Фотографија (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата ROZA
  • Време на започнување Време на започнување
како во photoshop да направите слика со поголем квалитет
- кога ке завршите со правенјето на фотката ако сакате сликата да има поголем квалитет само ке отворите new layer и ке претиснете edit > аpply image и ке претиснете ctrl+j 3 пати да имате 3 layers со исти слики
кликнете на 3от и направете sharpen и ке намалите opticity na 70%
ке го отворите 2от и ке направите g.blur со кој процент сакате али препорацувам 1,5% и од тие три тој сто е првиот и најдоле ке го оставите да биде ко база

се надевам дека ви помогнав ако имате усте прасанја слободно прасајте
Неколку пати е објаснет овој ефект (со други филтри) ама тоа е тоа уствари.
Јес да треба да напоменеш дека не е за сите слики овој „ефект„
 
Неколку пати е објаснет овој ефект (со други филтри) ама тоа е тоа уствари.
Јес да треба да напоменеш дека не е за сите слики овој „ефект„
да се согласувам но секогаш кога правам абстрактно нешто го правам овој ефект
и секогаш испага двапати поубаво
 
Чекај пријател, мешаш поими малку. Сакаш квалитетна фотографија, или сакаш да си играш со апстрактоини? :)
 
Чекај пријател, мешаш поими малку. Сакаш квалитетна фотографија, или сакаш да си играш со апстрактоини? :)
Мисли на оној Холивуд ефект....со gausian blur. Премногу нежна кожа и истакнување на одредени over или under exposed површини
 
како во photoshop да направите слика со поголем квалитет
- кога ке завршите со правенјето на фотката ако сакате сликата да има поголем квалитет само ке отворите new layer и ке претиснете edit > аpply image и ке претиснете ctrl+j 3 пати да имате 3 layers со исти слики
кликнете на 3от и направете sharpen и ке намалите opticity na 70%
ке го отворите 2от и ке направите g.blur со кој процент сакате али препорацувам 1,5% и од тие три тој сто е првиот и најдоле ке го оставите да биде ко база

се надевам дека ви помогнав ако имате усте прасанја слободно прасајте

Брат и јас така едно време мислев дека тоа е квалитетна слика ма ато уствари ти е кич слика :) не си разбрал ти добро за квалитетна
слека треба нешто сосема друга како :)
 
Дали е можно и како на една слика да и се зголемат димензиите без притоа да изгуби на квалитет? Чув дека може во фотошоп, но минимално, не од слика од 2 по 2 сантиметра да направиш 2 по 2 метра џам, но прилично да. Имам некои убави фотки од послаб мобилен но мали се па така... :)
 
Moжно е, ама до кој степен зависи. И ти резолуцијата за на екран ќе ја зголемиш без проблем, ама ако сакаш да принташ ќе испадне тиња:(
 
Дали е можно и како на една слика да и се зголемат димензиите без притоа да изгуби на квалитет? Чув дека може во фотошоп, но минимално, не од слика од 2 по 2 сантиметра да направиш 2 по 2 метра џам, но прилично да. Имам некои убави фотки од послаб мобилен но мали се па така... :)

Има еден многу добар плагин за фотошоп, Genuine Fractals. Користи процес на интерполација и можеш да зголемуваш прилично мноогу. =]
Можеш да го најдеш на torrentz.com .
 
Мислам дека нема ваква тема, па затоа ќе пишам на оваа постара.:smir:
Може некој на кратко или на подолго да ми објасни што е:F Number и
Focal Length?
:pipi:
 
Имаш објектив и тело на апаратот во кој имаш сензор (или филм). Растојанието од последната леќа во апаратот и сензорот (филмот) е фокална должина. Имаш објективи кои имаат подвижни леќи и механизам за нивно движење напред и назат - тоа се ЗУМ објективи и се движат во најразлични опсеги, така да и фокалната должина може да биди (на пример) од 18-135 мм (кај дигитални) што пак би било некој еквивалент на 27-205 мм за 35 милиметарски филм со кроп сензор 1,5 (но тоа е друга прикаска. Постојат и фиксни објективи кои немаат механизам за движење на леќите (со фиксна фокална должина) неменлива на пример 35 или 50 или 85 или 100... мм кај кој тоа растојание е фиксно то ест не се менува

Ф бројката пак преставува ознака за отвор на блендата. Во секој објектив постојат “листови“ поставени во кружна форма со механизам за стеснување или проширување на кругот (отворот). Со тоа се регулира колку светлина ќе се пропушти низ објективот кон сензорот (филмот). Ф бројката се добива со делење на фокалната должина на објективот во мм и отворот на блендата во мм. Е сега пошто имаш дигитални апарати со многу помали сензори од 35 мм филм (кој е земен како стандард) фокалната должина се претвара во однос на 35 мм филм, на пример, Канон 450Д има сензор со кроп фактор 1,6. и кај него објектив 18-55 е еквивалент на филмски 29-88 милиметри, за одредување на Ф бројка се зема помалиот број (29). Помалата Ф бројка значи ПОГОЛЕМ отвор на блендата и ПОВЕЌЕ светлина која влегува низ објективот кон сензорот (филмот) а со само тоа и пократко време на осветлување на сензорот (филмот) и со тоа и побрз објектив. Ф бројките се добиваат со множење со корен од 2 (1,41) така да низата на Ф бројки е 1,4*1,41=1,97 или заокружено 2, па после 2*1,41=2,82 или заокружено 2,8 и така натаму. секој нареден Ф број пропушта дупло помалку светлина од предходниот така да на пример Ф 11 пропушта дупло помала светлина од Ф8.
Обично низата на Ф броеви оди 1,4-2-2,8-4-5,6-8-11-16-22-32 но тоа не е правило затоа што имаш и низи од на пример 2,8-4-5,6-8 и други низи.
 
Ме интересира што е разликата помеѓу CCD и CMOS сензорите, кои се нивните предности и слабости.
 
Има толку за тоа пишувано низ интернет така да можеш да најдиш преку гоогле се што те интересира. И едниот и другиот имаат свои мани и свои предности. Двата се сосема различни технологии Генерално ЦЦД е подобар при шум, ЦМОС има повеќе функции интегрирани во зензор и е поекономичен во трошење енергија.
 
Не знам дали оваа е најсоодветна тема, но ме интересира за Burst модот.
Кој знае добро нека ми го објасни.
 
Pentax optio M10..го најдов чудово во фиока, вреди ли да се извади од неа? што фоткици можам да направам со него?
 
Pentax optio M10..го најдов чудово во фиока, вреди ли да се извади од неа? што фоткици можам да направам со него?

И ко беше нов модел беше преставник на ефтини поинт енд шот апарати.
Значи ништо спектакуларно али шом ти е у фиока (не треба да го купуваш) извади го и сликај .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom