Led Zeppelin

  • Креатор на темата Креатор на темата Razorblade Kiss
  • Време на започнување Време на започнување
Devil-King напиша:
Ne tresam tuku..me nervira nekoj koa vaka sere...pa nesto sosem treto pisa da se "olesnam":DD
аха паметно е ова ? :)
пиши си ти шо сакаш ама имај малце осет ако имаш за нив коментар убај се неубај се ова она кажи си ама вака не ја бива

Devil-King напиша:
LED ZEPPELIN!! LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!LED ZEPPELIN!!
 
Немојте бе жустро луѓе...и дајте не забегувајте од темава:nesum: .А кој сака да се олесни,знае каде треба а оди:)
 
Devil-King напиша:

Верви Лед Цепелин ми се мене една од НАЈомилените групи! За нив и си кажав дека сум ЗА концерти, ама не да снимет хитој на кои ќе се палет 13 годишни момичиња.. ќе си ја упропастет репутацијата уште не почнати. И не флудирај.
 
Ова е првото обединување за кое слушам, а да не сум скептички расположен. Мислам дека ако се деси ќе биде океј.
 
Зошто кога ке се спомне обединување одма мислите на нов материјал, сигурно они не ни помислиле да прават нови песни, туку за задоволство на фановите да ги видат повторно

ја сум за да се обединат, ама за да ги видиме само
 
Нека дојдат навака Белград, Загреб па дури и Скопје за да можеме да одиме. Мада не ми се верува многу ова ама нека им биде. И за бубњар го бараме синот на Џон никој друг :) Да е поблиску до оригиналот не за друго.
 
Што ќе кажете за Led Zepplin?

ја лично ги обожавам. :)
 
MaRiNa`Oh напиша:
Сите ги обожаваме.

има некои што не. баш сакам да видам такви коментари :)

Едит од модератор: Ако веке отвараш тема за бенд,напиши нешто повеке за нив,а не само насловот
 
Само грешно ги пишуваш... Led Zeppelin :)

Инаку мојата омилена група !
 
LED ZEPPELIN...

Led Zeppelin...англиски бенд формирани во 1968 мислам...по иницијатива на Џими Пејџ(гитарист)Роберт Плант(вокал)Џон Бонам(тапани)Џон Пол Џонс(клавијатури и бас)Иако се познати по тоа што се пионери на хард-рок и хеви-метал музиката,инспирација се и за други музички жанрови,како блуз,џез,класична итн.
Јас лично ги обожавам.Психоделична музика,а сепак толку едноставна,полна со емоции а во исто време толку пораки пренесуваат нивните текстови...Смирувачко-вознемирувачки ноти,токму она што мене ми треба.
 
Razorblade Kiss напиша:
Led Zeppelin...англиски бенд формирани во 1968 мислам...по иницијатива на Џими Пејџ(гитарист)Роберт Плант(вокал)Џон Бонам(тапани)Џон Пол Џонс(клавијатури)
Бас свири тој. Инаку една од најголемите рок групи во историјата со над 300 милиони плочи продадени низ светот. Втора во Амрика по продадени плочи, пред нив се Битлсите. Инаку Led Zeppelin потекнува од бендот The Yardbirds каде што Џими Пејџ и Џон Бонам биле членови, а потоа формират нова група каше што им се придружуваат Роберт Плант и Џон Пол Џонс. Инаку името го добиле по идеа на Кит Мун (тапанарот на The Who) кој рекол дека ќе поминат низ рокот како Leading Zeppelni, така што од тоа потекнало името Led Zeppelin.

Малку за членовите сега.

Роберт Плант. Еден од најдобрите вокали во последните 30 години. Тој во групата го донел влијанието на блуз, одлични лирики, а 90% од песните се напишани од него.

Џими Пејџ. Еден од најдобрите и најреволуционерните гитаристи икад. Неговите солажи во многу песни се инспирација на гитаристи како Еди Ван Хален или пак Кирк Хамет. Можам да пишувам со години за него и другите членови, но така само ќе ја направам досадна автобиографијава и членовите кои сакаат да се запознаат со легендиве нема да имаат стрпление да го прочитаат ова. Инаку Пејџ почнал да свири со гудало од виолина по гитарата, (не е прв, но ипак го направил популарно тоа на времето. А пак почнал да воведува и популаризира техники како tapping, или пак користење на дупли гитари во некои од песните каде што е потребно брз премин од гитара со 6 на гитара со 12 жици.

Џон Бонам. Еден од најдобрите тапанари на сите времиња. Неговата техника е неприкословена и призната од многу музичари низ светот. Учел и вежбал заедно со Кит Мун така тие двајца според мене го делат првото место на најдобрите тапанари во историјата на музиката.

Џон Пол Џонс. Одличен басист, а како што напишала рејзорблејд понекогаш ги заменувам на клавијатури. Ама ретко тоа. По распаѓањето на Зеплин, работи со бендови како R.E.M., Ben E. King и Foo Fighters.

Првиот албум Led Zeppelin е издаден на јануари 12, 1969 година. Песни како "You Shook Me"(една од омилените), или "I Can't quit you baby" до ден денес се слушаат низ светот.

Следуваат многу албуми како Led Zeppelin II, III четвртиот албум кој немал име туку келтски симболи кои ги претставуваат членовите, па следуваат Houses of The Holy и Physical Graffiti кој продале милиони примероци низ светот. Песни како Whole Lotta Love, Stairway to heaven (најдобро соло во историјата на музиката прогласено од The Rolling Stone), Communication Breakdown, Bring it on home, You shook me, Black dog, Heartbreaker и многу други оставиле впечаток на рокот, металот и музиката воопшто низ светот.

Џон Бонам умира на 24 септември, 1980 година задушувајки се од премногу пиење алкохол. Најден е мртов во студиото каде што вежбале за турнејата во Америка од страна на Џими Пејџ. Членовите го растуриле бендот нагласувајќи дека тој е незаменлив член на Led Zeppelin.

Следниот пат кога отварате тема за гиганти како Зеплин, напишете нешто повеќе од добри се, ги сакам и тоа. Ако ги цените ќе се потрудите да напишете нешто за нив.

Еве ги келтските симболи од четвртиот албум:
744px-Zoso.svg.png


Други слики:
Zep79.JPG


1977-04-30_Pontiac_ALS.jpg


jimmy_page_biography.jpg


Легенди.....
 
pcjodamaster напиша:
Бас свири тој. Инаку една од најголемите рок групи во историјата со над 300 милиони плочи продадени низ светот. Втора во Амрика по продадени плочи, пред нив се Битлсите. Инаку Led Zeppelin потекнува од бендот The Yardbirds каде што Џими Пејџ и Џон Бонам биле членови, а потоа формират нова група каше што им се придружуваат Роберт Плант и Џон Пол Џонс. Инаку името го добиле по идеа на Кит Мун (тапанарот на The Who) кој рекол дека ќе поминат низ рокот како Leading Zeppelni, така што од тоа потекнало името Led Zeppelin.



Џими Пејџ. Еден од најдобрите и најреволуционерните гитаристи икад. Неговите солажи во многу песни се инспирација на гитаристи како Еди Ван Хален или пак Кирк Хамет. Можам да пишувам со години за него и другите членови, но така само ќе ја направам досадна автобиографијава и членовите кои сакаат да се запознаат со легендиве нема да имаат стрпление да го прочитаат ова. Инаку Пејџ почнал да свири со гудало од виолина по гитарата, (не е прв, но ипак го направил популарно тоа на времето. А пак почнал да воведува и популаризира техники како tapping, или пак користење на дупли гитари во некои од песните каде што е потребно брз премин од гитара со 6 на гитара со 12 жици.

За првото, дечкото рекол дека ќе потонат како оловен (Led) цепелин.
За второто, Ван Хален е првиот што користи тапинг.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom