Која банка е најдобра? (ваши искуства со банки)

  • Креатор на темата Креатор на темата cYb3rc0re
  • Време на започнување Време на започнување
Јас не би прашувала, освен ако ми наплатиле дупло. Ти како сакаш, обврска немаш, а може сами да те побараат ако си ја увидат грешката :)
Си наплатија сами, после 2 месеци. Проверував состојба и видов дека си ја реализирале наплатата пред неколку дена (точно 2 месеци откако го купив производот кај нив).
 
Дечки брзо прашање, кога земаш станбен кредит на пример и бараш 50000 евра, сеа нели во денари ги исплаќаат средствата, ме интересира по кој курс ги исплаќаат?
Дали е по тогашен среден курс спрема НБРМ, или по некојси безвезе курс од самата банка?
Во преддоговорот со продавачот ако не е веќе доцна(а најверојатно е) специфицирај среден курс. Инаку ќе ти се јават од банката да си доплатиш курсната разлика што е некаде на овие 50 000 евра ако толку е станот ќе биде 20 000 денари.
 
Специфицирав да е среден
 
Не знам дали е ова вистинското место, ама ај да прашам. Дали знае некој колку е провизијата ако плаќам со MasterCard од НЛБ во Грција?
 
Без провизија е плаќањето ама јас бев во СБ да ми одобрат плаќање во странство
Ако во текот на денот имаш повеќе трансакции може да ја одбива кратичката така да ти побарај да внесеш пин и ке нема проблем

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Za potroshuvacki kredit da ti kazat dali e odobren ili ne , kolku se ceka?
Na 19ti podnesov dokumenti ushte nema odgovor...se raboti za Stopanska banka a.d Bitola
 
Некој да ми каже која е најдобра банка на правни лица (со повеќе вработени) што работат со странство (константен прилив од надвор во девизи). Ме интересира кој има најмали провизии и најокеј услуга. Ако има некој искуство/информации. Фала многу! Поздрав
 
Кај НЛБ има девизна клаузула за депозити ама за правни лица па ме интересира, а не најдов:

За физички лица дали Комерцијална и Стопанска банка имаат можност за штедење со девизна клаузула? И дали мора да бидат орочени или може и штедни влогови по видување.
 
Mislam deka site banki ja imaat taa možnost, osobeno golemata trojka.
 
Поздрав.Може ли некој ако само точно знае да ми одговори.Дали би имал некаков проблем доколку на своја сметка си уплатам 3-4 пати во текот на годината по 7000-8000€ ? И дали воопшто треба тие пари да се пријавуваат во УЈП или ? Не сум вработен во Мк,работам во Германија и си имам заштедено пари,НО парите ми се кеш… Фала
 
Подобро е да ги ставиш на германска сметка и преку Свифт да си ги префрлиш на македонска банка за да не те пријават нашите банки во МВР/финансова полиција кога ќе почнеш да им носиш 8000 евра во кеш..Сумњиво е малце :)
 
Добро,еве и така да направам,дали ке треба да се пријавува нешто во УЈП ?
 
Не, затоа што банките имаат цела листа на кодови под кои ги заведуваат парите чим легнат, ти ќе треба да им доставиш договор за работа од фирмата која ти пушта плата, и документ дека имаш дозвола за престој/работа во Германија, и банката ќе потврди дека си праќаш лично на себе. Најубаво е да одбереш една банка и да им пишеш мејл за да ти објаснат убаво што ќе треба да им доставиш. Целата поента е да се потврди потеклото на парите и да утврдат дека физичко лице - ти - си префрла средства од странска банка на сопствена девизна сметка во МК банка.
 
Супер.А доколку пуштам на мојот татко на негова девизна ? Јас моментално немам девизна во Мк,а за да извадам претпоставувам дека треба лично …
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom