Фан клуб:Вардар!

  • Креатор на темата Креатор на темата Billa Bong
  • Време на започнување Време на започнување
Ја пропуштив вчерашната утакмица бидејќи се поклопуваше со Вардар-Веспрем.
Од дечки што ја гледале утакмицата сме ги добиле Феникс со 40-тина разлика, ќе видиме точен резултат кога ќе искочи на страната на МКФ.
Мечот каснел 40 минути, Бране ги растурил со тројки, а свое деби годинава имал и Миновски, дечкото на Пино, додека Пино навивала од трибините :icon_mrgr:

После три кола имаме 2 победи и 1 пораз.
Следниот меч во многу ќе решава за пласманот во втора лига, бидејќи имаме гостување кај Академија ФМП која засега е на првото место со скор 3 од 3, со победа кај Ангели во минатово коло.[DOUBLEPOST=1416180142][/DOUBLEPOST]Конечен резултат бил Вардар-Феникс 93-43!
 
Последно уредено:
Со Академија ФМП играме во фискултурно во сабота, подомашен терен амин :icon_mrgr:
 
Ги објавија списоците конечно :D
КК Вардар има пријавено 16 играчи за трета лига, Апаве во втора има пријавено само 10 и тоа сите се младинци или екс младинци :D

За КК Вардар се пријавени (заедно со година на раѓање):
1. Мичо Миновски :D 1988
2. Ѓорѓи Кочов 1984
3. Мартин Петковски 1990
4. Бранко Андриевски 1979
5. Филип Јанковски (двојна од Апаве) 1996
6. Дамјан Робев (двојна од Апаве) 1997
7. Борче Шутаров (двојна од Апаве) 1996
8. Горан Мирковски 1990
9. Давор Димески 1996
10. Филип Дуковски 1994
11. Славијан Трајковски 1994
12. Бојан Пападинов 1995
13. Драган Ангелов 1993
14. Иван Јанков 1991
15. Владимир Петровски 1991
16. Иван Давитковски 1990

Овие ФМП мислев помлада екипа имаат од нас, ама испадна дека тука некаде сме со годините. Ниеден играч не познавам од кај нив, така да очекувам победа во сабота :D Ангели имаат само 8 пријавени играчи, како само успеавме да загубиме од нив :D

За Апаве играат:
1. Филип Јанковски 1996
2. Дамјан Робев 1997
3. Борче Шутаров 1996
4. Мартин Шалев 1996
5. Димитар Илиевски 1995
6. Даниел Нацевски 1995
7. Методија Бешлиоски 1996
8. Јетмир Зекири 1996
9. Марко Огњановски 1994
10. Игор Ивановиќ 1993
11. Дејан Лазаревски 1993
12. Илија Ристоски 1993

Лазаревски и Ивановиќ се од шампионската младинска генерација и двајцата веќе 2-3 години играат а сениорите. Нацевски лани играше за сениорите, Илиевски го донесоа од Куманово за да игра во сениорите, ама на крај заврши кај младинците.
Шалев беше центар лани во младинците, Бешлиоски исто играше за младинците, Огњановски исто, а Зекири го донесоа од Лирија годинава :)

Млад тим, баш да видиме колку им е знаењето, ако не можат во втора лига, во прва уште помалце. Лазаревски беше предводник на младинците, време е и во сениорите да го каже последниот збор, мада како играше претходните сезони, не сум баш сигурен.

Инаку, дербито на колото, Академија ФМП-ВАРДАР во сабота од 14 часот во ФИСКУЛТУРНО!
 
Фудбал загубивме, женски ракомет загубивме, во машки ракомет не растураат, ама барем победивме онаму каде што присуствував :icon_mrgr:

Во дербито на шампионатот, славевме на најтешкото гостување против Академија ФМП!
Академија ФМП-Вардар 63-71!

За овој меч требаше да бидеме уште посилни бидејќи во составот го имавме и Костески кој лани на полусезона ни замина во Куманово.
Зошто викам, требаше да бидеме посилни? Затоа што ако не играше тој ќе си тепавме лабаво, а вака се мачевме до последни минути...

Што станало со човеков... Не дека беше некоја играчина, ама трета лига бе брат?
За Академија ФМП играше еден дечко од Комити кој има 200 кила и типот буквално ИМ ДРЖЕШЕ ЛЕКЦИИ како се искача на блок и како се игра под кош.
Се закопал Костески под кош, никого не чува, не утепаа со вишок правење.
Одбрана со Бранче и Костески, и двајцата повеќе се караат со судии отколку што играа. Плус го додаваш и Мичо тука, и сфаќаш каква тешка екипа сме имале :icon_mrgr:
Бранче мека рака, никој нема помек шут во лигава. Жбрца некоја тројка, ама колку само шутеви имаше папапапа :icon_mrgr:

Губевме цела прва четвртина, на крај мислам дека беше 17-13...
Конечно им текна во втора четвртина да направат замена и да го стават Петковски во игра. Искочи и Костески, се разигра Маци ги растури заедно со Кочов, па и Мичо не беше лош :icon_mrgr:
Влегоа и некои помлади, бркаа повеќе на терен, домаќиниве се изморија, им направивме голем притисок од трибини, и за неколку минути поведовме со двоцифрена предност :icon_mrgr:
На полувреме се замина со резултат 32-43.

Академија ФМП имаа еден играч, абе не растури човече. Одлична контрола на топката, одлични влезови, додуша тука голема вина имаше Костески што не ги следеше акциите, па нашиот чувар јадеше блок (Костески не превземаше) и цело време со иста акција не полнеа.

Судиите беа посебна приказна, ВРСКА НЕМАА...

Во второ полувреме не знам како ама домашните намалија на само еден кош разлика и тука се врати неизвесноста :icon_mrgr:
Ама Кочов, Петковски и Мичо беа добри во напад и цело време се одлепувавме на 4-5-6 разлика.

Во последниот дел истотака домашните се вратија во мечот, погодија и некоја тројка, ама одново на 2-3 минути до крај го зададовме финалниот удар и им избегавме на десетина разлика, за на крај да намалат на 8.
Едно време Мичо ќе поебеше работа кога тргна во контра и им налета на фаул во напад, а можеше и мораше само да положи. Потоа погодија тројка и намалија на 6, ама ништо посериозно.

Петковски одново мислам дека беше најдобар и ако играше цело време, мислам дека многу полесно ќе тепавме.
Домаќините имаа една солидна постава, ама мораа често да менуваат и откако ќе сменеа ја правевме разликата.

Со овој состав мора многу подобро да играат, имаме играчи што играле во прва лига. Мичо е физички многу поспремен од другиве, колку пати им влезе од нигде-никаде :D
Сигурно даде едно 15-тина поени...

Комбат во бројка од околу 35-40 луѓе. Салата беше одлично исполнета, имаше публика и за едниот и за другиот тим :D
На полувреме малце каснев, Комбат грмеа и се слушаа бајаги подалеку од салата :icon_mrgr:
 
10484727_854276307928074_8671101463640203592_n.jpg

Абе бива секој натпревар да касни. Овој почна во 15.00 а најавен во 14.00. Да чекаш повеќе од саат врме да гледаш трета лига е....... Овие саливе бар се потопли од оние прволигашките :)
 
Ги објавија списоците конечно :D
КК Вардар има пријавено 16 играчи за трета лига, Апаве во втора има пријавено само 10 и тоа сите се младинци или екс младинци :D

За КК Вардар се пријавени (заедно со година на раѓање):
1. Мичо Миновски :D 1988
2. Ѓорѓи Кочов 1984
3. Мартин Петковски 1990
4. Бранко Андриевски 1979
5. Филип Јанковски (двојна од Апаве) 1996
6. Дамјан Робев (двојна од Апаве) 1997
7. Борче Шутаров (двојна од Апаве) 1996
8. Горан Мирковски 1990
9. Давор Димески 1996
10. Филип Дуковски 1994
11. Славијан Трајковски 1994
12. Бојан Пападинов 1995
13. Драган Ангелов 1993
14. Иван Јанков 1991
15. Владимир Петровски 1991
16. Иван Давитковски 1990

Овие ФМП мислев помлада екипа имаат од нас, ама испадна дека тука некаде сме со годините. Ниеден играч не познавам од кај нив, така да очекувам победа во сабота :D Ангели имаат само 8 пријавени играчи, како само успеавме да загубиме од нив :D

За Апаве играат:
1. Филип Јанковски 1996
2. Дамјан Робев 1997
3. Борче Шутаров 1996
4. Мартин Шалев 1996
5. Димитар Илиевски 1995
6. Даниел Нацевски 1995
7. Методија Бешлиоски 1996
8. Јетмир Зекири 1996
9. Марко Огњановски 1994
10. Игор Ивановиќ 1993
11. Дејан Лазаревски 1993
12. Илија Ристоски 1993

Лазаревски и Ивановиќ се од шампионската младинска генерација и двајцата веќе 2-3 години играат а сениорите. Нацевски лани играше за сениорите, Илиевски го донесоа од Куманово за да игра во сениорите, ама на крај заврши кај младинците.
Шалев беше центар лани во младинците, Бешлиоски исто играше за младинците, Огњановски исто, а Зекири го донесоа од Лирија годинава :)

Млад тим, баш да видиме колку им е знаењето, ако не можат во втора лига, во прва уште помалце. Лазаревски беше предводник на младинците, време е и во сениорите да го каже последниот збор, мада како играше претходните сезони, не сум баш сигурен.

Инаку, дербито на колото, Академија ФМП-ВАРДАР во сабота од 14 часот во ФИСКУЛТУРНО!

овие Апаве многу слаби тешко дека ќе влезат во втора со оваа екипа баш вчера со Борец ги гледав, има доста слаби екипи во вторава изгледа само дома се тепа :D
 
овие Апаве многу слаби тешко дека ќе влезат во втора со оваа екипа баш вчера со Борец ги гледав, има доста слаби екипи во вторава изгледа само дома се тепа :D
Веќе се во втора, може да влезат во прва :P
Од колку саат играле? Тој што треба да им е најдобар, Дејан Лазаревски вчера беше во публика на утакмицата од трета лига ФМП-Вардар...
 
Веќе се во втора, може да влезат во прва :P
Од колку саат играле? Тој што треба да им е најдобар, Дејан Лазаревски вчера беше во публика на утакмицата од трета лига ФМП-Вардар...
Играше, ама 2ра постава почна и ништо не покажа, некако ко најдобар им беше еден центар висок околу 2м, може и више и не Шалев туку некој друг, прв пат го гледам :) од тоа што го видов во прво полувреме, а незнам во второ.
 
Веќе се во втора, може да влезат во прва :P
Од колку саат играле? Тој што треба да им е најдобар, Дејан Лазаревски вчера беше во публика на утакмицата од трета лига ФМП-Вардар...

за прва доста потешко :D

Играше, ама 2ра постава почна и ништо не покажа, некако ко најдобар им беше еден центар висок околу 2м, може и више и не Шалев туку некој друг, прв пат го гледам :) од тоа што го видов во прво полувреме, а незнам во второ.

поарно да не гледаше :D заради прекинот сега ќе има казниче.
 
Играше, ама 2ра постава почна и ништо не покажа, некако ко најдобар им беше еден центар висок околу 2м, може и више и не Шалев туку некој друг, прв пат го гледам :) од тоа што го видов во прво полувреме, а незнам во второ.
Ваљда Димитар Илиевски бил, Битолчанецот кој лани дојде од Куманово :D
 
Нема шанса тој вторилигашкиот да влезе во 1лига реално. Моментално ние од трета лига создадовме поискусен и подобар тим што може да ги победи Апаве.
 
Победа и над Марфил Спорт со 111-63!
150721_857795277576177_6233488684704391570_n.jpg

1507129_857795347576170_3987396863161126683_n.jpg


Комбат одново на трибините, иако мечот се играше во исто време како и ракометот со Цеље...
 
https://www.youtube.com/watch?v=1XJ1vKSmC7o
Натпреваров за чудо најмалку каснеше до сега само 10-20 минути. Бране 30 комада даде... На трибина беше весело апла опуштено. Тренерите наши суспендирани пак се активира војната КФМ - ККВ. Незнам до кај ќе се тера вака....
 
КК Пантери-КК Вардар 75-100!
Со 5-тата победа во серија, КК Вардар ја осигураше есенската титула во третата Македонска лига.
Денес веројатно и второлигашот играше утакмица, пошто скоро сите нивни играчи беа во сала, па и делот од младите кои се на двојна во Вардар не беа во нашиот состав денес.
Одвај имавме 8 играчи на теренот :D
Притоа, денеска Вардар играше без тренер, поради некој спор кој го имаме со КФМ, и не расчистени односи...
Али без тренер беа и Пантери, т.е. имаа некој дечко кој беше нервозен и се дереше цела утакмица, ама не ми личеше баш на тренер :D
Ние игравме со Мичо, Кочов, Бране, Маци и тој еден што не го знам, а игра со број 4.
Алелуја го немаше Костески да ја кочи играта :D
Играа уште и Струја, еден дечко од младинци кој изигра одлично и уште еден што не го знам.
Уште на стартот на утакмицата ја направивме разликата и до крајот на мечот само ја одржувавме разликата.
Мичо имаше одличен старт на мечот, сигурно имаше дабл-дабл учинок :icon_mrgr:
Еден член од форумов (ќе се пронајде :D) ја имаше честа да го чува во еден момент :D
Мичо лупна една тројка во последна секунда од прво полувреме, ни самиот не знаеа како ја даде :X3::pos:
Ја фрли во облаци, и погоди табла кош :icon_mrgr:
Бране изигра 35 минути и ако не се лажам одново беше најпрецзен на теренот. Меко раче има тренерот, не промашува тројки ако се намести убаво :icon_mrgr:
Неколку пати погоди и за кош и слободно :icon_mrgr:
Мислам дека на крај имаше едно 25 поени. Маци стандардно над 15 поени, и Кочов бапна доста тројки, а истотака он е виновен за многу од кошевите бидејќи е класа за лигава и дава одлични асистенции.
Струја даде некој кош и дечкото што влезе од младинците истотака даде над 10-тина...
На крајот борбата беше дали ќе дадеме 100-ка или не, откако во последните минути бевме очајни :D
Сепак на 20-тина секунди до крај, украдовме топка, дечкото положи и извади слободно за да го постигне 100-тиот поен за Вардар :icon_mrgr:
Пантери имаа неколку солидни играчи, имаа два-тројца со солиден шут, само слабо имаа осмислени акции.

Во сала имаше околу 80-тина луѓе од кои 30-40 од Комбат 87..
Денес некако не беа во форма и не ја дадоа баш потребната поддршка. Сепак на крајот играчите на КК Вардар дојдоа и ги фрлија маиците кај најверните фанови :cuc:

Моментот на мечот беше кога Бранче шутираше слободни, тренеров Мирковски му правеше ООООООООООООООООООООООООО:vozbud::pos::pos::pos:
П.с. утакмицата конечно почна на време :D
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom