Societe Generale ја доби и последната дозвола за влегување во Охридска банка

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 април 2006
Мислења
2.842
Поени од реакции
31
Комисијата за хартии од вредност (КХВ) денеска и издаде дозвола на француската банка Societe Generale за давање понуда за откуп на обичните акции издадени од Охридска банка.
Понудата за откуп на акции е упатена до сите иматели на обични акции на Охридска банка. Понудата се однесува на 322.549 обични акции издадени од Охридска банка, а ќе се смета за успешна доколку Societe Generale откупи најмалку 51% од вкупниот акционерски капитал на Охридска банка, односно 164.500 обични акции. Понудувачот се обврзува да ги откупи хартиите од вредност по цена од 8.157,96 денари по акција.
КХВ беше последната од институциите која требаше да даде „виза„ за влегување на Societe Generale во Охридска банка. Со ова, велат во КХВ, се исполнети условите за почнување со реализација на понудата за откуп. Останува акционерите во Охридска банка поединечно со писмена изјава да се изјаснат дали ќе ја прифатат понудата на Societe Generale. Претходно за влез на Societe Generale согласност дадоа Народната банка на Македонија и Антимонополската управа, а франциската банка депонираше и гаранција за откуп на 51% од акциите на Охридска во Централниот депозитар за хартии од вредност.
Societe Generale е присутна во 80 земји во светот и е една од водечките банки во Европа. Во земјите од регионот има свои подружници во Словенија, Србија, Бугарија, Црна Гора, Романија и во Грција. Банката има 120 илјади вработени.
(Тотал)

Дали е ова последниот чекор пред конкретното преземање на Охридска останува да видиме. toae:
 
Мислам дека ова е одлична вест. За споредба во Бугариjа 90% од банките беа продадени на големи странски банки и резултатите се многу добри.
 
Societe Generale, значи, влезе во Македонија...Убаво, убаво, нека има конкуренција, ме радува тоа...Белки ќе се намалат малце каматите на кредитите...
 
Хари успеа да ја избрка ИНГ, ама за Сосиете не верувам дека ќе направи нешто
 
Sebastian напиша:
Хари успеа да ја избрка ИНГ, ама за Сосиете не верувам дека ќе направи нешто

А зашто би ја избркал кога и самата Комерцијална кога тогаш ќе биде превземена од некоја странска банка. :helou:
 
Епа они сакаа да ја купат ПОштенска, а не Комерцијална. Комерцијална ќе се продаде само кога Хари ќе отиде на оној свет
 
Sebastian напиша:
Епа они сакаа да ја купат ПОштенска, а не Комерцијална. Комерцијална ќе се продаде само кога Хари ќе отиде на оној свет

Тоа го знаат само во банката, тука ние може само да нагаѓаме за жал. toae:
 
Хари се филмаше дека ќе собере куп пари, дека ќе дојде огромна банка да ги откупи. Алфа беше спремна но наводно не била доволно голема за да ги превземе нив, вистината беше дека алфа веќе има свои банки тука, своја мрежа и организациона шема и структура во која само ќе ја претопеа Комерцијална, под нивниот менаџмент. Хари си бараше голема банка што ја нема тука за они да тумачат за него а он само да извршува, без страв дека ке го сменат, како што стори NBG со менаџментот на Стопанска Скопје кога ја превзема, со мали промени главниот менаџмент остана.

ЈБГ ова со Охридска немојте многу да се радуват, Французите не идат тука за да ви го подобрат животот и да ви ги наполнат паричниците. Со исклучок на Комерцијална, сите водечки банки се тука странски, кои во другите држави имаат драстично пониски каматни стапки, тука не ги менуваат бидејќи за тоа се дојдени, ПРОФИТ. Пример, на Стопанска кредитните, за една година паднаа од 23% годишна на 15%, има простор за подоле да идат стапките. Сепак треба да се свати дека сме во Македонија каде што, колку и да се тешиме дека не е така, живеат говеда, не мислам само на клиенти него и на вработени, и нормално банките не работа најпродуктивно, многу од тие што беа купени од странски банки се или ќе влезат во процес на реорганизација и освежување на кадарот. Тоа нема да ја избегне и охридска, така да колку пари и да фркнат французите и да ја прошират, убави простории пари не ти носат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom