Пропадна Скопски Саем

  • Креатор на темата Креатор на темата Jedah
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.458
Поени од реакции
5.612
skopski_saem.jpg


По 67 години Македонија остана без сајмиште. Саем за мебел годинава нема да има. Манифестацијата нема каде да се одржи. Вакво известување од Скопски саем деновиве добиле компаниите кои се пријавиле за учество на оваа манифестација.

Што се случи?

Халите на Скопски саем досега во сопственост на словенечката групација ЕРА, се продадени.

Имотот на Скопски саем бил заложен во НЛБ Тутунска банка и во Комерцијална банка, кои долгот си го наплатиле со продажба на фирмата Кардфинанс од Бугарија за сума од 16 милиони евра.

На овој простор новиот сопственик планира да изгради голем трговски центар и повеќе деловно-станбени објекти.

По ланската купопродажба, Од Скопски саем негираа дека со продажба на имотот на Саемот ќе згаснат и саемските манифестации меѓутоа првите проблеми за одржување на саемите излезе кога беше Технома, во октомври лани кој се одржа во халите на Конгресниот центар Борис Трајковски.

saem-za-mebel-2015-porta3-13.jpg


Во текот на 67-годишното постоење на Скопски саем се одржаа бројни манифестации: Модест,
Мебел, Саем на книгата и либрографика, Денови на образование и кариера, Инфоком, Саем за
аудио и видео, Балканска туристичка берза, Скопје Травел Маркет, Одбрана и заштита, Аутоекспо,
Медицина, Агрофуд, Скомеса, Агроекспо, Технома, Саем за транспорт и логистика, ЕкспоБитола,
Алтравита, Саем на градежништво, Модна недела (Fashion week), Вински фестивал, национални
претставувања и промоци, бројни концерти и ивенти...

se-prodavaat-4-hali-od-skopski-saem-160130.jpg


Згасна уште еден промотивен настан во Македонија кој опсулужуваше многу фирми и нудеше пласман и реклама на нивните производи а за потрошувачите се нудеа попусти и промоција на повеќе фирми на едно место.

Згаснува и Саемот за книги. Тажно..... после 6 децении опстојување....

Македонија и Скопје како главен град, остануваат без саемски простор, на компаниите им е ускратена можноста за реклама а на граѓаните одземено едно култно место кое нудеше безброј можности како од економски така и од културен бенефит за оваа земја.

Почивај во мир Македонијо.
 
И фирмите кои седеа под кирија во управната зграда лека полека се селат на нови локации, ќе се руши се тоа.
 
Македонија и Скопје како главен град, остануваат без саемски простор, на компаниите им е ускратена можноста за реклама а на граѓаните одземено едно култно место кое нудеше безброј можности како од економски така и од културен бенефит за оваа земја.

Почивај во мир Македонијо.

Која drama queen.

:pos:
 
Која drama queen.

:pos:
А јебига... можда е некому заебанција што како држава се деградираме...
Денеска го немаме Скопски Саем. го немаме Шарпланински Куп.
Утре нема да го имаме Макфест, Таксират и Маратонот во Охрид (Се додека не се исплатат старите долгови и не се обезбедат нови средства за годинешниов маратон, најголемата спортска манифестација кај нас, нема да се одржи)
Задутре нема да ги имаме Визер, затоа што е расипнички со државни пари да финансираме приватни компании

За некои тоа ќе биде форумска лакрдија. Во меѓувреме темата "Бугарско државјанство (процедура и потребна документација)" и понатаму ќе биде синоним по кој се препознава овој форум. А бројот на активни членови Вкупно: 1.576 (членови: 435, гости: 1.066, роботи: 75) ќе се преполови.

Почивај во мир Македонијо, да така е.....

Странски компании што идеа и се претставуваа во Скопје повеќе ги нема!!! Не сме ни малку примамлив пазар. Зошто е тоа така? Наместо да напредуваме како нација се уназадуваме.
За да стапам во контакт со тие компании и да размениме мислење и да видам што се пласира на пазарот сега најблиску треба да идам до Белград. Тоа ли е добро за оваа земја?
 
Згаснува и Саемот за книги. Тажно..... после 6 децении опстојување....
Саемот на книги нема да згасне. Имаше и официјално соопштение од Министерството за култура дека тие се заложиле манифестацијата да не пропадне, дека ќе дадат поддршка за повторно одржување и дека веќе биле во преговори со спортскиот центар Борис Трајковски. Веста ја пренесоа и дел од издавачките куќи, само се шпекулира дека не успеале да го договорат пролетниот термин, па дека манифестацијата би се одржала во август или на есен.
 
Најголема глупост главен град да нема саем.

Саем било каков е нешто најдобро што може да му се случи на еден град. Штета би било доколку не се најде решение или не се изгради нов саем.
 
Арсим Нептун го купил местото и таму ќе се градат станбени згради молови и така натака.
Just business :sick:
 
Премногу драма.

Саемскиве манифестации пропаѓаат во цел свет, само најголемите успеваат, но и тие се под притисок.

Кај нас саемиве секоја година бележеа се помалку изложувачи и се помалку посетители.

Ова е нормална последица, затоа што на Македонија не и треба саем. Глупаво е да се прават иницијативи за саем со буџетски средства.
Затоа што ќе добиеме нешто како МРТВ која одамна е пропадната и не и треба на Македонија.
 
Едноставно само бизнис, некој зел кредит и пропаднал, банката го продава да си врати пари... незе не ја интересира дали тоа е некакво со значење. Таа дала пари и си ги сака назад заедно со камати. Ако Саемот бил рентабилен ќе си го врател кредитот на време без да извршно го одземат од газдата и оди на лицитација. Ако толку сакате да има скопје саем што не изградите еден, ова е капитализам, државата не треба ништо да гради со народни пари а да е од комерцијална природа.
 
Тоа е со овој начин на општествено управување. Што очекувавте?
Драматизирате сега...
Како може со општествени добра да располагаат поединци? Снемува струја во некое Свирипичино на 1800 метри надморска со 3 метра снег и ЕВН (приватна фирма) ти вика „ама мене не ми се исплати да ангажирам машини што ќе исчистат снег и ќе дојдат на вас да ви овозможат струја“ - со други зборови „ебете се!“.
Има работи што имаат пазарна вредност и има работи што имаат корисност (па дури и ако генерираат загуба). Ние тежнееме да раскурцаме се'. Сега за толкава локација и такви објекти ќе одлучува некој шупак што продавал фрижидери и шпорети, мител цариници, давал пари за партија и сеа тој ќе ти решава општествени проблеми.
Не приметуете дека градот ви е деформиран од „главниот збор на инвеститорите“ - тоа се плодовите. Ова со саемов е очекувана работа и се знаеше многу одамна. ЕРА го купи у време на кризата, направија ископ дури за една административна зграда, ама тоа остана така.
Еве саемот за автомобили рикоса, затоа што продажбата на коли рикоса, а не дека некој не сакал. Еден куп луѓе познавам што од тие импортерите останаа без работа. Ќе немало саеми.....а каква економија имаме и какво производство воопшто имаме? Ова е само нормален редослед на ненормални настани.
 
Голема загуба за македонскиот народ. Од каде ли ќе купуваме сега експонатен мебел по (демек намалени) цени? :nesumjas:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom