Светско првенство Атлетика, Лондон 2017

  • Креатор на темата Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување Време на започнување
А попоетичен крај од тоа Калински и Болт да се пензионираат заедно ни Шекспир немаше да смисли. Златко мислам дека не издржа на крај, гласот му трепереше в крај.
А инаку очајна трка на стотка, многу слаби времиња уште од полуфинале, до пред некоја година мораше да бидеш под 10 за влез во финале, сега со 9.94 победа се оствари.
Од другите случувања денес, ново ривалство во најава во фрлање диск, скоков во далечина после неколку години почнува да личи на нешто, Ајана царица, две нивоа над другите.
И да, 4Х100 ќе биде страшно добро, јенкиве со 1-2 на стотка, Јамајка 3-4, ама доволно се глупи американциве да фејлнат некаде, да им падне палката, да прегазат линија и работи што само нив им се случуваат.
 
да ли има негде линкот на видео на Калински и Болт?
 
DGfuaYMXkAINsLQ.jpg:large
 
скоков во далечина после неколку години почнува да личи на нешто
Скокот во далечина беше ептен добар, уште кога рипна на почетокот американецот толку далеку знаев дека ќе е неизвесно.
 
Мора да му се признае победава на Гетлин, против сите, нема што. Браво.

За Болт излишни се сите зборови, најголем атлетичар на сите времиња. Апсолутна легенда на атлетиката без ниедна црна дамка во кариерата, и покрај ова трето место останува најдобар и најголем во историјата.

Прва негова бронза, 2 сребра во сингл сениорската категорија и неверојатни 23 злата. 8-кратен Олимписки (9.63) и 11-кратен Светски шампион со најбрзо време во историјата од 9.58.

Со среќа во пензијата МАЕСТРО!!!
 
"Дали беше спуштен од друга планета" :D
Оди после плукај по ваков човек. Збореше за Болт, а овој другиов коментатор требаше во ист стил да продолжи за Калински.
 
Браво за Америте, се вратија на нивното заслужено место, на Врвот. Мило ми е за Гејтлинот, после се тоа што му се дешаваше на братот им врати со стил, ги заќуте сите оние злобни усти што го напаѓаа (кои се и овде). Колман е иднината на УСА, очекувам големи работи од него.
Ама и ти ко што гледам не си чист, му било мило за наркосот:facepalm:, ќе излезе дека и оваа му со допинг земена па ќе те прашам тогаш.штета за Болт што има слаб старт, инаку кај ќе му беше крајот, ама и покрај ова никој нема да го памти наркосот, него сите ќе зборат за успесите на Болд.Исто ко што во мото гп при победа на Маркез у сред Шпанија сите овации беа за Роси.
 
зошто бе не тепа ффс, се напнав
него, што е тоа ајана, дајте јутуб
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom