Нов инфлаторен бран во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата StefusRefus
  • Време на започнување Време на започнување

Стапката на инфлација од 10,5%, не била на толку виско ниво од независноста од земјава.

Ама слабо ве погаѓа некако . . . :)
 
инфлацијата е глобална, не е само тука. Одговорот може да го најдеме во политиките на западот.
 
Да меѓутоа западните земји имаат силни економии кој можат да го издржат овој инфлаторен бран.

Македонија опстојува на кревки нозе последниве години

За плати и надоместоци на 133.000 вработени во јавниот сектор, од буџетот на државава годинава се планира да се издвојат 531 милиони евра или 12 отсто од вкупниот буџет.
Ако се зголеми оваа сума за ветените 10 отсто, за плати и надоместоци ќе се одвојат дополнителни 53 милиони. Инаку, само оваа година буџетскиот дефицит ќе биде 600 милиони евра, пари кои што ќе мора да се најдат со задолжување.

Inflacijata-i-kamatite-ke-ne-izedat-9.jpg

Така да во 2023 година владата ќе треба да се задолжи 800 милиони евра за да врати стари долгови. Во оваа сума не е влезен буџетскиот дефицит за наредната година што значи дека задолжувањето би било поголемо или ако дефицитот е 3 до 4 отсто од БДП би значело дополнително задолжување до половина милијарда или над 1,2 милијарди евра.
Извор https://samoprasaj.mk/naacik/2349-inflacijata-i-kamatite-ke-ne-izedat
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Бамп на темава. На една друга тема мме однесе муабетот према инфлација, па гледам не се зборува многу на таа тема. Да отвориме нова или овде да пишиме ќе кажи некој модератор.
Али фино би било да се направи дискусија.
Дали ја осеќате? дали ќе продолжи, колкава ќе биде? Кои се причините?
 
Ја идев порано у маркет и правев сметка негде 5000 и све што ќе ми прднеше на памет купував, колку собира една количка...скоро, пола ја напунив 4 и кусур илјади хахахх, одиме накај подобро.
 
8.6% us inflation...od prilika 20% pomala kupivna mokj na mkd od 2020ta najverojatno ke bide I 30-35% ako se Smeta hrana kako glaven trosok I 40% ke bide no plati ke рипнат 20% моја претпоставка дека стагнацијата ќе резултира со окулу 20% намален животен стандард. Од прилика толку е секоја рецесија. Само оваа е од оние ретките последен пат имало ваква во САД во 1980та нешто како 1974 или 1980 е оваа имало нешто благо во 1990та ама мислам дека е ова појако т.е. како тие во 1974 и 1980та.
 
8.6% us inflation...od prilika 20% pomala kupivna mokj na mkd od 2020ta najverojatno ke bide I 30-35% ako se Smeta hrana kako glaven trosok I 40% ke bide no plati ke рипнат 20% моја претпоставка дека стагнацијата ќе резултира со окулу 20% намален животен стандард. Од прилика толку е секоја рецесија. Само оваа е од оние ретките последен пат имало ваква во САД во 1980та нешто како 1974 или 1980 е оваа имало нешто благо во 1990та ама мислам дека е ова појако т.е. како тие во 1974 и 1980та.
Пополека Стефус, има време, ќе ни направат некој пар непар или како со кафето во Југославија. Не верувам бенигно да заврши оваа работа, а не ни почнала шо се вика.
 
Пополека Стефус, има време, ќе ни направат некој пар непар или како со кафето во Југославија. Не верувам бенигно да заврши оваа работа, а не ни почнала шо се вика.
Од сабајле 3000 мкд за храна ќе јадеме 2 дена скромно.
 
Од сабајле 3000 мкд за храна ќе јадеме 2 дена скромно.
Денес бев во продавница, онака нешто ситно купив колку за денов за утре пошо сум на одмор, лабаво... На каса пошо беше од автоматските па немав кого да прашам дали може бубрег да дадам место пари...
 
Нема веќе ементалер сега сум на кравјо бело сирење, следен чекор урда :) продавницата полни рафтови нема жив човек. На каса сите со 2 работи...
 
Колку скокот на доларот ќе влијае врз поскапувањата во државава?
Нешто дискутирав со еден пријател.. Вика не дека Доларот јакне туку Еврото слабее и затоа
1$ = 1€ или Доларот кај нас скокна од 51ден. на 61ден.

Проблемов кој е
Бидејќи Денарот е директно врзан со Еврото од НБРМ тоа значи дека и денарот слабее.
Ако јас лани сум увезол репроматеријали во вредност од 8000$ сум потрошил 408000 МКД
Годинава бидејќи ми се потрошиле треба пак да увезам. Поскапени се 10% и истите треба да ги платам 8800$ MEЃУТОА на цената имам и девалвирана валута за која сега треба да издвојам 536800 МКД или 129000ден. повеќе за разлика од лани.
Значи мене не ми скокнала цената за 10% туку за 30% во однос на лани

Како ова ќе влијане на понатамошниот тек?
Има прогнози дека со доаѓањето на зимата поради енергетската криза Еврото дополнително ќе слабее а со тоа и денарот и шансите се Еврото да дојде 1.5:1 во однос на Доларот или 1$=90MKD
 
Ја прогласувам инфлацијата за мртво. Очекувам да се намали под 5% во следната година 2023.
Тамам си ти да те вработат во некоја од централниве банки. И тие истово го очекуваат. А и лани велеа транситори...
 
Да бе за мртво, еве сабајлево бев да земам пола кило спанаќ, 50 денари ми го наплатија... ПУ!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom