Се бараат пациенти со малигни заболувања за учество во интервју

  • Креатор на темата Креатор на темата Intervju
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
9 февруари 2012
Мислења
16
Поени од реакции
2
Возраст
45
Почитувани,
по успешно спроведените интервјуа во врска со Паркинсон и псоријаза пред неколку години, сега се бараат пациенти со докажани малигни заболувања за учество во едно интервју. Потребни се вкупно 40 учесници т.е. пациенти кои заболеле од на пр. рак на бели дробови, на дебело црево, простата, дојка, грло на матката, мозок, леукемија и слично. Избраните пациенти ќе треба да разгледаат еден прашалник во врска со заболувањето и да кажат дали и како ги разбрале прашањата. Тоа се прави со цел да се провери дали прашањата се лесно разбирливи за сите, или треба да се промени нешто. Разгледувањето на прашалникот ќе се врши лице во лице на некоја локација во Македонија (на пример дома кај пациентот), заедно со мене. Секој од пациентите кој ќе биде избран да учествува, ќе добие соодветна парична компензација (50-100 американски долари во денарска противвредност).
Доколку имате некој роднина, пријател, колега, со вакво заболување, прашајте ги дали се заинтересирани. Ако постои интерес, нека ме контактираат на intervju2018 @ gmail. com (без растојание меѓу зборовите и знаците, тука е напишано така за заштита од спам и ботови).
Доколку некој пациент биде препорачан од некоја здравствена установа, установата или вработениот (ќе се определи понатаму) ќе добие парична компензација во износ од околу 1500 ден.
Секој од пациентите ќе треба да докаже писмено (со отпусно писмо, упат или потврда од матичен лекар) дека има малигно заболување.
Друг предуслов е пациентите да се македонски државјани, да се наоѓаат во Македонија и македонски да им е мајчин јазик или да го владеат на соодветно ниво.
Ви благодарам однапред.
 
Конечно тема за мене, со 100 % исполнети услови за интервју.
 
Може да прашам на кој и зошто му се потребни овие интервјуа? Јас сум работел на слични работи како ова...можам да најдам пациенти и некоја помош за интервјуа.
 
Може да прашам на кој и зошто му се потребни овие интервјуа? Јас сум работел на слични работи како ова...можам да најдам пациенти и некоја помош за интервјуа.

Здраво, посредник меѓу мене и нарачателот на интервјуто е една фирма за лингвистички услуги. Интервјуата се потребни за да се провери дали прашалниците се преведени на јазик разбирлив секому, без разлика на ниво на образование. Вака проверените прашалници потоа би се употребиле понатаму при едно „вистинско“ испитување. Доколку можете да најдете пациенти, тоа би било супер. Можете да ми пишете лична порака за понатамошен контакт.
 
Здраво, посредник меѓу мене и нарачателот на интервјуто е една фирма за лингвистички услуги. Интервјуата се потребни за да се провери дали прашалниците се преведени на јазик разбирлив секому, без разлика на ниво на образование. Вака проверените прашалници потоа би се употребиле понатаму при едно „вистинско“ испитување. Доколку можете да најдете пациенти, тоа би било супер. Можете да ми пишете лична порака за понатамошен контакт.
... луѓе со малигни заболувања се некои заморчиња за лингвистички услуги ? А кој е нарачателот? ако веќе се бара конкретно пациенти кои веќе си имаат голема мака барем редно е да се знае кој толку се грижи? еве членот погоре како од пушка призна дека е идеален пациент за такво интервију, без да внимава дека јавно признава дека е болен или пак рецидивно преживува, зарем тоа не е интимата на пациентите кои вие ја нарушувате во име на лингвистички услуги за 1 000 ден? и на крај кој вели дека ова легално го работите со вакви незванични ник профил на форум и емајл и никакво објаснување? и кој знае што им барате во инбокс податоци кои понатаму ќе ги злоупотребите? што значи тоа „спроведени интервјуа“ дали имате законска дозвола за таква работа? м? :sakasuste:
 
Значи, ајде малку во прва брзина. Воопшто нема потреба од ваков тон и ваков јазик ниту овде, ниту на некое друго место. Пред да се влегува во конфронтација, не е лошо човек најпрвин да се информира за што станува збор. Во глобала, вашите прашања се на место, но би можеле да се разбереме со сосема посмирен и поцивилизиран тон. Инаку, неофицијално име и форум е од искуство, токму поради коментари како вашиот.
Сите овие работи кои што ги наведовте, секому којшто (учтиво) ќе праша, ќе му бидат одговорени, дали во врска со фирмата која посредува за интервјуто, дали во врска со начинот на обработка на податоци. Никаков податок нема да биде објавен јавно и ниту еден пациент нема да биде третиран како заморче (инаку, под „заморче“ наведено во ваков контекст како кај вас, се подразбира лабораториско животно кое се користи за експерименти и самото тоа нема право на избор дали ќе учествува во него или не). Кандидатите овде се пријавуваат сами и може во секое време да се откажат доколку сакаат. Никој не е принуден да учествува. Ова не е медицинско испитување, туку јазично. Претставува стандардна процедура на проверка пред да се пушти конечната верзија на прашалникот. Се проверува разбирливоста на прашањата (не се бара одговор на нив) за одредена целна група. Ајде замислете, доколку вие треба да пополнувате некој прашалник, за на пр. ново работно место, а не можете да ја разберете смислата на прашањата, како би го дале вистинскиот одговор? Целта на ова интервју е да се спречат вакви потенцијални недоразбирања.
Се надевам дека мојот одговор, вам а и на други, ви разјасни малку повеќе за што станува збор.

Доколку имате понатамошни прашања, радо би ви ги одговорил.
 
Поради непродуктивна дискусија од страна на одредени членови темава ја заклучувам и ја оставам како информативна чисто за бенефит на некој кој можеби ќе се пронајде во барањето. @Intervju пиши ми приватна порака ако има нови информации, ќе ги додадам.
Секако и нема што да се дебатира, има конкретно барање, податоци за контакт, не се кршат никакви закони, нема нелегални активности.
Кому не му чини темата нека ja прескокне, има други теми за млатење празна слама, не мора баш секаде да се истакнете со кооперациски муабети.
Рекламации не примаме.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom