Биткоин (Bitcoin) фарма и електрична потрошувачка

  • Креатор на темата Креатор на темата Kakao
  • Време на започнување Време на започнување
Сакам да инвестирам 20.000 евра во Биткоин фарма (т.е. околу 15 машини за копање биткоин). Дали некој може да ми даде совет околу приклучувањето, затоа што 1 машина троши околу 1600W. Дали за ова е потребно индустриска струја?

ПС: Секој друг совет е добредојден или бизнис предлог. Однапред се извинувам ако темава е постирана во погрешен топик.
kupi masini u kina, plati gi, plati covek sto ke gi odrzuva, i tamu farmaj, tuka ne ti se isplati.
 
...јас мислам дека ова еуфорија со дигиталнава валута биткоин е една вештачка усилба примамлива за човекот за брзо богатење без ич труд, само и само да се одржи побарувачката и продажбата на персонален десктоп компјутер кој со појава на смартфон и таблет нагло опадна побарувачката освен некој гејмери кои си останаа верни на својата страст...
 
...јас мислам дека ова еуфорија со дигиталнава валута биткоин е една вештачка усилба примамлива за човекот за брзо богатење без ич труд, само и само да се одржи побарувачката и продажбата на персонален десктоп компјутер кој со појава на смартфон и таблет нагло опадна побарувачката освен некој гејмери кои си останаа верни на својата страст...
Не ти требаат овакви муабети на темава.
 
Не ти требаат овакви муабети на темава.
...ова не е муабет, никому не се обраќам ниту некого цитирам, едноставно си го кажувам моето мислење за ова проблематика ! ако нешто не се усогласува со твое мислење, може да искоментираш и зошто, а не овака „ајт ќути си“ ! не е воопшто колегијално ниту формуски ферски :(
 
...јас мислам дека ова еуфорија со дигиталнава валута биткоин е една вештачка усилба примамлива за човекот за брзо богатење без ич труд, само и само да се одржи побарувачката и продажбата на персонален десктоп компјутер кој со појава на смартфон и таблет нагло опадна побарувачката освен некој гејмери кои си останаа верни на својата страст...

а јас мислам дека ти поима немаш шо збореш, особено на темава.
само колку да се најде нешто да се пишува, а?
ти ги читам претходните коментари на темава и не знам дали да се смеам или да плачам.. :X
 
Заклучно со сите мои изтражувања, пресметки и критики: Исплатливо е да се инвестира во Биткоин копање. Машина од Кина, 200 евра за приклучок на струја, оптички интернет и клима уред. Според објавите тргувањето е забрането, но копањето на Биткоин е многу поразлично од тргување (со тоа се одржува Биткоин заедницата) и според толкувањата е легално. За 1 година ги враќаш вложените пари, а моментално Биткоин е 3400 долари (со критики дека сеуште ќе расне). Ако некој сака да инвестира во ова нека ми пиши во инбокс!
 
Цената е супер на биткоинот , јас ги продадех минерто 2 s7 i 4 s3+ . .Остана еден s3 може да го запаљам ;)
 
Класичната економска мисла е строго против овакви валути, но конвенционалната економија која денес владее во светот го произведе сето ова, Биткоинот станува феномен на денешната економија, цената се искачи над 4500 долари, што е енормоно, а се очекува да рипне над 5000, братче, твојава идеа е ок но е малце закаснета, но не е се изгубено, но мислам дека во овој момент кога сето ова е топ тема во светот, а и во државава во последно време, очите на целата јавност се вперени кон тоа, ризикот е преголем да се превземе во ова време, поготово во македонија, каде имаш мала земја, со мал број на корисници кои се користат со слични услуги, со што веројатноста да привлечев внимание е огромна, а државата е на ботокс и гледа многу остро и негативно на сето тоа.

Доколку си одлучен, како што некој погоре веќе напомена, најдобро е сето тоа да го направиш во држава каде сето тоа не се гледа така драматично и каде помалце би паѓал во очи, погоре напомена дека имаш опции трговијата да ја вршиш надвор, најдобро ти е целиот процес да го вршиш надвор.
 
касно е сега, тие што копаа пред неколку години и ги чуваа биткоините, тие сега прават пари
сега копаат само големите играчите, со големи фабрики
2-Z7h_VaLgk.jpg
 
Сега сето ова е тренд, во кој тренд за жал како и во се, ние касниме и сеуште гледаме со предрасуди, мада кога разговараме за позитивните или негативните страни на биткоинот, ги има и едните и другите, како што ги има и во сите останати работи, како што се оружјето, интернетот, смарт телефоните, смарт телевизорите и сите современи движења.
 
Помина возоо чууфф чууфф. На таа Difficulty шо е сега повеќе струја ќе платеш него шо ќе заработете.
Еве пресметајте
https://bitcoinwisdom.com/bitcoin/difficulty
Управо си, направив мини истражување и излегува дека копањето особено за појаките криптовалути воопшто не се исплати.
Пример, ако вложиш $4500 и копаш BTC инвестицијата не може да ја вратиш, одиш во загуба, а со истите пари ако купиш 1BTC за една недела ќе имаш ќар околу $1000 ако не и повеќе.
Многу посиплатливо е да се тргува отколку да се копа.
 
има калкулатори за исплатливост за секоја крипто валута. со графички смешни се заработките по графичка. со miner-и се заработува ама пак инвестицијата е големува.
тргувањето е најдобар начин за заработка со крипто валути само да не се изгорите, затоа што се е шпекулација.
денес е биткоин 4500$, утре може 5000, а може и 1000 да биде. може после тоа и десеткратно да порасне, да си ги повратиш парите, а може и со месеци да не се покачи.
 
Управо си, направив мини истражување и излегува дека копањето особено за појаките криптовалути воопшто не се исплати.
Пример, ако вложиш $4500 и копаш BTC инвестицијата не може да ја вратиш, одиш во загуба, а со истите пари ако купиш 1BTC за една недела ќе имаш ќар околу $1000 ако не и повеќе.
Многу посиплатливо е да се тргува отколку да се копа.

Уф колку си грешка друже алал да ти е. Какво ти е тоа истражување? 4500 долари се доста пари. Еден antminer од 1400$ вади 13 TH/s. Значи, можеш да си дозволиш 3 antmineri што ќе вадат 29 TH/s. Според моментална цена на bitcoin ќе вадиш месечно, плус-минус околу 1050$. За струја ќе трошиш околу 150$ со фактот дека еден antminer цепа PS od 900w, а цената на струја во МК е околу 0.08$ KW/h.

Сума сумару, за околу 5 месеци ти се враќа инвестицијата.

2ра опција, ако сакаш да седиш дома и да не се замараш со гуглање на какви се mineri постојат, со струја и со остали глупости, едноставно уложуваш 4500$ во cloudmining. Повторно, за околу 6 месеци си ја враќаш инвестицијата. Ова праиме муабет ако остане оваа цена. Нормално е дека може да падне у вода се, но сепак, која инвестиција ти е сигурна? А пак, нели, сите се надеваме дека ценава ќе се крева повеќе и повеќе.

Според мене, најпрофитабилно е уложување во cloudmining, каде и да падне цената на биткоинот, ќе можеш алокација на хашот да направиш. Нејкеш веќе биткоин, префрли се во Етер. Нејкеш Етер, префрли се во Zcash итн итн.

пс: Купете ја Монако коин. Вчера беше 7, денес е 11 долари. Тргнете на страна цената, прочитајте што нудат дечките. Според мене оваа паричка ке биде топ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom