:
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
7.408
Поени од реакции
13.006
Денес е 9ти Мај ден кога сојузниците победија во втората светска војна


Ние изгубивме али не се љутима
еве уште една вистина
По тешките борби и пробив на сремскиот фронт
на 9 мај македонските дивизии од 15 корпус влегоа Загреб
но со тоа не заврши,победата и крај на 2С.С. за нашите борци.
Дел од нив останаа да парадираат во ослободениот Загреб
но дел продолжија да го гонат непријателот и во Словенија до Цеље.
Значи наши борци гинеа и по 9 мај 1945 година.
Имаше и доста тешко ранети кои подоцна им подлегнаа на повредите.
Но и по 15 мај кога е ослободена целосно Југославија, не завршија
борбените дејства на Македонските единици.
Тие враќаиќи се низ Босна го чистеа терените и шумите од заостанатите
непријателски единици и мали групации на усташи-четници и рд. изроди.
Конечно на 27 јуни 1945 година се свечено дочекани во Скопје.
За жал многу млади македонски борци ги оставија коските засекогаш
далеку од својата татковина,баш овие денови за туѓи интереси.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
7.408
Поени од реакции
13.006
на денешен ден - рапорт до 48 дивизија
17 мај 1945 година
село Буче - Рогашка Слатина - Словенија
Прва Македонска Ударна Бригада
Борци по список............................1755
Борци на положај...........................1224
Во болница.........................................15
Ранети во борбите..........................480
Во неизвесност..................................34
Загинат..................................................1 ( & )

...После ликвидирањето и на последниот непријателски војник,војската се врати во полазниот правец на одмор.
При денешната акција заробени се од нашата бригада 130 непријателски војници,а убиени 27, рањени 7.
Од наша страна беше ранет еден другар во главата кои после 4сата умре.
После пладне од 14-16 сатот,се оджаја политички часови на тема:
„Идното положеније на Трст,Словенечко приморје и Истра“.

( & )
Загина борецот Петруш Илиевски од село Белица - Кичевско
------------------------------------------------------------------------------------------------------( 9 мај ден на победата..........но таму се гинеше до 17 мај и потоа )
колку беа тешки овие борби на т.н. Сремски Фронт, еве еден податок
Во нашите единици имаше приближно 3000 ранети,
од кои некои подоцна ќе починат во болница.
Приближно близу 2000 загинати.
накнадно ќе се пишува за ова во темата Сремски Фронт
Вечна им слава на сите наши загинати борци во „ 2 С.В. “
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
1.673
Поени од реакции
1.058
9 Мај ден на победата над фашизмот!!! Каква победа??? На врапчињата им е јасно дека живееме во модерен фашизам бетер од тогашниот само што ни е различен окупаторот и за разлика од другиот светски рат кој траеше 4 години овој фашизам трае со децении и полека но сигурно сите не убива, а да не зборувам за Сирија, Египет, Либија, Ирак и уште еден куп уништени земји и народи и кои се сега придобивките на борбата против фашизмот???
 
Член од
24 април 2008
Мислења
8.073
Поени од реакции
7.022
9 Мај ден на победата над фашизмот!!! Каква победа??? На врапчињата им е јасно дека живееме во модерен фашизам бетер од тогашниот само што ни е различен окупаторот и за разлика од другиот светски рат кој траеше 4 години овој фашизам трае со децении и полека но сигурно сите не убива, а да не зборувам за Сирија, Египет, Либија, Ирак и уште еден куп уништени земји и народи и кои се сега придобивките на борбата против фашизмот???
Одговорот ти е` едноставен: слободата е лекот против фашизмот, исто како што фашизмот е лекот против слободата.

Се` додека постои слободата, ќе опстојува идејата на фашизмот.

Се` додека постои фашизмот, ќе опстојува идејата на слободата.

Разликата е во тоа што Русите и останатите советски народи пред 74 години се бореа и извојуваа победа против фашизмот и со право заслужуваат да се нарекуваат себеси победници над фашизмот, додека денешните севернофиромистанци и останати недостојни за наследството на АСНОМ, наместо да се борат, потпишуваат капитулација без борба со оправданија од типот "нас никој не не` прашува" и "се` е одлучено од надвор/одозгора".

Малоумните немаат право да се нарекуваат себеси потомци на партизаните и на асномците, и дефинитивно немаат право на наследството на партизаните и на АСНОМ.

Ако си мислел дека 9 мај 1945 е денот кога завршуваат сите агонии на човештвото, почнувајќи со агониите кои со себеси ги носи човечката агресија од еден човек врз друг човек, тогаш на дебело си згрешил, бидејќи 9 мај 1945 е денот кога заврши една агресија, а започна друга агресија.

Човечкиот живот е борба за опстанок, прашањето не е дали, туку како човекот ќе одлучи да ја води таквата борба.


Тие кои се родени во апсолутна тиранија се учени дека немаат право на слобода, а тие кои се родени во апсолутна слобода се учени дека слободата е право кое им следува со самото раѓање, без притоа да им биде потенцирано дека некој друг гинел за тие да го имаат таквото право.


Затоа малоумните кои не ја знаат цената на слободата се осудени истата да ја изгубат, бидејќи тие кои не си ја знаат историјата осудени се истата да им се повтори.
 
Последно уредено:
На врв Bottom