Лекарските комисии за боледување(во Скопје)

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Возраст
70
Локација
Skopje
Јас сум немал потреба од нив и незнаев каде се.Но сега имав потреба,подоле ќе објаснам зошто и отидов денес да ги барам.
Лекарски комисии за продолжување на боледување во Скопје.
Незнам за другите градови како е и дали пак овие се за цело Скопје.
А во Скопје се наоѓаат во Букурешт или Румунска на Партизанска.
Веројатно секаде во светот се подобри условите за овие комисии а и за пациентите кој имат потреба во нив.Кој бил во скопскиве и знае,условите се некаде слични како оние од 19 век во Кирзистан или Казастан беше.
Во еден ходник од 10-тина КВ.чекаат 40-50-60 лица,некој од нив се дури и надвор.Има само неколку столеви,буквално пациентиве се како во кутија за сардини. На повик усно од докторот внатре со затворена врата треба да влезе нареден тешко болен,кој чуе-чуе,значи како она од пред 1-2 века пред врата ПОШТА. Тоа на кого даваат продолжено боледување или за кој дијагнози или како работат овие комисии ќе следува понатаму.
 
...што не направи неколку фотки, онака убаво да ги постираш јавно нека се види и визуелно за да дојде и таму животот! :(
 
Стариот мој беше тука лани во 2 наврата, бев со него, и сликата што ја видов, тешко се заборава. Плус вториот пат бевме во месец Февруари, сув студ. Суров е животот за болниот. Луѓе кои едвај преживеале тешка болест, кој со ампутирана нога, кој со срцева маана. Среќа, луѓето внатре беа услужливи и со разбирање, барем на такви налетавме.

Ми делува дека во Македонија се умира од институциите, не од болеста. Нормален човек тешко дека може да ја издржи целата тортура по комисии, шалтери, и неписменоста на луѓето вработени по институцииве.
 
Тоа на кого даваат продолжено боледување или за кој дијагнози или како работат овие комисии ќе следува понатаму.
Е за ова можам да ти кажам дека мене и покрај тоа што имав конзилијарно мислење потпишано од 3-ца д-ри и досие од направена операција на ногата не ми продолжија ниту ме прегледаа ниту ме викнаа внатре само ми го затворија и ми рекоа од тоа и тоа дато на работа, по моја реакција зошто ми го затвараат и покрај препораката да одмрам и нареден месец, добив одговор без преседан дека овие доктори биле по главни и да сум одел еден ден на работа па после да си отворам ново боледување
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom