ЛЕД СИЈАЛИЦИ

  • Креатор на темата Креатор на темата GTTI-TDI
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
29 ноември 2014
Мислења
33
Поени од реакции
1
Возраст
28
Здраво. Дали се исплати да ставам лед сијалици напред и дали е казниво?
 
Здраво. Дали се исплати да ставам лед сијалици напред и дали е казниво?
За казниво незнам дали е, али премногу пречи на другиве автомобили кога се разминуваш и често ќе ти блиндираат.

А имам чуено дека може и инсталацијава на колава да ја сјебеш, поточно да лапа повеќе струја отколку што е потребно.

И јас се мислев за купување, ама после тоа... си реков подобро не.
 
LED-от ќе троши помалку струја од обичната сијаличка така да не ви е точно сознаниево
не е казниво, може да смета во разминување ако не се наместени добро наштелани фаровите па светат нагоре а не во патот
ако сака некој лед да става имаме експерт за тоа на форумов @marchesk
 
Размислував да порачам некои од ali express за некои 20-30 долари. Е сега, има некои што се ладат со кулер, а други имаат нешто како плетени метални влакна. Кои се подобри?
 
Воглавном се смета дека ксенотот дава најјака светлина, а халогените најслаба, а ЛЕД-от се некаде измеѓу(ова сум го читал на Алиекспрес од самите купувачи во (образложенијата).
ЛЕД-от најмногу одговара на коли каде второто-долго светло е засебно, па вклучувањето и интензитетот мора да се моментални(Пунто на пример). јас на пунтото што го користам како второ возило(од мој роднина) му имам ставено ксенон светла на средните, а за долгите размислувам да ставам ЛЕД бидејќи комбинацијата ксенон-халогени е без врска и никако не се поклопуваат во осветленоста
 
... можеби примена на лед сијалици за регистрациони светла или внатре во автомобилот ама мислам дека за долги, кратки или позициони светла на автомобилот се уште не се легализирани, но ете побарав во законските акти ама не можев да најдам дека се забранети! ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА („Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/15 и 226/15), пречистен текст !
14. Употреба на светла во сообраќајот
Член 86
Во сообраќај на пат, дење и ноќе,за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот. Обврската од ставот (1) на овој член, не се однесува за возачите на запрежни возила и велосипедистите кога запрежното возило, односно велосипедот го управуваат дење, освен во услови на намалена видливост....
... ама како обавезителна опрема што треба да се има во автомобилот исто се и сијалици, но не од тип на лед сијалици !
 
Да, но дозволено е да се вози со ксенон сијалици, па зошто не би било доволено да се вози и со ЛЕД сијалици, ако го земеме фактот дека ксенон сиојалиците се за нијанса посветли од Лед сијалиците?
 
дали сте сериозни со ова забранетиве?

па скоро сите новиве коли доаѓаат со лед светла и на никого не му сметаат зашто се убаво подесени, а има и идиоти што возат халгени сијалици (оние незнам со појака светлина ова она) а ги отерале у воздух мислиш сигнализираат на авиони.
И далеку од тоа дека ксенон се најјаки, ме мрзи да го барам видеото сега каде прават споредба, на јутјуб сигурно ќе најдете милион, ксенон има најјаки долги, а обични се најјаки на лед.
 
Читав и дека ксенонот не траат толку долго како ЛЕД сијалиците, треба да се менуваат почесто, додека ЛЕД-от има 50 000 часа гаранција, а може и повеќе.
 
20180130_190747.jpg

Еве како светат ЛЕД сијалици, ги купив од Автолидер од Чаир, овие се H1 ги платив 300 денара двете, Кинески се.
Сам си ги наместив.
Малку поубаво светат од претходните кои беа обични.
Имаше и едни од 700 денара, такви ќе купам за долгите.
Немам канал, иначе и магленките ќе си ги сменам.[DOUBLEPOST=1520193587][/DOUBLEPOST]
Читав и дека ксенонот не траат толку долго како ЛЕД сијалиците, треба да се менуваат почесто, додека ЛЕД-от има 50 000 часа гаранција, а може и повеќе.

Грешка си читал, ксенонот трајат подолго, мора да имаат трафо, и да има ладњаче за да можат да се ладат побрзо. Да не загреваат.[DOUBLEPOST=1520193702][/DOUBLEPOST]
За казниво незнам дали е, али премногу пречи на другиве автомобили кога се разминуваш и често ќе ти блиндираат.

А имам чуено дека може и инсталацијава на колава да ја сјебеш, поточно да лапа повеќе струја отколку што е потребно.

И јас се мислев за купување, ама после тоа... си реков подобро не.

Можеш да ја сјебиш, ако фабричката сијалица е 55w а ти да туриш сијалица од 100w, е така ракетата ќе ја ебиш, друго ништо.
 
Најдобро да си ги чуваш твоите сијалици. LED и Xenon од Ali е еднакво на самоубиство.
 
дали сте сериозни со ова забранетиве?

па скоро сите новиве коли доаѓаат со лед светла и на никого не му сметаат зашто се убаво подесени, а има и идиоти што возат халгени сијалици (оние незнам со појака светлина ова она) а ги отерале у воздух мислиш сигнализираат на авиони.
И далеку од тоа дека ксенон се најјаки, ме мрзи да го барам видеото сега каде прават споредба, на јутјуб сигурно ќе најдете милион, ксенон има најјаки долги, а обични се најјаки на лед.

Зависи колку келвини се..
Имаш ксенон од 6000К, 8000К и 10000К.[DOUBLEPOST=1520194000][/DOUBLEPOST]
Размислував да порачам некои од ali express за некои 20-30 долари. Е сега, има некои што се ладат со кулер, а други имаат нешто како плетени метални влакна. Кои се подобри?

Тие што се ЛАДАТ нормално. Нема да ти загреваат и да го топат пластичниот фар.
Тие од Али експрес истите и во Автолидер и во Автокинг ќе ги најдеш.
Ако си каматен и те бидува можеш и сам да ги наместиш, не е ништо тешко.
Оди кај некој што се занимава со такви џиџи-миџи работи и ќе ти ги намести.
За мојата Х1 бара 2300 со се местење комплет.
Малку замерка им наоѓам на долгите ксенон светла, бидејќи кога ќе возиш ноќе, на магистрален пат, мораш да почекаш 4-5 секунди да се запалат, иде друго возило ги гасиш, и после пак кога ќе ги запалиш пак по 3-4-5 секунди се палат.
 
Последно уредено:
Поентата на LED сијалиците е да проектираат повеќе светлина, а да трошат помалку струја. Кај нас на пазаров се што се нуди е кинеско производство, но и од нив има одлични модели.

Кај секое возило рефлекторот е различен, но кај повеќето може да се наштелува за да не им сметаат на возилата кои доаѓаат од спротивен правец, а сепак да добиете подобра прегледност.

LED-от е понова технологија и има предности пред xenon-от, секако моделите кои не се базирани на xenon. Векот на траење им е подолг (но, сепак зависи од тоа што ќе одберете)

Не е казниво, ниту забрането.
 
Дали може да откаже системот за ладење на ЛЕД сијалиците и ако откаже што може да се случи?
 
дали сте сериозни со ова забранетиве?

па скоро сите новиве коли доаѓаат со лед светла и на никого не му сметаат зашто се убаво подесени, а има и идиоти што возат халгени сијалици (оние незнам со појака светлина ова она) а ги отерале у воздух мислиш сигнализираат на авиони.
И далеку од тоа дека ксенон се најјаки, ме мрзи да го барам видеото сега каде прават споредба, на јутјуб сигурно ќе најдете милион, ксенон има најјаки долги, а обични се најјаки на лед.

неубава работа се, имаш некои аудиња, бемвиња нови со лед штопови кога кочи буквално те заслепува скроз како ласери се, не знам со кој памет ги направиле легални колку сака нека се штедливи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom