Необично хоби

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување
Темава...:girlinluv:
- Јас собирав постери, кои уште ги чувам. И сите се беспрекорно мазни и рамни, спакувани... Десетина дебели кутии имам.

- Собирав албуми со самолепливи сликици дури и на стари години (од СП во фудбал и Ф1, до Барби и Хари Потер(:pos::pos::pos:)). И тие ги чувам, и сите можни дупликати. :)

- Слики од календари. Тоа ми е уште од баба ми, па мајка ми и сестра и`, па ја. :) И да додадам, и мали календарчиња.

- Собирав стакленца. Во сите можни бои и текстури.

- Собирав џамлии! Е нив ги имам... Мал милион. Ме мрзи да ги бројам.:)
- На море собирав школки и камчиња, ама само тие што беа невообичаени, поинакви од сите останати. :)
Секој ден ја напуштав плажата со уште пар кила камења. :pos:

- Корици од тетратки.

- Моливи. Ги острев до 2 сантима, колку да се гледа дизајнот, и после у колекција.

- Собирав "ствари" од M&Ms бонбоните. :) Шо све немав... Саати, ламби, касетофон, перница, маус, плишани бонбони, од привезоци до џиновски, и од мене поголеми... Не ми текнува, ама ги обожавав!

- Не знам ова колку е за фалење, ама со братучед ми собиравме модели на мини - автомобилчиња. Па шо ако де... Сега сестра му си игра со нив.:smajl:
 
Како дете многу сакав да ги гледам ”Македонски народни приказни”. И чичко Колозов имаше стално од оние мали торбичиња со врвка, за алтани, грошеви....не знам како се викаат точно. И почнав да плетам такви, од волница, шарени или еднобојни сеедно, со иницијали на нив. Некои ги поклонував, некои ги задржував за мене. И ги пунев со сваштарии, накит, метални парички.
И така почнав да плетам и џемпери, шалови итн.
После, исто по инсирација на м.н.п., почнав да месам лепчиња, сомуни:). Па ги шаркав одозгора.
 
Јас познавам една женска која краде шеќерчиња од кафетерии...не е можеби необично ама начинот на колекционирање е необичен :)
 
Сеуште собирам тетратки на кои сум пишувал т.е. мајка ми почнала да ми ги чува уште од раното 1во одд. а јас накај 5то негде ги најдов сите тие у село и си ги донесов тука. Понекогаш ги отварам да видам што сум пишувал, цртал. И како што поминувале годините така сум бил се поразличен. На пример тетратките од 5то ми се исцртани со некои си ексш хироус, 6то со грамофони микрофони и рапери, 7мо трајбли тогаш ме фати некоја тату манија:), 8мо љубав и графити, 1ва карикатури од професори, 2ра ганџа раста и слично, 3та карикатури од ученици
 
Ненамерно почнав да ги собирам кутиите од цигари. Прво целта ми беше да ми текне еден ден да избројам колку имам и колку пари сум дала, па демек да ги откажам, да ми се сврти во умот. Ама сеуште не ми дошло така, иако над 6 штеки празни кутии имам (а собирам од неодамна). Сега ги собирам затоа што имам замисла да направам нешто со нив, па не ни ми текнува да пресметам колку пари сум потрошила на нив.
Кога ќе биде готово тоа што ќе го направам со кутиите, тогаш ќе ставам тука слика да видите сите (само немојте да ми рачунате колку пари сум дала за цигари).
 
Покрај салфетки, поштенски марки и животинско царство :pos2: порано собирав и шишенца од парфеми ( и Форчн ја имаше истата мана :pos:) но сето тоа сега го нема салфетките ги раздадов по внуките, парфемите ги исфрлив .. свесно не собирам ништо ама се најдов себеси како колекционер на чевли :kesa: ко стоногалка да сум.
 
Fortune напиша:
Ненамерно почнав да ги собирам кутиите од цигари. Прво целта ми беше да ми текне еден ден да избројам колку имам и колку пари сум дала, па демек да ги откажам, да ми се сврти во умот. Ама сеуште не ми дошло така, иако над 6 штеки празни кутии имам (а собирам од неодамна). Сега ги собирам затоа што имам замисла да направам нешто со нив, па не ни ми текнува да пресметам колку пари сум потрошила на нив.
Кога ќе биде готово тоа што ќе го направам со кутиите, тогаш ќе ставам тука слика да видите сите (само немојте да ми рачунате колку пари сум дала за цигари).
:oftopic: Imat edni elektricni isto ko cigara da pusis samo bez katran i dr. Inace domasnive imet takva cigara i eve 5 meseci nemat zapaleno ni cigara :) :oftopic: A iako napisav edno neobicno hobi imaV dr. kaj so sobirav kajnaci, bilji neznam kako se vikat pravilno :)
 
Devilish Angel напиша:
Покрај салфетки, поштенски марки и животинско царство :pos2: порано собирав и шишенца од парфеми ( и Форчн ја имаше истата мана :pos:) но сето тоа сега го нема салфетките ги раздадов по внуките, парфемите ги исфрлив .. свесно не собирам ништо ама се најдов себеси како колекционер на чевли :kesa: ко стоногалка да сум.
Заборавив на шишињата (треба да почнам да ги собирам пак:icon_lol:), па дури и сме се менувале:pos:
И јас собирав салфетки, па миризливи ливчиња и корици од дефтерчиња, а ги раздадов и јас на помали братучетки. Имаше на времето едни сликички со дечиња и нив сум ги собирала, па потоа албум со самолепливи сликички од мастики :nesvest:

А да, собирав и слики од секого, кој и да кажеше дека се сликал, веднаш си барав една и за мене. Сеуште ги чувам (еден куп имам во постар новчаник) и ми останала навика да резервирам една слика и за мене кога ќе се слика некој за пасош или лична карта (Дивајн беше последната жртва на моето барање).
 
Devilish Angel напиша:
Покрај салфетки, поштенски марки и животинско царство...
Да беее, животинско царство... Како ли заборавив.:) Пошто ми беа редовна храна кога бев копиљ тие чоколатцата, ги собирав сликичките од животните и ги лепев кај стигнев, по биро, по кревет, по ѕид, по масата за јадење, по кујна, фрижидер, веце, по маиците на татко ми, па после тоа идеше на работа со жирафа залепена отпозади :pos: Моите толку ги нервираше таа навика да ги лепам сликичите по цела куќа, што престанаа да ми купуваат чоколатца. :pos:

Исто, ко мала, собирав онакви мали играчки од Киндер Јајца... Имав една витрина во детска и таму ги складирав сите, откако претходно ќе ги склопев, нели..:) Понекогаш дури купував Киндер Јајце само за играчката во него, а чоколадото го фрлав. :pos: После не знам, сум ги фрлила сите играчки, или сум ги дала на некого изгледа...
 
PSYtisfaction напиша:
Исто, ко мала, собирав онакви мали играчки од Киндер Јајца...
Ееее и јас заборавив на нив, ми беа ставени воподрум и сеа пред неколку недели бабами како чистеше ги најде...колку само многу ги имаше лелееееееееееееееееееее....

Исто собирав салфети ги имам цели три кутии до ден денсе ми се истересни и кога ке ги најдам ги разгледувам...сите се прекрасни, од свадби земани, од празници, од странство таткоми цели пакетчиња ми носеше...
 
Имам другарка што е дежурен информатор за непотребни ствари и има доста смешно хоби...собира опаковки од сапуни...а друга навика и е кога ќе ти влезе у веце да заглави мирисајќи се што ќе и се најде..истото го праи и по продавници
 
Порано собирав секакви ѓубриња.Сега веќе НЕ.
 
Како мал собирав животинско царство, а сега сестра ми собира салфетки
 
jas sobiram detelinki so 4 lista :)
 
почнав да собирам капачиња од пригат сокови :) :) :) иам едно 20тина за сеа...почна спонтано пред некој месец,и не ги прибирам да речеме секогаш,само коа ќе ми текне :) :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom