Macedonian
...
- Член од
- 2 април 2006
- Мислења
- 2.842
- Поени од реакции
- 31
Комисијата за хартии од вредност (КХВ) денеска и издаде дозвола на француската банка Societe Generale за давање понуда за откуп на обичните акции издадени од Охридска банка.
Понудата за откуп на акции е упатена до сите иматели на обични акции на Охридска банка. Понудата се однесува на 322.549 обични акции издадени од Охридска банка, а ќе се смета за успешна доколку Societe Generale откупи најмалку 51% од вкупниот акционерски капитал на Охридска банка, односно 164.500 обични акции. Понудувачот се обврзува да ги откупи хартиите од вредност по цена од 8.157,96 денари по акција.
КХВ беше последната од институциите која требаше да даде „виза„ за влегување на Societe Generale во Охридска банка. Со ова, велат во КХВ, се исполнети условите за почнување со реализација на понудата за откуп. Останува акционерите во Охридска банка поединечно со писмена изјава да се изјаснат дали ќе ја прифатат понудата на Societe Generale. Претходно за влез на Societe Generale согласност дадоа Народната банка на Македонија и Антимонополската управа, а франциската банка депонираше и гаранција за откуп на 51% од акциите на Охридска во Централниот депозитар за хартии од вредност.
Societe Generale е присутна во 80 земји во светот и е една од водечките банки во Европа. Во земјите од регионот има свои подружници во Словенија, Србија, Бугарија, Црна Гора, Романија и во Грција. Банката има 120 илјади вработени.
(Тотал)
Дали е ова последниот чекор пред конкретното преземање на Охридска останува да видиме. toae: