Светско првенство Атлетика, Лондон 2017

  • Креатор на темата Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување Време на започнување
Не е ова пливање бе, па за 5 различни трки да се припрема. Можеби во зенитот ќе успееше, а можеби ќе се оптовареше толку многу шо ќе заебеше се will never know. Како и да е замина царот у пензија, малку неславно ама толку многу направи за атлетикава како спорт, што и да се случеше првенствово немаше да го уништи тоа. Само да не му текне да направи кам бек сега и да трча пак...
Алисон со злато и бронза:love::love: (ваљда уште еден медал утре на 4Х400), ама ја стигнаа и нејзе годините, доста и е и нејзе веќе. Јамајка го имаат најголемиот фејл првенство последниве 10 години, ни во женска ни во машка спринтерска не направија ништо, ќе бараат наследници на Вероника Кемпбел и Шели Ен, ама изгледа Томпсон е далеку од таа екипа. За во машка екипа, Блејк исто излезе дека е one time wonder, очигледно Јенкиве ќе владеат пак со спринтов.
Една од лично моите омилени дисциплини станува пак интересна, после Беитиа, Бланка, Чичерова Сколина и остала багра од тој период на ривалство, новиве во скок во височина делуваат дека ќе ја направат оваа дисциплина ептен забавна повторно.
 
Ако нешто добро беше вчера тоа е дека повторно Американците не освоија злато.
 
Зошто не се пробал во 400 има две опции:
1. Или сметал дека ќе му е пренапорно пошто така во 4 дисциплини со се квалификации курци палци ќе му се собереа 500 трки
2. Или не можел да истрча толку брзо. Поверојатна е првата опција
Инаку еднаш имаше изјава мислам дека сакал да се проба во скок во далечина. Е сега зошто не проба.......двете опции од погоре ваљда[DOUBLEPOST=1502577795][/DOUBLEPOST]А за рекордот на 100ка сигурен сум дека ќе го срушеше да не му се случи тоа што му се случи. Макар и за стотинка ама ќе го срушеше

До напорот е. Ќе требаше да се откаже од штафетите ако трчал тоа. Не е возможно 4 дисциплини да истрчаш у еден настан. :D
 
На одредени новинари треба да им се одземе правото да се луѓе. Истово се деси и со Болт пред некој ден. Ќе тренираш 7 дена во неделата, ќе се пазиш цел живот, ќе се откажеш од еден куп животни задоволства и некои ретарди таму ќе се осмелат дамка да ти фрлат. Во ред е да пишеш критика ама беспредметни обвинувања...
 
Последен ден е, нема потреба од коментар на Мрт. Дно од телевизија кога се работи за спорт, вчера некои пречки имаше, тој си коментира кој што прави таму, а ние ништо не гледаме. Златен Еуроспорт.
 
Рекордиве во фрлачкиве дисциплини, особено кај мажите се убедливо најстари. Можеби дополнителен показател дека се допингувале јако Русите и Германците тоа време. Кај жените баш уште во диск е останат стар, од 1988. Кога се појави Перковиќ на ОИ во Лондон мислев дека ќе иде и до рекорд ама тешко. Најдобриот резултат и е 72 метра а рекордот е речиси 79, многу голема разлика...
 
И плус кога ќе ја земеме во предвид и еволуцијата, дека телата сега се физички посилни и поспремни да одат до поголеми напори. Некои видови на допинг остануваат трајно во телото, да сум во ИОК, би наредила ексхумација на телата на починатите рекордери и испитување на овие што се се` уште живи.
 
Рекордиве во фрлачкиве дисциплини, особено кај мажите се убедливо најстари. Можеби дополнителен показател дека се допингувале јако Русите и Германците тоа време. Кај жените баш уште во диск е останат стар, од 1988. Кога се појави Перковиќ на ОИ во Лондон мислев дека ќе иде и до рекорд ама тешко. Најдобриот резултат и е 72 метра а рекордот е речиси 79, многу голема разлика...
Некој Уве Хон од Источна Германија, во фрлање копје 1984 фрлил 104.80. Денес не можат на Железни рекордот да го бутнат, не па над 100 да фрли некој. :D
 
Еј педери никој не пишал за вчера. :D
Навивав за Кипроп на 1500 метри да земе медал и таман Кенијците да имаа 1-2-3 ама ништо, знаев дека тешко ќе му е да издржи ама... Уште еден феноменален спортист. Отсекогаш сум се восхитувал на атлетичариве, тренираат напорно цела година за да постигнат резултат, посебно овие на средниве и долгиве патеки.
Можеби тимскиот спорт е поубав за око, ама атлетикава е баш она каде се оди до крајни граници.

4х400 беше јака трка, баш ми е мило што на крај го лапнаа Американците. Сепак на крај пак се најтрофејни на светсково со 30 медали далеку пред Кенијците со 11.

Тоа е, останува две години да почекаме за уште едно светско, ама овојпат без Болт, Фарах, Калински.:place:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom