Повик за протест

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.640
Поени од реакции
27.598
Ги повикувам сите чеснољубиви луѓе да излезат и да протестираат против ова лудило што ни се случува, оградени од сите партии и политичари, на еден протест кој ќе биде почеток на крајот на ова 27 годишно лудило.

- Нека не ве фаќа апатија, ако сега ќутиме, утре ќе не однесат како телиња во кланица и ништо нема да речеме.
- Нека не ни е страв од полицијата, ние не сме криминалци, полицијата е на наша страна и на крајот полицијата ќе застане позади нас.
- Нека не ни е страв за животот, зошто ова што се случува во Македонија веќе не е живот.

И нека нема партиски знамиња, секој е добредојден се додека не дојде во име на партија... Да излеземе на протест во име на Македонија...
 
@santino ако друг организира, пак ќе се партизира, дај ние да организираме...[DOUBLEPOST=1521132369][/DOUBLEPOST]
@..........
Треба некој да прв да излезе, не да чекаме нас да не извадат...
 
Не, за сите глупости што се прават..
Не, за лоповлукот
Не, за распродажбата на националните интереси..[DOUBLEPOST=1521133970][/DOUBLEPOST]Јас идам сега, па макар изгледало тоа на прошетка...
 
Последно уредено:
Не на кајгана форум да дозволува политички теми и говор на омраза !
Не на оваа тема да се дискутира !
Не коментирајте на оваа тема !
Не јадете ла.на !
 
Ги повикувам сите чеснољубиви луѓе да излезат и да протестираат против ова лудило што ни се случува, оградени од сите партии и политичари, на еден протест кој ќе биде почеток на крајот на ова 27 годишно лудило.

- Нека не ве фаќа апатија, ако сега ќутиме, утре ќе не однесат како телиња во кланица и ништо нема да речеме.
- Нека не ни е страв од полицијата, ние не сме криминалци, полицијата е на наша страна и на крајот полицијата ќе застане позади нас.
- Нека не ни е страв за животот, зошто ова што се случува во Македонија веќе не е живот.

И нека нема партиски знамиња, секој е добредојден се додека не дојде во име на партија... Да излеземе на протест во име на Македонија...
Пред домовите на пратениците треба, во секој град. Се друго е бесцелно.
 
Еднаш во некоја тема пишав, овој народ и оваа држава ќе пати се додека народот не се свести и со сопствени раце не исчисти се што е штетно за него.

Иначе поддршка за протестот. @jamajka каде е и кога?
 
sekoja vecer karsi sobranie, jas uste malce ke stignam..... kako prosetka koja ke porasne so tek na vreme. vikajte drugari poznanici....,
 
И по форуми ли почнавте бе? 200 реклами хајднав на фб сеа и тука ве има. А М А Н
 
Темата е отворена по барање на @jamajka, членот кој ја отвори. Политика аут!
 
Фала на тимот на кајгана и на Пеџа...

Сакам да кажам дека целта не ми е да повикувам на насилство, ниту пак сакам да се стави партиска конотација на еден ваков протест. Факт е дека партиите не делат, а нас не ни требаат повеќе поделби, ние и така сме поделени..

Овој протест го повикувам не само поради овој закон... Овој закон е само шлаг на тортата на сето она што ни се прави во последните 27 години. Ние сите сме жртви на неразумно водење на политика на политичари со сомнителни мотиви, претежно за лични цели.

Овој протест го повикувам дека политичарите владеењето во Македонија го сметаат за привилегија, а не обврска и тоа на грбот на нас и на нашите најблиски.

Овој протест го повикувам дека сметам дека е крајно време да кренеме глава против овие глупости што ни се прават, да застанеме масовно во одбрана на нас самите, дека сами поединечно не можеме да се одбраниме, туку само кога сме заедно.

Овој протест го повикувам, да побараме од полицијата која е од народот, да застане во наша одбрана, против криминалците што се кријат позади гласот на народот.

Овој протест го повикувам да се крене самодовербата на народот, која е уништена после последната шарада кога ја уништија секоја надеж за подобро утре.

Овој протест го повикувам од причина што го делат и закрвуваат народот со партиска и идеолошка припадност, а на крајот сите сме робови на кои достоинството им е сурово изгазено.

Овој протест го повикувам да завршиме сплотени и единствени, затоа што само така можеме да си го вратиме нашето достоинство и слобода.

Партиите не се добредојдени, но нивните членови ќе ги пречекаме со отворени раце..
 
Последно уредено:
Мене ми е срам да излезам на било каков протест во македонија. :)
 
За почеток си можел да пишеш кога и каде ќе се одржува протестот/протестите, па некој флаер да издизајниравте, па да специфицирате кој ќе говори на бина итн. Слабо ПР, слабо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom