Зелениoт чаj - извор на убавина и долг живот

  • Креатор на темата Креатор на темата TWEETY***
  • Време на започнување Време на започнување
пијам зелен чај со години, неможам да си го замислам денот без барем една шолја зелен чај. Е сеа у навика ми премина место едно кесиче ставам по две кесичиња одеднаш ама мислам дека тоа не ми прави проблеми.
Особено насабајле после "весела" вечер кога имам мамурлак многу добро ме разбиструва.
Е сеа за рефус никогаш не сум купил.. и незнам што е разликата
 
За ефикасноста на зелениот чај нема што да се зборува, докажано квалитетно и здраво за нашиот организам, читајќи ја темава добив повеќе сознанија за него и дефитивно после одморов почнувам со пиење редовно на зелен чај, секој ден по 2 шољи мислам дека е таман доза.
 
Ајде читам сите пиете, ќе пијам од утре, од задутре, ова, она, вака пијам, онака пијам. Де кој е љубител на зелен чај нека пише од каде и кој чај го купува, Да направиме дискусија за тоа кој каков вкус има, како изгледа, како е спакован, што е добро кај тоа паковање, а што не чини. Да дискутираме кој чај е добар, а кој не, пошто не секој зелен чај е зелен. ;)
 
Moze li nekoj da mi kaze kako moze da se popravam vo obrazite?????
 
Јас се трудам да си создадам навика да секојдневно конзумирам барем по една шолја зелен ( црн ) чај. Овој напиток според моите сознанија е одличен во превенција на кардиоваскуларни заболуцања а и од она најтешкото - канцер. Секојдневното конзумиранње на зелен чај го прочистува организмот од слободните радикали кои се потенцијално мутагени- канцерогени, поради своето потентно антиоксидативно дејство( ова го имам видено во лабораториски услови е незаменлив сатандард за антиоксиданси ). Исто така има и својство да го намалкува лошиот холестерол а преку тоа и да го штити организмот од атеросклероза и инфаркт. Едноставно е премногу полезен.
 
Ајде читам сите пиете, ќе пијам од утре, од задутре, ова, она, вака пијам, онака пијам. Де кој е љубител на зелен чај нека пише од каде и кој чај го купува, Да направиме дискусија за тоа кој каков вкус има, како изгледа, како е спакован, што е добро кај тоа паковање, а што не чини. Да дискутираме кој чај е добар, а кој не, пошто не секој зелен чај е зелен. ;)

Јас го пијам повремено, ама реално немам почувствуано некои којзнае какви благотворни ефекти, ако има некој такво искуство, баш ме интересира да го сподели со нас.

Инаку, го купувам од виталија. Имаат пакување сушен зелен чај (не во филтер кесички) го попаруваш со топла вода и после 5 миниту е спремен за пиење.
 
Пијам зелен чај веќе неколку месеци по ред.Отпрво не можев да го поднесам вкусот ми беше горчлив но малку по малку се навикнав па сега ми е сосема океј.Така да секое сабајле една шолја зелен чај за добро утро :)
 
Во споредба со другите видови на чаеви, зелениот чај не е ферментиран, наместо тоа е парен веднаш по берењето, со цел да се спречи оксидација на листовите и да се задржат активните супстанции во рамките на лисјата.

Екстрактор на зелен чај (Camellia sinensis) содржи висока количина на Полифенолите. Epigallocatechin Gallate (EGCG), кој е моќен антиоксидант е уште една најважна компонента на зелениот чај.

Зелениот чај се покажал како анти-бактериски, дека го намалува воспалението, ја намалува активноста на хормоните, способен е за убиството на потенцијално смртоносните Staphylococcus aureus и бактерии кои предизвикуваат акни.

Антиоксидансите на зелениот чај се покажале дека се многу корисни за превенција на акни. Овие антиоксиданси им помагаат на вашето тело во борбата против слободните радикали кои предизвикуваат оштетување на клетките и ткивата. Терапијата со зелениот чај е помалку токсична и е со помалку и дури без несакани ефекти споредувајќи со други производи базирани на лекови.
 
Има по аптекиве EGCG екстракт од зелен чај?
 
Пиев многу зелен чај се додека не се пожалив на мајка ми ( нутриционистка) дека неможам да спијам а го пијев наутро пошо вечерно време не е добро да се пие има кофеин во него ама на мене ми појави и хипертензија,затоа тие што имате хипертензија немојте да конзумирате зелен чај!
 
Јас си го пијам и то без шеќер, за мерак ми е (y)
--- надополнето: 28 мај 2012 во 17:15 ---
пијам зелен чај со години, неможам да си го замислам денот без барем една шолја зелен чај. Е сеа у навика ми премина место едно кесиче ставам по две кесичиња одеднаш ама мислам дека тоа не ми прави проблеми.
Особено насабајле после "весела" вечер кога имам мамурлак многу добро ме разбиструва.
Е сеа за рефус никогаш не сум купил.. и незнам што е разликата
Јас си земам од продавницата кај шо има Виталиа производи и мислам дека е подобар од овај во кесички шо е во продавниците. Рефус е 1000 ден/кг, т.е. ти ќе си земиш 100 гр. за 100 ден. и доволно е за преку 20 чаеви, а продавачот ми рече дека комотно после првото правење чај одма можеш истите ливчиња да ги ставиш во нова вода за двојно искористување. Овој рефусниот е оригинал во ливчиња, стуткани се и кога ги ставаш во топлата вода (на 80 степени) се отвараат. А овај во кесичките мислам дека е второкласен, нешто како прашината од вреќите во кои се чуваат ливчињата :D Исто приметив и дека рефусниот не горчи како тој од кесички, зато и јас се навикнав да го пијам без шеќер.
 
пијам чај барем секој трет ден ако не и почесто,ама преферирам да биде како што е од природата,а никако од ќесички........уживам претежно во “планинскиот“ чај
 
Зелениот чај добар е во комбинација со чајот Тахебо. И тоа 3 Шољи на ден.
 
Јас си го пијам и то без шеќер, за мерак ми е (y)
--- надополнето: 28 мај 2012 во 17:15 ---

Јас си земам од продавницата кај шо има Виталиа производи и мислам дека е подобар од овај во кесички шо е во продавниците. Рефус е 1000 ден/кг, т.е. ти ќе си земиш 100 гр. за 100 ден. и доволно е за преку 20 чаеви, а продавачот ми рече дека комотно после првото правење чај одма можеш истите ливчиња да ги ставиш во нова вода за двојно искористување. Овој рефусниот е оригинал во ливчиња, стуткани се и кога ги ставаш во топлата вода (на 80 степени) се отвараат. А овај во кесичките мислам дека е второкласен, нешто како прашината од вреќите во кои се чуваат ливчињата :D Исто приметив и дека рефусниот не горчи како тој од кесички, зато и јас се навикнав да го пијам без шеќер.

која е таа продавница, каде?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom