Имаш објектив и тело на апаратот во кој имаш сензор (или филм). Растојанието од последната леќа во апаратот и сензорот (филмот) е фокална должина. Имаш објективи кои имаат подвижни леќи и механизам за нивно движење напред и назат - тоа се ЗУМ објективи и се движат во најразлични опсеги, така да и фокалната должина може да биди (на пример) од 18-135 мм (кај дигитални) што пак би било некој еквивалент на 27-205 мм за 35 милиметарски филм со кроп сензор 1,5 (но тоа е друга прикаска. Постојат и фиксни објективи кои немаат механизам за движење на леќите (со фиксна фокална должина) неменлива на пример 35 или 50 или 85 или 100... мм кај кој тоа растојание е фиксно то ест не се менува
Ф бројката пак преставува ознака за отвор на блендата. Во секој објектив постојат “листови“ поставени во кружна форма со механизам за стеснување или проширување на кругот (отворот). Со тоа се регулира колку светлина ќе се пропушти низ објективот кон сензорот (филмот). Ф бројката се добива со делење на фокалната должина на објективот во мм и отворот на блендата во мм. Е сега пошто имаш дигитални апарати со многу помали сензори од 35 мм филм (кој е земен како стандард) фокалната должина се претвара во однос на 35 мм филм, на пример, Канон 450Д има сензор со кроп фактор 1,6. и кај него објектив 18-55 е еквивалент на филмски 29-88 милиметри, за одредување на Ф бројка се зема помалиот број (29). Помалата Ф бројка значи ПОГОЛЕМ отвор на блендата и ПОВЕЌЕ светлина која влегува низ објективот кон сензорот (филмот) а со само тоа и пократко време на осветлување на сензорот (филмот) и со тоа и побрз објектив. Ф бројките се добиваат со множење со корен од 2 (1,41) така да низата на Ф бројки е 1,4*1,41=1,97 или заокружено 2, па после 2*1,41=2,82 или заокружено 2,8 и така натаму. секој нареден Ф број пропушта дупло помалку светлина од предходниот така да на пример Ф 11 пропушта дупло помала светлина од Ф8.
Обично низата на Ф броеви оди 1,4-2-2,8-4-5,6-8-11-16-22-32 но тоа не е правило затоа што имаш и низи од на пример 2,8-4-5,6-8 и други низи.